50 најголеми договори за јавни набавки на општините во 2014 година
Листата од 50 најголеми договори склучени од страна на општините во текот на 2014 година вклучува набавки вредни од 10,8 милиони евра до 380 илјади евра. Листата на најголеми ја предводи договорот на Општина Чаир за надземен пешачки премин – (споменик-обележје плоштад Скендербег – фаза 2) склучен со Бауер БГ ДОО Скопје во вредност од 664 милиони денари, односно 10,8 милиони евра.
Вториот по големина договор е неколкукратно помал и е склучен од страна на Општина Центар со Гранит АД Скопје за изградба на детска градинка „Кочо Рацин“ - Скопје во износ од 112 милиони денари, односно 1,8 милиони евра. Третиот е договорот на Општина Штип склучен со Пуцко Петрол ДОО с.Пласница за набавка, транспорт и испорака на екстра лесно масло за домаќинство - 1(ЕЛ-1) за основните и средните училишта, детските градинки и зградата на ЕЛС Штип во износ од 95 милиони денари, односно 1,5 милиони евра.
Над 1 милион евра се уште шест договори и тоа на Град Скопје со Урбан Инвест, Кавадарци за реконструкција на фасада на објект „Сити Галери“, потоа на Општина Струмица со Универзал Градба Струмица за изведба на улици и уредување на градежно земјиште по програми, На Општина Гази Баба со склучен со три фирми (Жикол Струмица, ЕХИ Скопје и АД Енергомонт Скопје) за изградба на фекална канализациона мрежа за населените места Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери и Идризово, потоа на Општина Куманово со фирмата УПМ-ГРУП ДООЕЛ Куманово за организирање на превоз на ученици во основни и средни училишта во Општина Куманово во учебната 2013/2014 година и на Општина Гевгелија склучен со ЕУРОИНГ Ѓорѓе Гевгелија за изградба на примарна и секундарна сообраќајна мрежа за мултинаменски комплекс „МИЛЦИ“ Гевгелија. Вредноста на овие 50 договори вкупно изнесува 2,7 милијарди денари односно 45,7 милиони евра што значи дека во вкупната вредност на парите за јавни набавки потрошени од страна на општините учествуваат со дури 38%.
Најголеми 50 договори за јавни набавки на општините во 2014 година
Ова истражување на Центарот за граѓански комуникации е објавено на интернет страницата prizma.mk
во рамки на Проектот за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор.