Само 10 фирми, за 5 години добиле државни тендери за 1 милијарда евра
Во периодот 2019-2023 година во земјава се склучени договори за јавни набавки во вкупна вредност од 359 милијарди денари, односно 5,8 милијарди евра. Во овој период вкупно се склучени 168.400 договори за јавни набавки со 6.378 фирми. Произлегува дека тендер добиле 9 % од вкупно регистрираните околу 71.300 фирми во земјава.
На годишно ниво, тендери добивале помеѓу 3.300 и 3.800 фирми. Анализата на фирмите добитници на тендерите и вредноста на тендерите открива висока концентрација на тендерите кај мал број фирми. Произлегува дека во периодот 2019-2023 година, вредноста на тендерите на 50-те фирми со најголема вредност на склучените договори за јавни набавки изнесува околу 2,1 милијарди евра, односно нивни биле 36 % од вредноста на тендерите. Притоа, првите 10 фирми на врвот од оваа листа добиле тендери во вредност од 1 милијарда и 28 милиони евра.
50 фирми со најголема вредност на јавните набавки добиени во периодот 2019-2023 година
Р. бр. |
Компанија |
Вкупна вредност на добиените тендери во денари |
Вкупна вредност на добиените тендери во евра |
1 |
Марковски Компани Борче ДООЕЛ, Битола |
9.298.304.712 |
151.191.947 |
2 |
АД Д-р Пановски, Скопје |
8.845.211.202 |
143.824.572 |
3 |
Пуцко Петрол ДООЕЛ с. Пласница |
8.448.220.642 |
137.369.441 |
4 |
Алкалоид Конс ДООЕЛ Скопје |
8.013.776.990 |
130.305.317 |
5 |
Енерџи Деливери Солушнс АД Скопје |
6.366.467.510 |
103.519.797 |
6 |
Макпетрол Скопје˟ |
4.854.623.304 |
78.936.964 |
7 |
Илинден АД Струга |
4.579.679.681 |
74.466.336 |
8 |
4.527.737.100 |
||
9 |
Македонски телеком АД Скопје |
4.209.534.778 |
68.447.720 |
10 |
Стентон Градба Битола |
4.090.325.653 |
66.509.360 |
11 |
Жикол Струмица˟ |
3.884.178.379 |
63.157.372 |
12 |
Промедика ДОО Скопје |
3.292.418.915 |
53.535.267 |
13 |
Биотек ДОО Скопје |
3.288.563.612 |
53.472.579 |
14 |
Авицена Скопје |
2.998.703.633 |
48.759.409 |
15 |
Феникс фарм Скопје |
2.996.056.070 |
48.716.359 |
16 |
РУД-КОП Битола |
2.938.375.820 |
47.778.469 |
17 |
Аитоникс АД Скопје |
2.626.232.654 |
42.702.970 |
18 |
Супертрејд Скопје˟ |
2.535.554.780 |
41.228.533 |
19 |
Окта АД Скопје |
2.452.647.706 |
39.880.451 |
20 |
Фарма трејд Скопје |
2.391.474.209 |
38.885.759 |
21 |
Бауер БГ Скопје |
2.202.793.874 |
35.817.787 |
22 |
А1 Македонија |
2.103.020.086 |
34.195.449 |
23 |
Пелистер Битола |
2.023.877.000 |
32.908.569 |
24 |
Македонија лек Скопје |
2.003.116.488 |
32.571.000 |
25 |
НБ-Цомпану Тетово |
1.787.611.646 |
29.066.856 |
26 |
Енерџи активе Скопје |
1.774.602.369 |
28.855.323 |
27 |
Спектартермо Скопје˟ |
1.677.065.613 |
27.269.360 |
28 |
IRD Engineering Srl |
1.621.678.807 |
26.368.761 |
29 |
Футуре енерџи трајдинг енг ексчајнџ динамикс Косово |
1.493.330.270 |
24.281.793 |
30 |
Синпекс Битола |
1.467.343.729 |
23.859.248 |
31 |
Вардарградба Трубарево |
1.349.481.370 |
21.942.787 |
32 |
Градежен институт Македонија |
1.138.102.323 |
18.505.729 |
33 |
Зобек мининг груп Скопје |
1.129.263.138 |
18.362.002 |
34 |
Димакс рудници Демир Хисар |
1.114.774.880 |
18.126.421 |
35 |
Европа 92 Кочани |
1.019.238.892 |
16.572.990 |
36 |
АК Инвест ДООЕЛ Тетово |
979.746.700 |
15.930.841 |
37 |
ЕЛ ТЕ Инженеринг Горан и др.Скопје |
970.797.481 |
15.785.325 |
38 |
Битем Скопје |
876.309.695 |
14.248.938 |
39 |
Машинокоп Кавадарци |
868.244.000 |
14.117.789 |
40 |
Индустри сервис Скопје |
858.279.356 |
13.955.762 |
41 |
Бетон Скопје |
858.223.128 |
13.954.848 |
42 |
Елбијор Скопје |
808.448.722 |
13.145.508 |
43 |
ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје |
799.778.248 |
13.004.524 |
44 |
Соларпро Холдинг Софија, Бугарија – подружница РСМ |
763.790.605 |
12.419.359 |
45 |
Топ билд Скопје |
759.340.529 |
12.347.000 |
46 |
Вато Студеничани |
745.623.095 |
12.123.953 |
47 |
Конструктор ДОО Скопје |
727.845.992 |
11.834.894 |
48 |
Actael N LTD Bulgaria |
698.227.962 |
11.353.300 |
49 |
Dermalog Identification Systems Gmbh |
678.979.979 |
11.040.325 |
50 |
Euro Games Tehnology Ltd. |
671.996.620 |
10.926.774 |
˟Во пресметките не се вклучени тендерите склучени со ЕВН, а се евидентирани во ЕСЈН
Прворангираната фирма, Марковски Компани Борче од Битола во периодот 2019-2023 година има склучени вкупно 77 договори за јавни набавки. Дури 66 тендери им се склучени со државното претпријатие АД Електрани во вредност од 141 милион евра, односно 93 % од вкупната вредност на тендерите. Договорите се за ископ на јаловина со градежна оператива во ПЕ Рудници (РЕК Битола), за ангажирање на помошна механизација за потребите на рударската оператива во ПЕ Рудници (РЕК Битола), ремонтни активности, високостручни машински интервенции со работна рака, услуга од работна рака за тековни машински интервенции итн. Дури една петтина од вредноста на договорите, односно 30 милиони евра, фирмата Марковски Компани Борче ги добила во нетранспарентната постапка со преговарање без претходно објавување оглас за јавна набавка.
На второ место е акционерското друштво за производство на лекови, медицинска опрема и материјали, промет и услуги Д-р Пановски Скопје кој во анализираниот петгодишен период има склучено 1.491 договор во вредност од 8,8 милијарди денари, односно околу 144 милиони евра. Листата на институции со кои оваа веледрогерија има склучено договори е долга, но сепак во неа доминираат две институции и тоа Министерството за здравство и ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. Вредноста на договорите склучени помеѓу Д-р Пановски и Министерството за здравство вкупно изнесуваат околу 3,7 милијарди денари, односно 60 милиони евра, а со Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија вредноста на тендерите изнесува 1,3 милијарди денари, односно 21 милион евра. Дури 542 договори за јавни набавки се склучени во постапки во кои учествувал само Д-р Пановски. Вкупната вредност на овие договори изнесува 44 милиони евра што е 31 % од вкупната вредност на склучените договори.
На трето место е Пуцко Петрол ДООЕЛ с. Пласница со склучени 1.776 договори во вредност од 8,4 милијарди денари, односно 137 милиони евра. Најголемиот поединечен клиент му е Јавното сообраќајно претпријатие Скопје со кое во периодот 2019-2023 година има склучено 2 договори во вкупна вредност од 40 милиони евра. Дури 658 од вкупно добиените 1.776 договори се склучени во постапка за јавна набавка во која само Пуцко Петрол учествувал и немал конкуренција. Вредноста на овие договори изнесува 68 милиони евра, односно половина од вкупно добиените.
Следува Алкалоид Конс ДООЕЛ Скопје со 1.426 договори за јавни набавки склучени во петгодишниот период во вредност од 8 милијарди денари, односно 130 милиони евра. Најголемите договори веледрогеријата ги има склучено со Министерството за здравство и тоа во вредност од околу 3,3 милијарди денари, односно 53 милиони евра.
Енерџи Деливери Солушнс АД Скопје има склучено 580 договори во вредност од околу 6,4 милијарди денари, односно 103 милиони евра. Во листата се низа институции од министерства, преку државни претпријатија до образовни установи. Гледано поединечно некои од најголемите договори на оваа фирма и се склучени со ЈП за државни патишта. Во 77 склучени договори Енерџи Деливери Солушнс немал конкуренција и бил единствен понудувач.
На шестото место според вредноста на склучените договори е нафтениот дистрибутер Макпетрол со 1.570 договори во вредност од 79 милиони евра. Дури 1.242 договори се склучени во постапки во кои Макпетрол бил единствен понудувач. Вредноста на овие договори во периодот 2019-2023 година изнесува вкупно околу 68 милиони евра односно 86 % од вредноста на сите договори. Гледано на ниво на институции еден од најголемите купувачи на нафтени деривати од Макпетрол е Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со која во анализираниот петгодишен период се склучени 9 договори во вредност од 21 милион евра.
На седмата позиција е градежната компанија Илинден АД Струга со склучени 64 договори во вредност од околу 74 милиони евра. Нешто помалку од третина од вредноста на овие договори е склучена во постапки во кои оваа градежна компанија немала конкуренција. Најголемиот договор што оваа градежна компанија го има склучено е со ЈП Државни патишта за изградба на регионален пат P2246 делница, Избор (спој со А2) - Гарски мост во вредност од 28 милиони евра.
Следува уште една градежна компанија, овој пат од Скопје и тоа Гранит АД. Ова градежно друштво има склучено 18 договори во вредност од нешто помалку од 74 милиони евра. Најголем дел од договорите им се склучени со Јавното претпријатие за државни патишта и тоа 8 во вкупна вредност од 51 милион евра.
На деветтата позиција е Македонски Телеком со склучени 1.168 договори во вредност од 68 милиони евра. Секој петти договор на компанијата е склучен во постапка во која немале конкуренција.
Групата на првите 10 компании со најголема вредност на јавните набавки во периодот 2019-2023 година ја заокружува градежната компанија - Стентон Градба Битола. Компанијата има склучено 168 договори во вредност од 66,5 милиони евра. Најголемите по вредност договори ова претпријатие ги има склучено со Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони. Во период 2019-2023 година Стентон Градба има склучено 3 договори во вкупна вредност од 32 милиони евра.
Скопски и битолски фирми доминираат меѓу 50-те најголеми добитници на тендери
Фирмите кои добиле најголема вредност на тендерите во изминатите 5 години, во најголем дел, односно 95 % од вредноста се фирми од Македонија, а само 5 % се од странство. Притоа, убедливо најголем удел имаат скопските фирми, а по нив битолските.
Во листата на 50 најголеми добитници, дури 29 фирми се од Скопје. Притоа вредносниот удел што скопските фирми го имаат во вкупно добиените тендери изнесува 60 % односно околу 1,3 милијарди евра. Следни се фирмите од Битола, од каде во листата на 50 најголеми се наоѓаат 5 фирми со вкупна вредност на добиени тендери од 322 милиони евра. Сите останати фирми од земјата имаат удел од 20 %, односно околу 410 милиони евра. Во првата 50-ка има само 6 компании од странство и вредноста на нивните набавки е 96 милиони евра.Доминација на градежните и фармацевтските компании
Гледано на ниво на дејност, дури 39 % од вредноста на договорите отпаѓа на градежништвото во кое во припаѓаат и договорите на АД Електрани за користење на механизација и работници за ископ на јаглен. На второ место се тендерите за набавка на лекови и медицинска опрема во вредност од 559 милиони евра и удел од 27 %. На трето се нафтените деривати со вредност од 297 милиони евра и удел од 14 %. Сите други фирми, согласно дејноста, имаат удел под 10 %.
Дејноста на 50 најголеми добитници на тендери
Дејност |
Вредност на добиени тендери во евра |
Удел |
Градежништво |
806.614.148 |
39% |
Фармацевтски производи и медицинска опрема |
559.465.624 |
27% |
Нафтени деривати |
297.415.389 |
14% |
Електрична енергија |
182.080.797 |
9% |
Телекомуникациски услуги |
102.643.169 |
5% |
ИТ опрема |
64.670.069 |
3% |
Земјоделска и електронска опрема |
35.212.548 |
2% |
Печатење |
16.572.990 |
1% |
Машински работи |
15.785.325 |
1% |
Прехрана |
13.955.762 |
1% |
На дел од компаниите речиси целиот бизнис им почива на јавни набавки
Одредени компании во изминатите пет години имале поголема вредност на склучени договори за јавни набавки отколку вредноста на вкупните приходи што ги оствариле. Ова значи дека договорите се склучени, но побарувањата за нив или сè уште не доспеале или пак не се наплатени. Но, ова секако зборува дека бизнисот на овие компании целосно почива на јавните набавки и склучување на договори со државни институции. Таков е случајот со Марковски Компани, Д-р Пановски, НБ-Цомпану и Димакс рудници.
Како што може да се види од следниот табеларен приказ во групата на компании кои се речиси целосно посветени на јавните набавки се и Алкалоид Конс ДООЕЛ Скопје, Стентон Градба Битола, Биотек ДОО Скопје, Авицена ДОО Експорт Импорт Скопје, Елбијор, Топ билд Скопје итн.
Споредбен приказ на вредноста на склучените договори за јавни набавки и
вкупните приходи на компаниите за 2019-2023 година (во евра)
Р. бр. |
Компанија |
Вкупна вредност на договорите |
Вкупни приходи |
Просечен број вработени |
1 |
Марковски Компани Борче ДООЕЛ, Битола |
151.191.947 |
109.712.049 |
270 |
АД Д-р Пановски, Скопје |
143.824.572 |
129.092.789 |
62 |
|
3 |
Пуцко Петрол ДООЕЛ с. Пласница |
137.369.441 |
275.445.815 |
179 |
4 |
Алкалоид Конс ДООЕЛ Скопје |
130.305.317 |
130.738.716 |
41 |
5 |
Енерџи Деливери Солушнс АД Скопје |
103.519.797 |
410.143.541 |
32 |
6 |
Макпетрол Скопје˟ |
78.936.964 |
2.116.099.496 |
1.888 |
7 |
Илинден АД Струга |
74.466.336 |
101.438.611 |
147 |
8 |
Гранит АД Скопје |
73.621.741 |
407.784.461 |
1.203 |
9 |
Македонски телеком АД Скопје |
68.447.720 |
933.756.135 |
936 |
10 |
Стентон Градба Битола |
66.509.360 |
71.410.761 |
133 |
11 |
Жикол Струмица˟ |
63.157.372 |
128.850.979 |
421 |
12 |
Промедика ДОО Скопје |
53.535.267 |
112.222.564 |
87 |
13 |
Биотек ДОО Скопје |
53.472.579 |
58.397.621 |
59 |
14 |
Авицена Скопје |
48.759.409 |
49.489.576 |
42 |
15 |
Феникс фарм Скопје |
48.716.359 |
231.085.166 |
91 |
16 |
РУД-КОП Битола |
47.778.469 |
46.440.537 |
76 |
17 |
Аитоникс АД Скопје |
42.702.970 |
85.262.417 |
33 |
18 |
Супертрејд Скопје˟ |
41.228.533 |
725.907.347 |
72 |
19 |
Окта АД Скопје |
39.880.451 |
2.906.170.046 |
287 |
20 |
Фарма трејд Скопје |
38.885.759 |
59.728.511 |
30 |
21 |
Бауер БГ Скопје |
35.817.787 |
48.817.569 |
151 |
22 |
А1 Македонија |
34.195.449 |
712.541.384 |
784 |
23 |
Пелистер Битола |
32.908.569 |
45.511.491 |
188 |
24 |
Македонија лек Скопје |
32.571.000 |
306.949.367 |
148 |
25 |
НБ-Цомпану Тетово |
29.066.856 |
12.241.737 |
20 |
26 |
Енерџи активе Скопје |
28.855.323 |
77.129.378 |
5 |
27 |
Спектартермо Скопје˟ |
27.269.360 |
52.668.097 |
108 |
28 |
IRD Engineering Srl |
26.368.761 |
4.837.285 |
16 |
29 |
Футуре енерџи трајдинг енг ексчајнџ динамикс Косово |
24.281.793 |
58.654.506 |
2 |
30 |
Синпекс Битола |
23.859.248 |
105.542.889 |
81 |
31 |
Вардарградба Трубарево |
21.942.787 |
53.736.994 |
119 |
32 |
Градежен институт Македонија |
18.505.729 |
44.823.339 |
306 |
33 |
Зобек мининг груп Скопје |
18.362.002 |
43.859.217 |
44 |
34 |
Димакс рудници Демир Хисар |
18.126.421 |
9.670.739 |
98 |
35 |
Европа 92 Кочани |
16.572.990 |
34.797.508 |
97 |
36 |
АК Инвест ДООЕЛ Тетово |
15.930.841 |
98.893.107 |
75 |
37 |
ЕЛ ТЕ Инженеринг Горан и др.Скопје |
15.785.325 |
19.231.816 |
73 |
38 |
Битем Скопје |
14.248.938 |
20.740.152 |
59 |
39 |
Машинокоп Кавадарци |
14.117.789 |
70.929.458 |
68 |
40 |
Индустри сервис Скопје |
13.955.762 |
17.001.969 |
138 |
41 |
Бетон Скопје |
13.954.848 |
73.755.222 |
294 |
42 |
Елбијор Скопје |
13.145.508 |
14.065.424 |
8 |
43 |
ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје |
13.004.524 |
474.627.499 |
15 |
44 |
Соларпро Холдинг Софија, Бугарија – подружница РСМ |
12.419.359 |
78.521.984 |
3 |
45 |
Топ билд Скопје |
12.347.000 |
16.464.368 |
23 |
46 |
Вато Студеничани |
12.123.953 |
19.966.929 |
49 |
47 |
Конструктор ДОО Скопје |
11.834.894 |
19.401.552 |
46 |
48 |
Actael N LTD Bulgaria |
11.353.300 |
/ |
/ |
49 |
Dermalog Identification Systems Gmbh |
11.040.325 |
/ |
/ |
50 |
Euro Games Tehnology Ltd. |
10.926.774 |
/ |
/ |
Најголемиот договор за јавни набавки склучен во петгодишниот анализиран период е на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, склучен во декември 2023 година со градежната компанија Стентон градба Битола за изведба на објекти за времено сместување и амбуланта за прва помош, детски градинки и складишта со придружни содржини (паркиралишта) во ТИРЗ Скопје 1 и ТИРЗ Скопје 2, и објекти за времено сместување, детски градинки и складишта со придружни содржини (паркиралишта) во ТИРЗ Штип и ТИРЗ Прилеп по принцип на изградба клуч на рака. Вредноста на договорот изнесува 29 милиони евра.
Следните два договори се на Јавното претпријатие за државни патишта. Едниот за изградба на регионален пат Р2246 делница, Извор (спој со А2) - Гарски Мост склучен со градежната компанија Илинден АД Струга во вредност од 28 милиони евра, а вториот за поправка и рехабилитација на државни патишта склучен со две фирми, Ескаватори-МК ДООЕЛ Скопје и Илинден АД Струга. Гледано на ниво на фирми, најголем број на договори во првата 10-ка има Марковски компани Борче, Битола и тоа дури три, сите склучени со АД Електрани.
Најголеми 10 договори за јавни набавки склучени во периодот 2019-2023 година
Р. бр. |
Договорен орган |
Предмет на договор |
Датум на договор |
Носител на набавка |
Вредност на договор со ДДВ (денари) |
Вредност на договор со ДДВ (евра) |
1 |
Дирекција за технолошки индустриски развојни зони |
Изведба на објекти за времено сместување и амбуланта за прва помош, детски градинки и складишта со придружни содржини (паркиралишта) во ТИРЗ Скопје 1 и ТИРЗ Скопје 2, и објекти за времено сместување, детски градинки и складишта со придружни содржини (паркиралишта) во ТИРЗ Штип и ТИРЗ Прилеп по принцип на изградба клуч на рака |
18.12.2023 |
Стентон градба ДООЕЛ с. Долно Оризари, Битола |
1.781.800.000 |
28.972.358 |
2 |
Јавно претпријатие за државни патишта |
Изградба на регионален пат Р2246 делница, Извор (спој со А2) – Гарски Мост |
08.10.2021 |
Илинден АД Струга |
1.751.870.102 |
28.485.693 |
3 |
Јавно претпријатие за државни патишта |
Поправка и рехабилитација на државни патишта |
06.09.2022 |
Ескаватори-МК ДООЕЛ Скопје и Илинден АД Струга |
1.679.631.842 |
27.311.087
|
4 |
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје |
Еуродизел БС (Д – Е V) |
25.10.2022 |
Пуцко петрол Пласница |
1.652.000.000 |
26.861.789
|
5 |
Јавно претпријатие за државни патишта |
Надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор VIII и Коридор X-d |
24.01.2023 |
IRD Engineering Srl |
1.621.678.807 |
26.368.761 |
6 |
АД Електрани |
Ископ на јаловина со градежна оператива во ПЕ Рудници (РЕК Битола) |
03.10.2023 |
Марковски компани Борче, Битола |
1.534.000.000 |
24.943.089
|
7 |
Влада на РС Македонија - Генерален секретаријат |
Софтверски лиценци |
01.09.2023 |
Аитоникс АД Скопје |
1.520.343.083 |
24.721.026 |
8 |
Н.У.Ц.К. Иљо Антески-Смок |
Втора фаза за изградба на нов објект за театар и библиотека во Тетово |
14.10.2021 |
НБ-Цомпану ДОО Тетово |
1.457.729.739 |
23.702.923 |
9 |
АД Електрани |
Ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во Рудник Брод-Гнотино (РЕК Битола) |
07.11.2022 |
Марковски Компани Борче, Битола |
1.203.600.000 |
19.570.732 |
10 |
АД Електрани |
Проширување на изработка на усек за раздвојување во ПК ПЈС |
21.12.2021 |
Марковски Компани Борче, Битола |
1.156.400.000 |
1.387.680.000 |
* * *
Оваа истражување и анализа на собраните податоци е направено преку преземање и обработка на податоците објавени на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) и на Бизнис мрежа. Податоците за склучените договори и за спроведените постапки за јавни набавки се преземени од ЕСЈН заклучно со средината на октомври 2023 година, додека пак податоците за вкупните приходи на компаниите и бројот на вработени се преземени од веб-платформата Бизнис мрежа.