Повеќе за Open Data
Што е opendata.mk?
Оваа веб платформа за отворени податоци е развиена од страна на невладината организација, Центар за граѓански комуникации со цел да се зголеми информираноста за начинот на кој што се трошат нашите пари и за други прашања кои влијаат врз нашето секојдневно живеење и работење.
Што се отворени податоци?
Оваа платформа е за отворени податоци. Но, што точно се отворени податоци? Според OpenDefinition отворени податоци се податоци кои можат слободно да се употребуваат, реупотребуваат и дистрибуираат од секого со единствено барање да се наведе изворот и да се споделува под истите овие услови.
Целосната дефиниција дава прецизни детали што значи тоа. Да ги резимираме најважните, а се однесуваат на обврските на институциите кои низ своето работење создаваат, прибираат и обработуваат различни видови на податоци:
- Достапност и пристап: податоците мора да бидат достапни како целина и по цена која не е повисока од разумната цена за репродуцирање, по можност со симнување преку интернет. Податоците, исто така, мора да бидат достапни во форма која е практична и која може да се обработува.
- Повторна употреба и редистрибуција: податоците треба да бидат обезбедени под услови кои дозволуваат повторна употреба и редистрибуција вклучувајќи вкрстување со други бази на податоци.
- Универзално учество: секој мора да биде во можност да ги употребува, повторно да ги употребува и да ги редистрибуира - не смее да има дискриминација врз основа на полиња на дејствување или против лица или групи. На пример, „некомерцијалните“ ограничувања со кои ќе се спречи „комерцијалната“ употреба, или ограничување на користењето за определени цели (на пример, само во образованието), не се дозволени.
Ако се прашувате зошто е толку важно да биде јасно што претставува отворено и зошто се користи оваа дефиниција, постои едноставен одговор: интероперабилноста.
Интероперабилност означува способност на различни системи и организации да работат заедно. Во овој случај, тоа е способност да постигнат интероперабилност - или вкрстување на различни бази на податоци.
Интероперабилноста е важна бидејќи овозможува различни компоненти да работат заедно. Оваа способност да се вкомпонираат и заедно да се приклучат компоненти е од суштинско значење за изградба на големи и комплексни системи.
Без интероперабилноста ова станува речиси невозможно - како што беше докажано во еден од најпознатите митови за Вавилонската кула, каде што (не)способноста за комуникација (интероперабилност) резултираше со целосен прекин на напорите за градење на кулата.
Се соочуваме со слична ситуација во однос на податоците. Јадрото на „заедништвото“ на податоците (или кодовите) е дека еден „отворен“ податок во себе содржи материјал кој може да биде слободно поврзан со друг податок.
Оваа интероперабилност е клучна за остварување на главната практична корист на „отвореноста“: драматично подобрената способност да се комбинираат различни бази на податоци, заедно и со тоа да развијат повеќе и подобри производи и услуги (овие бенефиции подетално се појаснети во делот „зошто“ отворени податоци).
Обезбедувањето на јасна дефиниција на отвореноста овозможува, кога ќе добиете две отворени бази на податоци од два различни извори, да бидете во можност да ги комбинирате заедно и гарантира дека ние самите ќе избегнеме наша сопствена „Вавилонска кула“: голем број на бази на податоци, но мала или никаква можност да се комбинираат меѓусебно во поголеми системи каде што лежи вистинската вредност.
За кои податоци станува збор?
Читателите веќе виделе примери за видови на податоци кои се или можат да станат отворени. Сепак, тоа ќе биде корисно за брзо да се препознае каков е видот на податоците, каков би можел да биде, отворени – и, еднакво важно, кои податоци нема да бидат отворени.
Клучот е во тоа што при отворање на податоците фокусот е ставен на податоци кои не се лични, односно, податоци што не содржат информации за одредени поединци.
Слично на тоа, за некои видови податоци можат да се применуваат и државни безбедносни ограничувања.