Општините просечно наплатуваат по 81 % од пресметаниот данок на имот, половина од парите од данок на имот се прибираат од Скопје

  • 08/03/2021

 База на податоци на пресметан и наплатен данок на имот за сите општини за 2017, 2018 и 2019 година 

 

Општините наплатуваат годишно данок на имот од граѓаните и од фирмите по 1,3 милијарди денари или 21 милион евра. Ова е просек за 2017, 2018 и 2019 година. Просечниот процент на наплата на данокот на имот во овие години изнесувал 81 %. 

Значително поголем дел од наплатениот данок, односно 70 % доаѓа од граѓаните, а останатиот дел од 30 % се наплаќа од фирмите. Односно, од граѓаните, годишно, за данок на имот се прибираат просечно по 910 милиони денари, односно 14,8 милиони евра. Наспроти ова, од правните лица се прибираат по 382 милиони денари, односно 6,2 милиони евра. 

Успешноста во наплатата на данокот на имот е повисока кај граѓаните, отколку кај фирмите. Поконкретно, во периодот од 2017 до 2019 година, наплатата кај граѓаните просечно изнесува 85 %, а кај правните лица 78 %. 

Трендот во наплатата на данокот на имот во периодот 2017-2019 година е позитивен, односно приходите од данокот се во постојан раст, со тоа што порастот во 2018 година изнесува 12,5 %, а во 2019 година е помал, и изнесува 2,5 %.

slika001

*Во пресметките на ниво на физички и правни лица не се вклучени податоците за Општина Лозово каде располагаат само со податоци за вкупната наплата и тоа за сите три години, а истиот случај е во Општина Демир Капија, но само за 2017 година. 

 

Информациите за издадените решенија за данок на имот, нивната вредност и наплатата се обезбедени преку барања за слободен пристап до информации од јавен карактер доставени до сите општини и Градот Скопје, а потребата од ова истражување е наметната од отсуството на прецизни податоци само за пресметаниот и наплатениот данок на имот. Имено, во буџетите на општините, во нивните завршни сметки, како и релевантните документи на Министерството за финансии се објавуваат податоците за сите даноци на имот (буџетска ставка 713). Во групата даноци на имот покрај данокот на имот спаѓаат и данок на наследство и подарок и данок на промет на недвижности. Оттука, во сите официјални документи се наоѓаат податоци за вкупно планирани и наплатени даноци на имот, но не и информации на ниво на одделните даноци на имот. 

Процесот на обезбедување на сите потребни податоци за изготвување на оваа анализа беше мошне комплексен и долготраен што меѓу другото беше последица и на слабостите во системот на евиденција на општините за бројот и вредноста на издадените решенија за наплата на данокот на имот, како и на бројот и вредноста на наплатените решенија и тоа одделно за физички и за правни лица. Во процесот на прибирање на податоците, кој траеше цели шест месеци, се наметна потреба да се достават дури 33 жалби до надлежната Агенција за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер. Со оглед на тоа што сите жалби беа прифатени, оваа анализа ги опфаќа сите потребни податоци. Изостануваат само оние кои реално општините не ги поседуваат и тоа Општина Маврово и Ростуше нема информации за вредноста на наплатениот данок на имот за 2017 година, Лозово пак има информации за вкупно наплатениот данок, но не и податоци колку од прибраните средства се од физички, а колку од правни лица, а ваков е случајот и во Демир Капија, но само за 2017 година. 

Гледано на ниво на општини, просечната годишна вредност на наплатениот данок на имот се движи од 141.613.965 денари (2,3 милиони евра) во Општина Центар, до нула денари во Арачиново, каде воопшто и не издаваат решенија за наплата на данок на имот со образложение дека немаат база на податоци на даночни обврзници, ниту даночно одделение.

Само 7 општини имаат просечни годишни приходи од данок на имот кои се поголеми од 1 милион евра, а во дури 36 општини овие приходи се помали од 50.000 евра.

Десетте градски скопски општини заедно, прибираат просечно годишно по 627 милиони денари, односно 10 милиони евра. Ова значи дека половина од вкупниот данок на имот во земјава се прибира во Скопје. Скопските општини ги делат приходите од данокот на имот со Градот Скопје, согласно донесените одлуки за утврдување на стапките на даноците на имот.

 

Вредност на наплатен данок на имот

ОПШТИНИ

2017 година
(денари)

2018 година
(денари)

2019 година
(денари)

Просечна годишна наплата (денари)

Просечна годишна наплата (евра)

Центар

133.800.404

143.015.326

148.026.164

141.613.965

2.302.666

Карпош

114.367.476

127.768.286

131.872.560

124.669.441

2.027.145

Аеродром

76.370.300

86.149.420

90.558.998

84.359.573

1.371.700

Кисела Вода

70.047.598

84.701.744

91.161.608

81.970.317

1.332.851

Гази Баба

72.929.378

77.670.844

78.102.850

76.234.357

1.239.583

Охрид

66.599.593

66.721.258

61.743.826

65.021.559

1.057.261

Битола

67.622.797

65.578.999

56.389.692

63.197.163

1.027.596

Куманово

57.963.948

55.653.088

49.836.856

54.484.630

885.929

Илинден

27.918.882

32.487.644

67.683.768

42.696.765

694.256

Кавадарци

25.245.413

51.009.953

42.946.460

39.733.942

646.080

Прилеп

36.616.105

39.874.753

37.889.342

38.126.733

619.947

Струга

35.147.306

35.912.814

36.885.801

35.981.973

585.073

Тетово

32.638.048

37.806.162

33.392.839

34.612.350

562.802

Ѓорче Петров

30.325.210

35.682.450

37.048.638

34.352.099

558.571

Бутел

30.040.898

34.885.136

37.996.184

34.307.406

557.844

Чаир

26.925.948

31.949.822

41.260.510

33.378.760

542.744

Штип

33.415.139

32.751.593

29.350.731

31.839.154

517.710

Велес

22.307.206

23.435.788

23.882.235

23.208.410

377.373

Струмица

19.212.603

24.499.198

23.087.731

22.266.511

362.057

Кочани

16.705.105

19.651.233

18.853.180

18.403.173

299.239

Кичево

14.152.802

22.169.688

15.828.822

17.383.771

282.663

Гевгелија

11.928.516

13.809.735

20.747.884

15.495.378

251.957

Ресен

9.689.789

10.570.167

12.300.844

10.853.600

176.481

Радовиш

8.907.841

14.994.396

7.973.922

10.625.386

172.771

Гостивар

10.223.768

10.239.547

10.474.113

10.312.476

167.683

Сарај

5.232.468

8.695.762

13.546.668

9.158.299

148.915

Делчево

8.201.788

7.380.323

8.870.527

8.150.879

132.535

Шуто Оризари

6.291.652

6.487.322

8.001.658

6.926.877

112.632

Боговиње

4.390.649

6.234.219

9.439.264

6.688.044

108.749

Крива Паланка

5.077.661

7.969.460

5.951.245

6.332.789

102.972

Виница

5.558.412

7.146.988

5.692.148

6.132.516

99.716

Пробиштип

5.122.505

5.263.174

5.326.631

5.237.437

85.162

Дебар

5.015.603

5.058.656

5.151.538

5.075.266

82.525

Свети Николе

4.073.837

5.846.817

5.223.329

5.047.994

82.081

Неготино

5.055.682

4.817.827

4.979.803

4.951.104

80.506

Теарце

8.723.393

2.850.915

2.464.523

4.679.610

76.091

Петровец

3.966.232

4.160.231

5.651.855

4.592.773

74.679

Валандово

4.146.347

4.233.086

4.918.244

4.432.559

72.074

Богданци

4.292.184

4.396.600

4.432.670

4.373.818

71.119

Берово

3.442.545

4.141.398

3.840.158

3.808.034

61.919

Брвеница

2.707.649

4.758.583

2.965.409

3.477.214

56.540

Крушево

3.400.252

3.430.197

3.527.091

3.452.513

56.138

Дојран

2.598.173

3.649.605

3.570.284

3.272.687

53.214

Чучер Сандево

2.756.656

2.952.169

3.557.971

3.088.932

50.227

Демир Капија

3.116.356

2.882.090

3.107.200

3.035.215

49.353

Јегуновце

1.812.712

4.095.664

2.579.544

2.829.307

46.005

Демир Хисар

2.423.636

3.249.481

2.731.024

2.801.380

45.551

Сопиште

2.320.887

2.527.109

2.324.629

2.390.875

38.876

Босилово

2.047.071

2.456.962

2.333.317

2.279.117

37.059

Росоман

1.455.442

2.719.390

2.563.439

2.246.090

36.522

Дебрца

1.849.644

2.114.762

2.259.612

2.074.673

33.735

Василево

1.661.139

1.924.612

2.277.077

1.954.276

31.777

Кратово

1.704.906

2.060.727

2.047.757

1.937.797

31.509

Ново Село

2.034.592

1.990.184

1.746.853

1.923.876

31.283

Врапчиште

1.661.340

2.162.029

1.913.988

1.912.452

31.097

Желино

1.721.148

1.533.885

2.207.059

1.820.697

29.605

Градско

1.207.945

1.985.567

1.785.453

1.659.655

26.986

Македонски Брод

1.274.779

1.469.490

1.370.089

1.371.453

22.300

Ранковце

646.969

1.807.783

1.628.008

1.360.920

22.129

Студеничани

1.199.195

1.342.352

1.527.855

1.356.467

22.056

Чашка

1.414.806

1.145.670

1.293.287

1.284.588

20.888

Новаци

1.261.353

1.303.436

1.263.724

1.276.171

20.751

Македонска Каменица

1.353.575

1.094.500

1.220.954

1.223.010

19.886

Пласница

679.494

1.084.966

1.696.992

1.153.817

18.761

Зелениково

982.095

1.369.302

870.407

1.073.935

17.462

Липково

897.743

1.283.769

1.023.218

1.068.243

17.370

Кривогаштани

727.177

1.290.926

1.042.195

1.020.099

16.587

Чешиново-Облешево

825.047

1.102.688

924.305

950.680

15.458

Вевчани

966.859

961.579

868.667

932.368

15.160

Пехчево

737.637

853.847

1.115.188

902.224

14.670

Могила

948.939

843.418

830.394

874.250

14.215

Долнени

366.288

423.286

1.583.423

790.999

12.862

Маврово и Ростуше

општината нема податок

539.095

955.256

747.176

12.149

Старо Нагоричане

724.389

664.382

713.314

700.695

11.393

Конче

677.148

624.684

732.865

678.232

11.028

Карбинци

682.738

601.605

689.518

657.954

10.698

Лозово

665.661

616.975

686.890

656.509

10.675

Центар Жупа

230.282

520.183

565.539

438.668

7.133

Зрновци

429.202

493.983

355.741

426.309

6.932

Арачиново

0

0

0

0

0

Општините немаат прецизна евиденција за наплатата на данокот на имот на ниво на издадени решенија по години и оттука дел од приходите во анализираните години вклучуваат и наплати на заостанати решенија од претходни години. Затоа и процентот на наплатата во периодот 2017-2019 година кај општините се движи од 27 % до 126 %. На врвот според процентот на наплата се општините Росоман (126 %) и Ресен (110 %), а на дното се Маврово и Ростуше (27 %) и Студеничани (32 %). Последно е Арачиново каде учинокот е нула, бидејќи општината не ни издава решенија за наплата на данок на имот. 

Ранг листа на општините според процентот на наплата на данокот на имот

ОПШТИНИ

2017

година

2018

година

2019

година

Просек
2017-2019

Росоман

86%

159%

134%

126%

Ресен

81%

87%

163%

110%

Пласница

74%

111%

136%

107%

Пробиштип

108%

105%

104%

106%

Берово

96%

114%

104%

104%

Демир Капија

109%

99%

104%

104%

Ранковце

50%

139%

123%

104%

Брвеница

81%

143%

81%

102%

Виница

93%

118%

91%

101%

Дебар

100%

100%

99%

100%

Прилеп

97%

104%

96%

99%

Карбинци

102%

89%

102%

97%

Македонски Брод

93%

105%

94%

97%

Ѓорче Петров

91%

101%

99%

97%

Велес

89%

98%

102%

97%

Зрновци

98%

111%

79%

96%

Чешиново-Облешево

84%

112%

92%

96%

Македонска Каменица

108%

86%

94%

96%

Илинден

94%

95%

98%

96%

Кавадарци

90%

105%

91%

95%

Аеродром

91%

97%

98%

95%

Новаци

94%

97%

94%

95%

Карпош

90%

98%

97%

95%

Кратово

92%

99%

91%

94%

Лозово

90%

90%

101%

94%

Центар

93%

94%

94%

94%

Свети Николе

76%

109%

95%

93%

Чашка

106%

81%

92%

93%

Демир Хисар

81%

106%

88%

92%

Делчево

97%

86%

88%

90%

Гевгелија

73%

81%

116%

90%

Радовиш

79%

127%

65%

90%

Валандово

85%

86%

98%

90%

Вевчани

94%

93%

83%

90%

Дојран

76%

100%

93%

90%

Крушево

90%

88%

90%

89%

Богданци

89%

90%

89%

89%

Струмица

81%

98%

89%

89%

Ново Село

95%

93%

80%

89%

Босилово

79%

95%

89%

87%

Кривогаштани

62%

111%

88%

87%

Кисела Вода

78%

89%

90%

86%

Дебрца

82%

90%

85%

86%

Бутел

77%

85%

89%

84%

Сопиште

87%

88%

77%

84%

Василево

79%

78%

90%

82%

Неготино

85%

80%

81%

82%

Штип

88%

84%

75%

82%

Крива Паланка

64%

99%

74%

79%

Градско

56%

94%

85%

78%

Чаир

68%

76%

91%

78%

Пехчево

64%

74%

96%

78%

Могила

85%

75%

73%

78%

Зелениково

74%

96%

60%

77%

Охрид

80%

77%

69%

76%

Кочани

96%

30%

99%

75%

Старо Нагоричане

79%

72%

74%

75%

Конче

79%

69%

77%

75%

Битола

80%

78%

63%

73%

Чучер Сандево

68%

68%

78%

71%

Куманово

76%

71%

60%

69%

Јегуновце

44%

99%

63%

69%

Гази Баба

63%

72%

71%

69%

Сарај

46%

69%

90%

68%

Боговиње

45%

64%

96%

68%

Шуто Оризари

62%

66%

74%

67%

Петровец

56%

68%

78%

67%

Струга

64%

64%

64%

64%

Теарце

120%

39%

33%

64%

Кичево

59%

51%

63%

58%

Тетово

55%

60%

50%

55%

Липково

44%

64%

44%

51%

Врапчиште

40%

52%

45%

46%

Желино

40%

36%

51%

42%

Гостивар

40%

39%

39%

40%

Центар Жупа

19%

43%

46%

36%

Долнени

16%

18%

69%

34%

Студеничани

30%

31%

36%

32%

Маврово и Ростуше

Општината нема податок

19%

34%

27%

Арачиново

0%

0%

0%

0%

 

60 % од данокот на имот го собираат 10 општини. Според тригодишните просеци во оваа група се Центар (2,3 милиони евра), Карпош (2 милиони евра), Аеродром (1,4 милиони евра), Кисела Вода (1.3 милиони евра), Гази Баба (1,2 милиони евра), Охрид (1 милион евра), Битола (1 милион евра), Куманово (886 илјади евра), Илинден ( 694 илјади евра) и Кавадарци ( 646 илјади евра).

 

10 општини со најголем просечни годишни приходи од данок на имот 

за периодот 2017-2019 година (од физички и од правни лица)

ОПШТИНИ

Просечна годишна вредност на наплата 2017-2019 (денари)

Просечна годишна вредност на наплата 2017-2019 (евра)

Процент на просечна наплата 2017-2019

Центар

141.613.965

2.302.666

94%

Карпош

124.669.441

2.027.145

95%

Аеродром

84.359.573

1.371.700

95%

Кисела Вода

81.970.317

1.332.851

86%

Гази Баба

76.234.357

1.239.583

69%

Охрид

65.021.559

1.057.261

76%

Битола

63.197.163

1.027.596

73%

Куманово

54.484.630

885.929

69%

Илинден

42.696.765

694.256

96%

Кавадарци

39.733.942

646.080

95%

Оваа ранг-листа се менува доколку се земе предвид наплатата на данокот на имот само од граѓаните. Тогаш на врвот е Општина Карпош со наплатени 1,5 милион евра. Во листата на 10 општини со најголеми приходи влегуваат и Струга и Чаир наместо Илинден и Кавадарци кои позначаен дел од своите приходи од даноци на имот ги наплатуваат од правни лица.

 

10 општини со најголеми просечни годишни приходи од данокот од имот за периодот 2017-2019 (од физички лица)

ОПШТИНИ

Годишна вредност на наплатата 2017-2019 денари

Годишна вредност на наплатата 2017-2019 евра

Просечна наплата 2017-2019

Карпош

94.820.613

1.541.799

97%

Центар

86.519.733

1.406.825

97%

Аеродром

67.866.933

1.103.527

98%

Кисела Вода

63.059.582

1.025.359

94%

Битола

48.364.528

786.415

77%

Охрид

46.168.777

750.712

73%

Куманово

42.213.508

686.399

67%

Гази Баба

38.515.175

626.263

78%

Струга

30.944.713

503.166

61%

Чаир

30.778.257

500.459

80%

Во листата на општини со најголеми приходи од правни лица се општините чии приходи на годишно ниво се движат од 895 до 212 илјади евра. Нова општина која ја немаше во претходните ранг листи е Општина Штип. 

10 општини со најголеми просечни годишни приходи од данокот од имот за периодот 2017-2019 (од правни лица)

ОПШТИНИ

Годишна вредност на наплатата 2017-2019 денари

Годишна вредност на наплатата 2017-2019 евра

Просечна наплата 2017-2019

Центар

55.094.231

895.841

89%

Гази Баба

37.719.182

613.320

62%

Илинден

35.994.025

585.269

100%

Карпош

29.848.828

485.347

89%

Кавадарци

20.358.018

331.025

92%

Кисела Вода

18.910.735

307.492

67%

Охрид

18.852.782

306.549

84%

Аеродром

16.492.639

268.173

86%

Битола

14.832.635

241.181

65%

Штип

13.083.428

212.739

83%

 

Во однос на осумте региони во земјава, исто така постојат разлики во процентите на наплата на данокот на имот. Најголема просечна наплата има кај општините од Вардарскиот Регион од 96 %, а добро стои и Источниот Регион со наплата од 93 %. Најслаба наплата од само 57 % има во Полошкиот Регион, а по него, со послаба наплата е најголемиот регион, Скопскиот, од 74 %.

slika 002 

Инаку, стапките на данокот на имот се утврдени во член 3 од Законот за даноците на имот и тие се пропорционални и изнесуваат од 0,10 % до 0,20 % од пазарната вредност на имотот. Висината на стапките, со одлука, ја утврдува советот на општината и Советот на градот Скопје. 

Базата на податоци за пресметани и наплатени даноци на имот за периодот 2017 – 2019 година на ниво на сите општини во земјата, во отворен формат, е дадена во прилог на оваа анализа. 

 

Ова истражување и базата на податоци се подготвени од Центарот за граѓански комуникации во рамки на Проектот за граѓанско учество со поддршка на  американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината во ова истражување и во базата на податоци е одговорност на авторите и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.