База на податоци на сите ревизии на Државниот завод за ревизија (ДЗР) во периодот 2010 - 2019 година

  • 11/05/2021

База на податоци на извршените ревизии од страна на ДЗР од 2010-2019

Во периодот од 2010 до 2019 година, Државниот завод за ревизија (ДЗР) извршил вкупно 699 ревизии. Најмногу во 2014 година, дури 98, а најмалку во 2012 година, 50 ревизии. 

 

graf1rev

 

Базата на податоци на сите извршени ревизии од страна на Државниот завод за ревизија од 2010 до 2019 година е изработена во отворен формат за да ја олесни натамошната употреба на извештаите во насока на засилување на јавниот притисок за законито и наменско користење на јавните пари.

Од 699-те извршени ревизии, 513 се ревизии на регуларност, 165 на успешност и 21 ревизија на усогласеност.

 

При ревизијата на регуларност, ДЗР го изразува своето професионално мислење за тоа дали расходите и приходите во буџетот на субјектот на ревизија се прикажани вистинито и објективно во согласност со законската регулатива и дали активностите, финансиските трансакции и информациите вклучени во финансиските извештаи се во согласност со законската регулатива, упатствата и воспоставената пракса. Кај ревизијата на успешност ДЗР истражува и донесува заклучок дали одредени активности на субјектот на ревизија ги задоволуваат стандардите на економичност, ефикасност и ефективност, односно се оценува успешноста на одредена политика и оваа ревизија може да вклучи повеќе субјекти. Ревизијата на усогласеност претставува независно оценување дали даден предмет на ревизија е во согласност со применливите надлежности идентификувани како критериуми и со неа се оценува дали активностите, финансиските трансакции и информациите се усогласени, во сите материјални погледи, со надлежностите кои важат за субјектот на ревизија.

 

graf33

 

Предмет на ревизија на Државниот завод во овие десет години биле вкупно 406 субјекти. Најмногу ревизии, по 63 биле направени врз здравствени установи и единици на локална самоуправа.

graf4

 

Повеќе од една петтина од општините во државава не биле предмет на каква било ревизија од Државниот завод во последните десет години. Ниту една контрола не била направена кај точно 17 локални самоуправи. 

 

tab6

 

Три општини, пак, (Градско, Делчево и Карбинци) во 2017 година биле само дел од ревизија на успешност во која се опфатени повеќе субјекти: „Преземање обврски и финансиска нестабилност кај единиците на локална самоуправа“. 

Кај 63 општини и градот Скопје биле направени 89 ревизии од кои 86 поединечни и три ревизии во кои биле опфатени повеќе општини. 

 

ЕЛС/ГРАД СКОПЈЕ

ВИД НА РЕВИЗИИ

Град Скопје

-Ефективност на ЕЛС во годишното планирање јавни набавки, ревизија на успешност (2017)

-Ефикасност на мерките за решавање на сообраќајниот метеж, ревизија на успешност (2016)

-Ревизија на регуларност (2015)

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, ревизија на успешност (2014)

-Јавен транспорт во Град Скопје, ревизија на успешност (2010)

-Утврдување и наплата на приходите по основ на комунални такси во град Скопје и општините во Град Скопје, ревизија на регуларност (2010)

ЕЛС Центар

- Ревизија на регуларност (2017)

- Ефективност на ЕЛС во годишното планирање јавни набавки, ревизија на успешност (2017)

- Ревизија на регуларност (2013)

- Ревизија на регуларност (2010)

 ЕЛС Струга

- Ревизија на регуларност (2019)

-Ефективност на ЕЛС во годишното планирање и реализација на годишниот план за јавни набавки, ревизија на успешност (2017)

 -Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, ревизија на успешност (2014)

-Ефикасност од превземените мерки, политики и конкретни проекти за развој на туризмот, ревизија на успешност (2013)

- Ревизија на регуларност (2010)

ЕЛС Ѓорче Петров

- Ревизија на регуларност (2018)

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, ревизија на успешност (2014)

- Ревизија на регуларност (2010)

ЕЛС Велес

- Ревизија на регуларност (2018)

Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, ревизија на успешност (2014)

- Ревизија на регуларност (2010)

ЕЛС Кисела вода

- Ревизија на регуларност (2018)

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, ревизија на успешност (2015)

- Ревизија на регуларност (2011)

ЕЛС Охрид

- Ревизија на регуларност (2018)

-Ефективност на единиците на локалната самоуправа во годишното планирање и реализација на годишниот план за јавни набавки, ревизија на успешност (2017)

- Ревизија на регуларност (2013)

- Ревизија на регуларност (2011)

-Ефикасност од превземените мерки, политики и конкретни проекти за развој на туризмот во Република Македонија(опфатени се повеќе субјекти), ревизија на успешност (2013)

ЕЛС Сарај

- Ревизија на регуларност (2017)

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, ревизија на успешност (2014)

- Ревизија на регуларност (2010)

ЕЛС Прилеп

- Ревизија на регуларност (2016)

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, ревизија на успешност (2014)

ЕЛС Неготино

- Ревизија на регуларност (2018)

-Преземање обврски и финансиска нестабилност кај ЕЛС, ревизија на усогласеност (2017)

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, ревизија на успешност (2014)

ЕЛС Арачиново

- Ревизија на регуларност (2018)

- Ревизија на регуларност (2011)

ЕЛС Штип

- Ревизија на регуларност (2018)

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, ревизија на успешност (2014)

ЕЛС Кавадарци

- Ревизија на регуларност (2017)

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, ревизија на успешност (2014)

-Ефикасност од превземените мерки, политики и конкретни проекти за развој на туризмот во Република Северна Македонија (опфатени се повеќе субјекти), ревизија на успешност (2013)

ЕЛС Карпош

- Ревизија на регуларност (2017)

-Ефективност на единиците на локалната самоуправа во годишното планирање и реализација на годишниот план за јавни набавки, ревизија на успешност (2017)

- Ревизија на регуларност (2012)

ЕЛС Аеродром

- Ревизија на регуларност (2016)

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, ревизија на успешност (2014)

ЕЛС Тетово

-Преземање обврски и финансиска нестабилност кај ЕЛС, ревизија на усогласеност (2017)

-Ефективност на единиците на локалната самоуправа во годишното планирање и реализација на годишниот план за јавни набавки, ревизија на успешност (2017)

- Ревизија на регуларност (2013)

- Ревизија на регуларност (2010)

ЕЛС Битола

-Ефективност на единиците на локалната самоуправа во годишното планирање и реализација на годишниот план за јавни набавки, ревизија на успешност (2017)

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, ревизија на успешност (2014)

- Ревизија на регуларност (2013)

ЕЛС Гази баба

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, ревизија на успешност (2014)

- Ревизија на регуларност (2011)

ЕЛС Бутел

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, ревизија на успешност (2015)

- Ревизија на регуларност (2011)

ЕЛС Дојран

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, ревизија на успешност (2014)

- Ревизија на регуларност (2011)

ЕЛС Гостивар

-Ревизија на регуларност (2019)

-Ревизија на регуларност (2011)

ЕЛС Крива Паланка

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, ревизија на успешност (2014)

-Ревизија на регуларност (2010)

ЕЛС Чаир

Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, ревизија на успешност (2014)

-Ревизија на регуларност (2010)

ЕЛС Чашка

-Ревизија на регуларност (2018)

ЕЛС Македонски брод

-Ревизија на регуларност (2018)

ЕЛС Боговиње

-Ревизија на регуларност (2018)

-Преземање обврски и финансиска нестабилност кај ЕЛС, ревизија на усогласеност (2017)

-Утврдување и наплата на сопствените приходи, ревизија на успешност, (2011)

ЕЛС Свети Николе

-Ревизија на регуларност (2018)

ЕЛС Студеничани

-Ревизија на регуларност (2017)

ЕЛС Струмица

-Ревизија на регуларност (2017)

-Ефективност на ЕЛС во годишното планирање и реализација на годишниот план за јавни набавки, ревизија на успешност (2017)

ЕЛС Кочани

-Ревизија на регуларност (2015)

ЕЛС Куманово

-Преземање обврски и финансиска нестабилност кај ЕЛС, ревизија на усогласеност (2017)

-Ефективност на единиците на локалната самоуправа во годишното планирање и реализација на годишниот план за јавни набавки, ревизија на успешност (2017)

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, ревизија на успешност (2015)

-Ефикасност од превземените мерки, политики и конкретни проекти за развој на туризмот во Република Северна Македонија (опфатени се повеќе субјекти), ревизија на успешност (2013)

ЕЛС Чучер Сандево

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, ревизија на успешност (2015)

ЕЛС Валандово

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, ревизија на успешност (2014)

ЕЛС Крушево

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, ревизија на успешност (2014)

-Ефикасност од превземените мерки, политики и конкретни проекти за развој на туризмот во Република Северна Македонија (опфатени се повеќе субјекти), ревизија на успешност (2013)

ЕЛС Богданци

-Ревизија на регуларност (2011)

ЕЛС Кичево

-Ревизија на регуларност (2011)

ЕЛС Зелениково

-Преземање обврски и финансиска нестабилност кај ЕЛС, ревизија на  усогласеност (2017)

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, ревизија на успешност (2014)

ЕЛС Петровец

-Ревизија на регуларност (2012)

ЕЛС Пробиштип

-Ревизија на регуларност (2012)

ЕЛС Кратово

-Ревизија на регуларност (2012)

ЕЛС Дебар

-Ревизија на регуларност (2012)

ЕЛС Пехчево

-Преземање обврски и финансиска нестабилност кај ЕЛС, ревизија на  усогласеност (2017)

-Утврдување и наплата на сопствените приходи, ревизија на успешност (2011)

ЕЛС Јегуновце

-Утврдување и наплата на сопствените приходи, ревизија на успешност (2011)

ЕЛС Конче

-Утврдување и наплата на сопствените приходи, ревизија на успешност (2011)

ЕЛС Лозово

-Утврдување и наплата на сопствените приходи, ревизија на успешност (2011)

ЕЛС Ранковце

-Утврдување и наплата на сопствените приходи, ревизија на успешност (2011)

ЕЛС Могила

-Утврдување и наплата на сопствените приходи, ревизија на успешност (2011)

ЕЛС Врапчиште

-Утврдување и наплата на сопствените приходи, ревизија на успешност (2011)

ЕЛС Зрновци

-Преземање обврски и финансиска нестабилност кај ЕЛС, ревизија на усогласеност (2017)

-Утврдување и наплата на сопствените, ревизија на успешност (2011)

ЕЛС Берово

-Преземање обврски и финансиска нестабилност кај ЕЛС, ревизија на  усогласеност (2017)

-Ревизија на регуларност (2011)

ЕЛС Сопиште

-Ревизија на регуларност (2011)

ЕЛС Шуто Оризари

-Ревизија на регуларност (2010)

ЕЛС Виница

-Ревизија на регуларност (2010)

ЕЛС Старо Нагоричане

-Ревизија на регуларност (2010)

ЕЛС Илинден

-Ревизија на регуларност (2010)

ЕЛС Радовиш

-Ревизија на регуларност (2010)

ЕЛС Липково

-Ревизија на регуларност (2010)

ЕЛС Желино

-Преземање обврски и финансиска нестабилност кај ЕЛС, ревизија на усогласеност (2017)

-Ревизија на регуларност (2010)

ЕЛС Теарце

-Ефективност на единиците на локалната самоуправа во годишното планирање и реализација на годишниот план за јавни набавки, ревизија на успешност (2017)

-Ревизија на регуларност (2010)

ЕЛС Росоман

-Ревизија на регуларност (2010)

ЕЛС  Градско

-Преземање обврски и финансиска нестабилност кај ЕЛС, ревизија на  усогласеност (2017)

ЕЛС Делчево

-Преземање обврски и финансиска нестабилност кај ЕЛС, ревизија  на усогласеност (2017)

ЕЛС Карбинци

-Преземање обврски и финансиска нестабилност кај ЕЛС, ревизија на усогласеност (2017)

ЕЛС Ресен

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, ревизија на успешност (2014)

 

Сите 15 министерства биле предмет на ревизија во анализираниот период. Кај нив биле извршени вкупно 85 ревизии од кои 69 поединечни и 16 ревизии на повеќе субјекти. ДЗР, најмногу, десет пати правел ревизија кај Министерството за животна средина и просторно планирање и тоа 6 самостојни ревизии и 4 ревизии во кои покрај министерството имало и друг субјект. Од овие 10 ревизии три биле на регуларност, а останатите седум на успешност. Најмалку ревизии, односно, само една ревизија на регуларност била направена кај Министерството за внатрешни работи во 2016 година.

 

МИНИСТЕРСТВА/ВЛАДА

ВИД НА РЕВИЗИИ

 

 

 

 

 

 

 

Министерство за финансии

-Ревизија на усогласеност (2019)

-Ревизија на регуларност (2019)

-Ревизија на успешност (2015)

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија кај Министерството за финансии - централна единица за хармонизација, ревизија на успешност (2014)

-Ревизија на регуларност (2013)

-Ревизија на регуларност (2011)

-Ревизија на регуларност (2010)

- Систем на јавна внатрешна финансиска контрола (ЈВФК/PIFC) - Оценка на ризици, развиеност на системот, имплементација и можности за негово подобрување, ревизија на успешност (2010)

-Административни такси на централно/државно ниво - Оценка на ризиците и можностите за подобрување на централно ниво, ревизија на успешност (2010)

 

Министерство за информатичко општество и администрација

-Ревизија на успешност (2019)

-Ревизија на регуларност (2019)

-Ревизија на регуларност (2016)

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија кај Министерството за информатичко општество и администрација, ревизија на успешност (2014)

-Ревизија на регуларност (2011)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Министерство за транспорт и врски

-Ревизија на регуларност (2019)

-Ревизија на регуларност (2016)

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија кај Министерството за транспорт и врски, ревизија на успешност (2014)

- Ефикасност во вршење на работите и услугите од доделените концесии во Република Северна Македонија - Користење на вода за производство на електрична енергија од мали хидроелектрични централи (опфатени се повеќе субјекти), ревизија на успешност (2012)

- Ефикасност во вршење на работите и услугите од доделените концесии во Република Северна Македонија - Управување во областа на внатрешната пловидба (опфатени се повеќе субјекти), ревизија на успешност (2012)

- Јавна чистота - Оценка на ризиците и можностите за подобрување на централно и на локално ниво / заштита на животната средина (опфатени се повеќе субјекти), ревизија на успешност (2011)

-Ревизија на регуларност (2011)

- Јавен транспорт во град Скопје - Оценка на ризиците и можности за подобрување на јавната услуга локален јавен превоз на патници (опфатени се повеќе субјекти), ревизија на успешност (2011)

 

 

Министерство за економија 

-Ревизија на регуларност (2019)

-Ревизија на регуларност (2015)

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија кај Министерството за економија, ревизија на успешност (2014)

-Ефикасност од имплементацијата на програмите и активностите за развој на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средните претпријатија(опфатени се повеќе субјекти), ревизија на успешност (2013)

-Ефикасност на доделените концесии на минералните суровини во Република Северна Македонија (опфатени се повеќе субјекти), ревизија на успешност (2013)

-Ефикасност во вршење на работите и услугите од доделените концесии во Република Северна Македонија - Користење на вода за производство на електрична енергија од мали хидроелектрични централи (опфатени се повеќе субјекти) ), ревизија на успешност (2012)

-Ревизија на регуларност (2012)

 

 

 

 

 

 

 

 

Министерство за труд и социјална политика

-Ревизија на усогласеност (2019)

-Ревизија на регуларност (2019)

-Ефикасноста на преземените мерки, политики и активности за управување со објектите за одмор и рекреација на децата во Република Северна Македонија, ревизија на успешност (2014)

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија кај Министерство за труд и социјална политика, ревизија на успешност (2014)

-Згрижувачки семејства како форма за вон институционална заштита, ревизија на успешност (2013)

-Ефикасност во исполнување на критериумите и условите во кои функционираат детските градинки, ревизија на успешност (2012)

-Ревизија на регуларност (2011)

-Програми и мерки за посвојување на деца без родители, ревизија на успешност (2011)

-Програми насочени за зголемување на вработувањето на лицата со посебни потреби во јавниот сектор - Министерство за труд и социјална политика – Паралелна (меѓународна) ревизија, ревизија на успешност (2011)

 

 

 

 

Министерство за здравство

-Реализација на мерките, активностите и политиките за специјализација на здравствените работници во јавните здравствени установи во периодот од 2015 до 2018 година,ревизија на усогласеност (2019)

-Ревизија на регуларност (2018)

-Имплементација на проектните активности за набавка на најсовремена медицинска опрема за потребите на јавните здравствени установи, влијанието врз нивното работење и здравствената заштита на граѓаните, ревизија на успешност (2014)

-Ревизија на регуларност (2013)

-Ревизија на регуларност (2010)

 

 

 

Министерство за култура

-Ревизија на регуларност (2017)

-Начин на водење на музејска евиденција - Забелешка на нацрт извештајот на ОДР од Министерството за култура, ревизија на успешност (2015)

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, ревизија на успешност (2014)

-Министерство за култура - Програма 90, Меѓународна соработка за финансирање на проекти од национален интерес во културата, ревизија на регуларност (2013)

-Ревизија на регуларност (2011)

 

 

 

 

 

 

 

Министерство за локална самоуправа

-Ревизија на регуларност (2017)

-Ефекти од спроведувањето на дел од активностите од акцискиот план на програмата за спроведување на децентрализацијата и развој на локалната самоуправа во Република Северна Македонија 2011 -2014 година, ревизија на успешност (2014)

-Ревизија на регуларност (2013)

-Ефективност од реализацијата на Програмата за рамномерен регионален развој (субјекти), ревизија на успешност (2012)

-Ефикасност во вршење на работите и услугите од доделените концесии во Република Северна Македонија - Користење на вода за производство на електрична енергија од мали хидроелектрични централи (опфатени се повеќе субјекти), ревизија на успешност (2012)

-Јавна чистота - Оценка на ризиците и можностите за подобрување на централно и на локално ниво / заштита на животната средина (опфатени се повеќе субјекти), ревизија на успешност (2011)

-Ревизија на регуларност (2010)

 

 

 

 

 

 

Министерство за образование и наука

-Подобрување на условите за спортување на децата од основното и средното образование - Проект изградба на спортски сали во основните и средните училишта, ревизија на успешност (2019)

-Ревизија на регуларност (2016)

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, ревизија на успешност (2014)

- Ефективноста и ефикасноста од примената на електронскиот дневник во основното и средното образование, ревизија на успешност (2013)

-Ревизија на регуларност (2012)

-Финансирање на високото образование на државните универзитети, ревизија на успешност(2011)

-Ревизија на регуларност (2010)

Министерство за одбрана

-Ревизија на регуларност (2018)

-Ревизија на успешност (2014)

-Ревизија на регуларност (2012)

Министерство за надворешни работи

-Ревизија на регуларност (2018)

-Ревизија на регуларност (2015)

-Ревизија на регуларност (2012)

Министерство за правда

-Ревизија на регуларност (2017)

-Ревизија на регуларност (2013)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Министерство за животна средина и просторно планирање

-Утврдување, наплата и користење на надоместоци кои се должни да ги подмируваат операторите на инсталации кои имаат влијание на животната средина, ревизија на регуларност (2017)

-Ревизија на регуларност (2015)

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, ревизија на успешност (2014)

- Ефикасност на мерките за обезбедување на квалитетот на воздухот во Република Северна Македонија, ревизија на успешност (2014)

-Ревизија на регуларност (2013)

-Ефикасност на мерки, политики и проекти за заштита и развој на националните паркови во Република Северна Македонија, ревизија на успешност (2013)

- Ефикасност и ефективност на законската регулатива за водите во Република Северна Македонија и безбедноста на водите за пиење и на отпадните води (опфатени се повеќе субјекти), ревизија на успешност (2013)

- Ефикасност на доделените концесии на минералните суровини во Република Северна Македонија (опфатени се повеќе субјекти), ревизија на успешност (2013)

- Ефикасност во вршење на работите и услугите од доделените концесии во Република Северна Македонија - Користење на вода за производство на електрична енергија од мали хидроелектрични централи (опфатени се повеќе субјекти), ревизија на успешност (2012)

- Јавна чистота - Оценка на ризиците и можностите за подобрување на централно и на локално ниво / заштита на животната средина (опфатени се повеќе субјекти), ревизија на успешност (2011)

 

 

Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство

- Ревизија на регуларност (2014)

- Ефектот од инструментот субвенционирање во развојот на земјоделството и руралниот развој (опфатени се повеќе субјекти), ревизија на успешност (2012)

- Ефикасност во вршење на работите и услугите од доделените концесии во Република Северна Македонија - Вршење на работите и услугите од доделените концесии во областа на рибарството (опфатени се повеќе субјекти), ревизија на успешност (2012)

-Ревизија на регуларност (2011)

Министерство за внатрешни работи

-Ревизија на регуларност (2016)

 

 

Влада

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија кај Влада на Република Северна Македонија - Секретаријат за законодавство, ревизија на успешност (2014)

-Ревизија на регуларност (2012)

Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија

-Ревизија на успешност (2019)

- Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија , ревизија на успешност (2014)

-Ревизија на регуларност (2010)

 

17 % од ревизиите биле извршени врз политички партии и коалиции. Дури 117 ревизии на усогласеност или регуларност биле направени на вкупно 56 партии и коалиции формирани за некои од изборите во државава.

Од 2010 до 2019 година предмет на ревизија биле 9 државни акционерски друштва. Кај нив биле направени 17 ревизии, од кои најмногу кај М-НАВ, четири ревизии.

36 ревизии, пак, биле направени кај 25 јавни претпријатија.

 

АКЦИОНЕРСКИ ДРУШТВА/ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

ВИД НА РЕВИЗИИ

М-НАВ АД Скопје

-Ревизија на усогласеност (2019)

-Ревизија на регуларност (2019)

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија кај АД „М-НАВ“, ревизија на успешност (2014)

-Ревизија на регуларност (2012)

АД МЕПСО Скопје

-Ревизија на регуларност (2017)

-Ревизија на регуларност (2013)

АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија кај АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост, ревизија на успешност (2014)

АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на РСМ

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија кај АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Република Северна Македонија, ревизија на успешност (2014)

АД Електрани на Северна Македонија -

-Ревизија на регуларност (2012)

АД Државна лотарија на РСМ

-Ревизија на регуларност (2012)

Железници на РСМ Транспорт АД - Скопје

-Ревизија на регуларност (2011)

АД Пошта на Северна Македонија

-Ревизија на усогласеност (2019)              

-Ревизија на регуларност (2019)

-Ревизија на регуларност (2013)

АД Медиумска информативна агенција во државна сопственост-МИА

-Ревизија на усогласеност (2019)

-Ревизија на регуларност (2019)

-Ревизија на регуларност (2010)

Јавно претпријатие Градски паркинг Тетово

-Ревизија на усогласеност (2019)

-Ревизија на регуларност (2019)

ЈП Градски паркинг Скопје

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија кај ЈП Градски паркинг, ревизија на успешност (2014)

-Ревизија на регуларност (2010)

Јавно претпријатие за комунални дејности Комуналец Гевгелија

-Ревизија на регуларност (2017)

ЈП Паркинзи на Општина Центар

-Ревизија на регуларност (2016)

Јавно претпријатие за државни патишта

-Ревизија на регуларност (2016)

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија во Јавното претпријатие за државни патишта, ревизија на успешност (2014)

Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје Јасен Скопје

-Ревизија на регуларност (2016)

Јавно претпријатие за стопанисување со пасишта

-Ревизија на регуларност (2014)

-Ревизија на регуларност (2011)

Јавно претпријатие за водостопанство Лисиче - Велес

-Ревизија на регуларност (2013)

ЈП Службен весник на РСМ

-Ревизија на регуларност (2013)

Јавно претпријатие за извршување на водостопански дејности ХС „Злетовица“ Пробиштип

-Ревизија на регуларност (2012)

Јавно претпријатие за комунални работи „Услуга“ Берово

-Ревизија на регуларност (2011)

ЈП за стопанисување со државни шуми Национални шуми

-Ревизија на регуларност (2011)

Јавно претпријатие „Геоинженеринг“ Тетово

-Ревизија на регуларност (2011)

Јавно радиодифузно претпријатие Национална радио -телевизија

-Ревизија на регуларност (2018)

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија кај Јавно радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија, ревизија на успешност (2014)

-Ревизија на регуларност (2011)

Меѓуопштинско јавно претпријатие ПРОАКВА - Струга

-Ревизија на регуларност (2010)

Јавно сообраќајно претпријатие Скопје

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија кај Јавно сообраќајно претпријатие „Скопје“ – Скопје, ревизија на успешност (2014)

-Ревизија на регуларност (2010)

ЈП Паркови и зеленило, Скопје

-Ревизија на регуларност (2017)

-Ревизија на регуларност (2015)

Комуналец Кичево

-Ревизија на регуларност (2017)

ЈП Улици и патишта, Скопје

-Ревизија на регуларност (2016)

-Ревизија на регуларност (2011)

ЈП Водовод и канализација, Скопје

-Ревизија на регуларност (2015)

-Ревизија на регуларност (2012)

ЈП Национална радиодифузија

-Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија кај ЈП Македонска радиодифузија, ревизија на успешност (2014)

-Ревизија на регуларност (2011)

ЈП за водоснабдување, Студенчица Другово

-Ревизија на регуларност (2013)

ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, „Македонијапат“

- Ефикасност и ефективност на системот на финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, ревизија на успешност (2015)

-Ревизија на регуларност (2011)

ЈП за железничка инфраструктура Железници на РСМ

-Ревизија на регуларност (2011)

ЈКП Дервен Велес

-Ревизија на регуларност (2012)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Предмет на ревизија во периодот од 2010 до 2019 година биле 23 агенции кај кои биле направени 41 ревизија. Секоја година, односно десет години по ред била правена ревизија врз Агенцијата за вработување и тоа секогаш ревизија на регуларност, освен во 2014 година кога била направена ревизија на успешност. Врз останатите агенции во изминатите десет години биле правени по една или две ревизии, со исклучок на Агенцијата за храна и ветеринарство кај која биле направени три ревизии и тоа две на успешност и една на регуларност.

АГЕНЦИИ

ВИД НА РЕВИЗИИ

Агенција за вработување на Република Северна Македонија

-Ревизија на регуларност (2019)                   

-Ревизија на регуларност (2018)             

-Ревизија на регуларност (2017)             

-Ревизија на регуларност (2016)           

-Ревизија на регуларност (2015)            

-Ревизија на успешност (2014)               

-Ревизија на регуларност (2013)            

-Ревизија на регуларност (2012)            

-Ревизија на регуларност (2011)           

-Ревизија на регуларност (2010)

Агенција за супервизија на осигурувањето

-Ревизија на регуларност (2019)

Агенција за катастар на недвижности

-Ревизија на регуларност (2013)                          -Ревизија на регуларност (2018)

Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот

-Ревизија на регуларност (2013)                          -Ревизија на регуларност (2018)

Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС)

-Ревизија на регуларност (2016)

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

-Ревизија на регуларност (2015)                                                   -Ревизија на успешност (2012)

 Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

-Ревизија на успешност (2014)

 Агенција за администрација

-Ревизија на успешност (2014)

 Агенција за стокови резерви

-Ревизија на успешност (2014)

Агенција за катастар на недвижности

-Ревизија на регуларност (2018)                     -Ревизија на регуларност (2013)

Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија

-Ревизија на регуларност (2013)

Агенција за млади и спорт

-Ревизија на регуларност (2013)

Агенција за цивилно воздухопловство

-Ревизија на успешност (2014)               -Ревизија на регуларност (2012)                                                  

Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството - Битола

-Ревизија на регуларност (2012)

Агенција за храна и ветеринарство

-Ревизија на успешност (2019)                   -Ревизија на успешност (2014)                                           -Ревизија на регуларност (2012)                                                  

Агенција за управување со одземен имот

-Ревизија на успешност (2011)                                                          -Ревизија на регуларност (2011)     

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

-Ревизија на регуларност (2011) 

Агенција за државни патишта

-Ревизија на регуларност (2012)                      -Ревизија на регуларност (2011)

Агенција за електронски комуникации (АЕК)

-Ревизија на регуларност (2010)

Агенција за енергетика на Република Северна Македонија

-Ревизија на регуларност (2010)

Агенција за планирање на просторот Скопје

-Ревизија на регуларност (2010)

Агенција за поддршка на претприемништво                       

-Ревизија на успешност (2013)  

Агенција за промоција и поддршка на туризмот                   

-Ревизија на успешност (2013)  

 

Оваа база на податоци е подготвена од Центарот за граѓански комуникации во рамки на Проектот за граѓанско учество со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата изразени во оваа база на податоци им припаѓаат на авторите и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.