Индекс на активна транспарентност 2016

  • 21/09/2016

Под ’активна транспарентност’ се подразбира објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа за тие информации некој да има доставено до нив официјално барање за слободен пристап.

Законската основа за активната транспарентност на институциите се наоѓа пред сè во Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, но и во  низа други закони како што се Законот за локалната самоуправа, Законот за буџетите, Законот за јавен долг, Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа и др. Освен од регулативата, активната транспарентност произлегува и од практиката, односно кога една институција ги прави достапни до сите граѓани одговорите на прашањата што почесто ги добива во форма на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Општото ниво на активната транспарентност во Македонија е ниско. Процентот на исполнетост на обврските за активно објавување на информациите кај сите 97 вклучени институции изнесува 45% (од можни 100%).

Според градацијата на активната транспарентност, најмногу институции, 33%, има во групата со ’просечна‘ активна транспарентност, а најмалку, 4%, во најдобрата група, онаа со ’многу добра‘ активна транспарентност.

Генерално, општините стојат многу подобро од министерствата и од Владата според нивото на нивната активна транспарентност. Општините се наоѓаат на првите 18 места од ранг-листата, а најдоброто министерство се наоѓа дури на 19-то место. Сите 4 институции во најдобрата група, со ’многу добра‘ активна транспарентност, се општини.

На првото место, со 88,1% исполнетост на обврските за активно објавување на информации е општина Крива Паланка, која е следена од општините Велес, Битола и Струмица. На последно место, со најслаба активна транспарентност е општина Чучер-Сандево. Кај министерствата, најдобро рангирано е Министерството за локална самоуправа (19. место), а најслабо рангирано е Министерството за економија.

Во однос на одделните области на активната транспарентност – институциите објавуваат најмногу информации од областа на пристапот до информации, а најмалку од областа на буџетската и финансиската транспарентност.

Во однос на регионите, според просечните резултати, најдобро стои североисточниот регион, а најслабо – вардарскиот. Министерствата, земени како група, и овде се наоѓаат точно во просекот – четири региони се подобри, а четири послаби од нив.

 

83% од вклучените институции одговорија на барањето за слободен пристап до информациите од јавен карактер што им беше испратено ист ден и со иста содржина. Притоа, 76% од сите институции одговорија на барањето во максималниот законски рок од 30 дена, а 7% го испратиле одговорот со задоцнување. 17% од институциите воопшто не одговорија на барањето.

Вкупно рангирање според Индексот на активна транспарентност

 

Ранг

Институција

Резултат

 

Ранг

Институција

Резултат

 

МНОГУ ДОБРА

 

46

Тетово

46,3%

1

Крива Паланка

88,1%

 

50

Дебар

44,8%

2

Велес

83,6%

 

51

МЗШВ

42,9%

3

Битола

83,6%

 

51

МИОА

42,9%

4

Струмица

82,1%

 

51

МНР

42,9%

ДОБРА

 

51

МТВ

42,9%

5

Богданци

79,1%

 

55

Чешиново-Облешево

41,8%

5

Кратово

79,1%

 

56

Демир Капија

40,3%

7

Демир Хисар

77,6%

 

СЛАБА

8

Василево

74,6%

 

57

Кавадарци

38,8%

8

Охрид

74,6%

 

57

Македонска Каменица

38,8%

10

Центар

73,1%

 

59

МОН

38,1%

10

Штип

73,1%

 

60

Виница

37,3%

12

Прилеп

71,6%

 

60

Пехчево

37,3%

12

Ранковце

71,6%

 

60

Свети Николе

37,3%

14

Вевчани

70,1%

 

63

Брвеница 

35,8%

14

Карпош

70,1%

 

63

Дебарца

35,8%

16

Гевгелија

67,2%

 

63

Зрновци

35,8%

16

Кисела Вода

67,2%

 

66

МК

33,3%

18

Тетово

65,7%

 

67

Кичево

32,8%

19

МЛС

64,3%

 

67

Лозово

32,8%

20

Гостивар

64,2%

 

69

Неготино

31,3%

20

Ѓорче Петров

64,2%

 

69

Студеничани

31,3%

22

Куманово

62,7%

 

69

Центар Жупа

31,3%

23

Илинден

61,2%

 

72

МЗ

31,0%

23

Пробиштип

61,2%

 

73

Долнени

29.9%

ПРОСЕЧНА

 

74

Чаир

28,4%

25

МВР

59,5%

 

75

Врапчиште

25,4%

26

Гази Баба

58,2%

 

75

Дојран

25,4%

26

Маврово и Ростуша

58,2%

 

75

Кривогаштани

25,4%

26

Ресен

58,2%

 

78

Влада на РМ

25,0%

26

Чашка

58,2%

 

79

Боговиње

23,9%

30

Берово

56,7%

 

79

Желино

23,9%

31

МФ

56,3%

 

81

Липково

22,4%

32

Ново Село

55,2%

 

82

МЕ

21,4%

32

Петровец

55,2%

 

83

Арачиново

20,9%

34

МП

54,8%

 

83

Босилово

20,9%

34

МТСП

54,8%

 

83

Конче

20,9%

36

Делчево

53,7%

 

МНОГУ СЛАБА

36

Сопиште

53,7%

 

86

Валандово

17,9%

36

Струга

53,7%

 

86

Градско

17,9%

39

Аеродром

52,4%

 

86

Могила

17,9%

40

Кочани

52,2%

 

89

Сарај

16,4%

40

МЖС

52,2%

 

90

Шуто Оризари

11,9%

40

Радовиш

52,2%

 

91

Росоман

10,4%

43

Јегуновце

50,7%

 

92

Бутел

9,0%

44

Град Скопје

49,3%

 

92

Карбинци

9,0%

45

МО

47,6%

 

94

Зелениково

3,0%

46

Крушево

46,3%

 

94

Пласница

3,0%

46

Македонски Брoд

46,3%

 

94

Старо Нагоричане

3,0%

46

Новаци

46,3%

 

97

Чучер Сандево

0,0%

 

 

Општото ниво на активната транспарентност е ’просечно‘

Имајќи предвид дека Индексот на активна транспарентност на македонските институции се изработува за првпат, не може да се изведе заклучок за напредокот или уназадувањето на вкупната активна транспарентност и на одделните институции, туку само да се констатира актуелната состојба од овој аспект.

Просечниот резултат на сите вклучени 97 институции изнесува 44,8% (од можни 100%), што според употребената градација на нивото на активна транспарентност, би значело ’просечна‘ активна транспарентност.

 

Соодветно на тоа, најмногу институции, 33%, има во групата со ’просечна‘ активна транспарентност, а најмалку, 4%, во најдобрата група, со ’многу добра‘ активна транспарентност.

 

Најголем дел од институциите се наоѓаат во трите средни групи, и тоа во онаа со ’просечна‘ активна транспарентност 33%, со ’слаба‘ активна транспарентност 30% и со ’добра‘ активна транспарентност 21%.

 

 Општините се подобри од министерствата

 

Генерално, општините стојат многу подобро од министерствата и од Владата според нивото на нивната активна транспарентност. Најдоброто министерство се наоѓа дури на 19-то место на ранг-листата, а нема ниту едно меѓу најдобрата група на институции со ’многу добра‘ активна транспарентност.

 

Наспроти тоа, општините се наоѓаат на првите 18 места и сите 4 институции во најдобрата група, онаа со ’многу добра‘ активна транспарентност, се општини. И во втората група, со ’добра‘ активна транспарентност, 19 од вкупно 20 институции се општини.

 

Од друга страна, пак, и сите 12 институции во најлошата група со ’многу слаба‘ активна транспарентност се општини.

 

 

 

Крива Паланка најдобра, 4 други општини немаат веб-страници

 

Лидер, на првото место, со 88,1% исполнетост на обврските за активно објавување информации, е општина Крива Паланка, по која следат општините Велес и Битола, со 83,6%, и општината Струмица, со 82,1%.

 

Дури три четвртини од институциите не задоволуваат со нивото на активна транспарентност, наоѓајќи се во последните три групи. 32 институции се во групата со ’просечна‘ активна транспарентност, 29 со ’слаба‘ и 12 со ’многу слаба‘. На последно место со најслаба активна транспарентност е општина Чучер-Сандево, која како и другите три општини на последните места, воопшто нема активна интернет-страница.

 

 

 

Министерството за локална самоуправа најдобро, за економија најслабо

 

Кај министерствата, најдобро рангирано е Министерството за локална самоуправа (19. место), во групата на институции со ’добра‘ активна транспарентност. Сите други министерства се во групите со ’просечна‘ и ’слаба‘ активна транспарентност. Најслабо рангирано е Министерството за економија (82. место), додека Владата на РМ е само неколку места погоре (78. место).

 

 

 

 Рангирање на министерствата според активната транспарентност

Ранг

Вк.ранг

Институција

Резултат

1

19

Министерство за локална самоуправа

64,3%

2

25

Министерство за внатрешни работи

59,5%

3

31

Министерство за финансии

56,3%

4

34

Министерство за правда

54,8%

4

34

Министерство за труд и социјална политика

54,8%

6

39

Министерство за животна средина

52,2%

7

45

Министерство за одбрана

47,6%

8

51

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

42,9%

8

51

Министерство за информатичка технологија и администрација

42,9%

8

51

Министерство за надворешни работи

42,9%

8

51

Министерство за транспорт и врски

42,9%

12

59

Министерство за образование и наука

38,1%

13

66

Министерство за култура

33,3%

14

72

Министерство за здравство

31,1%

15

78

Влада на РМ

25,0%

16

82

Министерство за економија

21,4%

 

 

 

 Најмалку информации има за буџетите и за финансиите

Во однос на одделните области на активната транспарентност – институциите објавуваат најмногу информации од областа на пристапот до информации, а најмалку од областа на буџетската и финансиската транспарентност.

Во делот на пристапот до информации, процентот на исполнетост на обврските за активно објавување на овие информации кои произлегуваат главно од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, кај општините изнесува 52%, додека кај министерствата и Владата овој процент е повисок и изнесува 61%.

Кај областа информации за надлежноста и за услугите, општините имаат просечна исполнетост на обврските за активна транспарентност од 45%, а министерствата од 53%.

И општините и министерствата најслабо стојат кај активното објавување информации од областа буџетска и фискална транспарентност, каде што од можни 100%, општините исполнуваат само 29%, а министерствата 13% од обврските за активно објавување информации. 

 

 

Кај општините има и четвртата област која се однесува на информациите за нивните специфични надлежности, каде што процентот на исполнување на обврските за активно објавување информации изнесува 45%.

 

Регионални лидери и губитници

 

Во однос на регионите, според просечните резултати, најдобро стои североисточниот регион, а најслабо вардарскиот. Министерствата, земени како група, и овде се наоѓаат точно во просекот – четири региони се подобри, а четири послаби од нив. 

 

 

Рангирање на регионите според активната транспарентност

Ранг

Регион

Резултат

1

Североисточен

54,5%

2

Пелагониски

50,8%

3

Југоисточен

49,6%

4

Источен

45,2%

4

Полошки

43,8%

6

Југозападен

43,6%

7

Скопски

40,3%

8

Вардарски

39,1%

 

Како и да е, според просечните резултатите, сите региони, освен вардарскиот, спаѓаат во една иста група на активна транспарентност со 40-60% на исполнетост на обврските. Разликата меѓу просечните резултати на најдобро и најлошо рангираниот регион изнесува само 15,5 процентни поени.

    Североисточен регион (54,5%)                   Пелагониски регион (50,8%)

 

 

Ранг

Општина

Резултат

1

Крива Паланка

88,1%

2

Кратово

79,1%

3

Ранковце

71,6%

4

Куманово

62,7%

5

Липково

22,4%

6

Старо Нагоричане

3,0%  

Ранг

Општина

Резултат

1

Битола

83,6%

2

Демир Хисар

77,6%

3

Прилеп

71,6%

4

Ресен

58,2%

5

Крушево

46,3%

5

Новаци

46,3%

7

Долнени

29,9%

8

Кривогаштани

25,4%

9

Могила

17,9%

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

    Југоисточен регион (49,6%)                               Источен (45,2%)                                      

Ранг

Општина

Резултат

1

Струмица

82,1%

2

Богданци

79,1%

3

Василево

74,6%

4

Гевгелија

67,2%

5

Ново Село

55,2%

6

Радовиш

52,2%

7

Дојран

25,4%

8

Босилово

20,9%

8

Конче

20,9%

10

Валандово

17,9%

Ранг

Општина

Резултат

1

Штип

73,1%

2

Пробиштип

61,2%

3

Берово

56,7%

4

Делчево

53,7%

5

Кочани

52,2%

6

Чешиново-Облешево

41,8%

7

Мак. Каменица

38,8%

8

Виница

37,3%

8

Пехчево

37,3%

10

Зрновци

35,8%

11

Карбинци

9,0%

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

      Полошки регион (43,8%)                           Југозападен регион (43,6%)                                                                                                                                                                   

Ранг

Општина

Резултат

1

Охрид

74,6%

2

Вевчани

70,1%

3

Струга

53,7%

4

М. Брод

46,3%

5

Дебар

44,8%

6

Дебарца

35,8%

7

Кичево

32,8%

8

Центар Жупа

31,3%

9

Пласница

3,0%

Ранг

Општина

 Резултат 

1

Тетово

67,7%

2

Гостивар

64,2%

3

Маврово и Ростуша

58,2%

4

Јегуновце

50,7%

5

Теарце

46,3%

6

Брвеница

35,8%

7

Врапчиште

25,4%

8

Боговиње

23,9%

8

Желино

23,9%

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

       Скопски регион (40,3%)                               Вардарски регион (39,0%)

 

                                                               

Ранг

Општина

Резултат

1

Велес

83,6%

2

Чашка

58,2%

3

Демир Капија

40,3%

4

Кавадарци

38,8%

5

Свети Николе

37,3%

6

Лозово

32,8%

7

Неготино

31,3%

8

Градско

17,9%

9

Росоман

10,4%

Ранг

Општина

Резултат

1

Центар

73,1%

2

Карпош

70,1%

3

Кисела Вода

67,2%

4

Ѓорче Петров

64,2%

5

Илинден

61,2%

6

Гази Баба

58,2%

7

Петровец

55,2%

8

Сопиште

53,7%

9

Аеродром

52,2%

10

Град Скопје

49,2%

11

Студеничани

31,3%

12

Чаир

28,4%

13

Арачиново

20,9%

14

Сарај

16,4%

15

Шуто Оризари

11,9%

16

Бутел

9,0%

17

Зелениково

3,0%

18

Чучер Сандево

0,0%

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

¾ од институциите одговорија во рок на барањето за слободен пристап

 

83% од вклучените институции одговорија на барањето за слободен пристап до информациите од јавен карактер што им беше испратено ист ден и со иста содржина. Притоа, 76% од сите институции одговорија на барањето во максималниот законски рок од 30 дена, а 7% го испратиле одговорот со задоцнување. 17% од институциите воопшто не одговорија на барањето.

 

Просечниот број денови во кои е добиен одговорот е 15. Одговорите на барањата до општините се примени во просечен рок од 13 дена, а од министерствата од 25 дена.