Документ за јавни политики: Намалување на можностите за корупција во државните претпријатија
Документ за јавни политики: Намалување на можностите за корупција во државните претпријатија
За да се зачува интегритетот на домашната економија и да се овозможи квалитетно извршување на јавните услуги неминовно е да се обезбеди добро управување со претпријатијата во државна сопственост (јавните претпријатија и акционерските друштва). Доброто управување подразбира воспоставување на цврста и унифицирана правна рамка за нивно управување, создавање на услови за ефективен надзор на државата и засилување на одговорноста, развој на систем за следење и оценка на перформансите во работењето на државните претпријатија, промовирање на финансиска и фискална дисциплина, професионализирање на раководните органи на овие претпријатија и зајакнување на транспарентноста и отчетноста на претпријатијата во сопственост на државата.
Целта на овој документ за јавни политики е да ги обедини на едно место сите предлози на Центарот за граѓански комуникации, дадени во насока на подобрување на управувањето со државните претпријатија и оттука намалување на ризиците од корупција во нив. Овој документ за јавни политики е дел од проектот „Интегритет и антикорупција во бизнис-секторот“, поддржан од Европската Унија.