675 илјади евра за новогодишното украсување низ земјава

  • 15/01/2020

База на податоци за новогодишно украсување за 2020 

 

(Податоците се ажурирани на 17.01.2020) 

 

Новата 2020 година украсено ја дочекаа Градот Скопје и 20 општини и за тоа потрошија 675 илјади евра. Споредено со претходната година намален е бројот на општини што се украсени, но е зголемена вредноста на тендерите. Дури 91 % од парите за украсување на улиците и плоштадите за дочекот на Новата 2020 година завршија кај две скопски фирми, Линк Медиа Плус и Метал-Вaт-Ел. 

 

yhhhhghf

 

За разлика од претходната година кога новогодишните декорации ги красеа Градот Скопје и 26 општини во вкупна вредност од 615 илјади евра, сега за дочекот на 2020 година тендери за украсување спроведоа 20 општини и Градот Скопје во вкупна вредност од околу 675 илјади евра, што е за 10 % повеќе од минатата година. Вкупната вредност на договорите не е конечна и можни се мали варијации бидејќи кај 2 општини е донесена одлука за избор на најповолна понуда и се знае која фирма ќе го добие тендерот, но известувањето за склучен договор сѐ уште не е објавено на Електронскиот систем за јавни набавки. 

 

,hfndhfnf

 

Околу 490 илјади евра односно 73% од парите за новогодишното украсување се потрошија во Скопје и тоа од градските власти и од општините: Центар, Аеродром, Карпош, Чаир, Бутел, Гази Баба и Шуто Оризари.

Само Град Скопје за украсување на јавните површини потроши околу 285 илјади евра што е удел од 42% од вкупните пари за оваа намена. Гледано во период од 5 години, Градот Скопје не ја смени фирмата со која го склучува договорот, но од година во година ја менуваше вредноста на договорите и тоа главно во нагорна линија. Оттука, вредноста на договорот за украсување на градот за дочекот на Новата 2020 година е за речиси 70% поголема од договорот склучен за дочекот на Новата 2016 година. 

 

hjkjjjkgf

 

Гледано од аспект на фирмите кои украсуваат за Нова година, како и минатата година, најголем број на договори има скопската фирма Метал-Вaт-Ел, но вредносно најголем удел има скопската фирма Линк Медиа Плус. (Подетален приказ е даден во базата на податоци која е во отворен формат). Поконкретно, Метал-Вaт-Ел има склучено 9 договори за новогодишно украсување (во 2018 година имаа склучено 11 договори) во вкупна вредност од 190.737 евра (3 % повеќе од претходната година). Линк Медиа Плус, пак, има склучено 5 договори (во 2018 година имала 2 договори) во вредност од 424.828 евра (41 % повеќе од претходната година).

Освен што договорите ги добиваат истите фирми, продолжува и старата навика на задоцнето објавување на огласите за јавна набавка на новогодишно украсување што секако неповолно влијае врз конкуренцијата и ги оневозможува потенцијалните понудувачи потемелно да ја подготват реализацијата на договорите. Оттука е очекувано дека на тендерите со вака кратки рокови ќе аплицираат само фирми кои веќе ги имаат на залиха новогодишните украси.

Како што може да се види од следниот табеларен приказ, по Град Скопје најголемите договори за украсување ги имаат склучено скопските општини Центар и Аеродром истиснувајќи ги општините Карпош и Струмица кои лани беа на овие позиции. Ваквата промена настанува како резултат на тоа што Општина Центар по пауза од 2 години (за дочекот на 2018 и 2019 година) сега спроведе трендер за новогодишно украсување, а Општина Аеродром, пак, значително ја зголеми вредноста на договорот и за разлика од минатогодишните 31.467 евра сега за украсувањето потроши 48.519 евра односно 54% повеќе.

 

ххјјххјх

 

Методолошки пристап

 

Основа за пресметка на трошењата на општините за новогодишно украсување се податоците добиени од Електронскиот систем за јавни набавки. Во истражувањето се вклучени сите договорни органи во Република Северна Македонија кои имале ваков вид на набавка во 2019 година.  

 

 

Оваа база на податоци е подготвена од страна на Центарот за граѓански комуникации со поддршка на  американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината во оваа база на податоци  е одговорност на авторите и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.