База на податоци: Анекс договори за јавни набавки

  • 27/04/2016

Центар за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации изработи база на податоци со анекс договорите склучени за јавните набавки во периодот од 2013,2014 и 2015 година. Базата содржи податоци за 390 анекс договори во вкупна вредност од околу 2,2 милијарди денари односно 35 милиони евра.

Анекс договорите се склучуваат со компанија со која институцијата веќе има договор за набавка на стоки, услуги или за изведување на градежни работи. Согласно Законот за јавни набавки вредноста на анекс договорите не може да биде повисока од 30% од вредноста на основниот договор. Анекс договорите во изминатите три години се склучувани главно во сферата на градежните работи. Оттука нивното намалување од година во година меѓудругото е резултат на намалените градежни активности.

 

 

 

Ова истражување на Центарот за граѓански комуникации е објавено на интернет страницата prizma.mk
во рамки на Проектот за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор.