• logo-cc-header

  • |

  • Разбирајќи како се трошат нашите пари добиваме моќ да влијаеме тие пари да го подобруваат квалитетот на нашите животи.

Бази и истражувања

blog post image

Тендери за невидливи пешачки премини

  • 02/07/2026

Избледените и речиси невидливи пешачки премини низ земјава не се случајност. Тие се последица на начинот на кој општините ги спроведуваат набавките за нивно обележување. Анализата на тендерите покажува дека поголем дел од општините воопшто немале набавки за т.н. хоризонтална сигнализација на улиците во последните три години, а во многу случаи каде ваквите набавки се реализираат не се поставуваат јасни критериуми за квалитетот и за трајноста на бојата со која се бележат пешачките премини. Поради тоа, дури и таму каде што се трошат јавни средства за обележување на улиците, резултатот не секогаш се видливи и безбедни пешачки премини.

целосна вест
blog post image

Рекордни 190 милиони евра за јавни набавки потрошиле општините во 2024 година, а Градот Скопје за прв пат не е прв според вредноста на тендерите

  • 08/08/2025

Најголемо зголемување на вредноста на јавните набавки во 2024 година има кај Општина Гази Баба и тоа околу 5,7 милиони евра. Веднаш по неа е Општина Аеродром со годишно зголемување од 5,4 милиони евра, па Општина Кисела Вода со 4,9 милиони евра.

целосна вест
blog post image

За две години, државните институции набавиле нови возила за 8,5 милиони евра

  • 13/03/2025

Само во последните две години, 2023 и 2024, државните институции набавиле 269 нови патнички возила и за нив потрошиле 8.543.658 евра. Дел од институциите ги купиле возилата, а друг дел ги набавиле на лизинг, најчесто оперативен, што значи дека по истекот на периодот на лизингот треба да ги вратат, иако за возилата плаќаат како да ги купиле.

целосна вест