Финансиска анализа на работењето на државните претпријатија (2015-2019 година)
- 15/01/2021
Финансиска анализа на работењето на државните претпријатија
АД Електрани на Северна Македонија
Број на вработени за 2019: 4.751 лица | Години | ||||
---|---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
12.752.734.558 ден. | 13.740.748.747 ден. | 13.468.048.477 ден. | 13.941.083.401 ден. | 16.075.406.675 ден. |
Вкупните приходи во 2019 година се помали за околу 21 % во однос на 2015 година. Во исто време, бројот на вработените пораснал за 5 % и изнесувал 4.751. Сепак, претпријатието работи профитабилно благодарение на поекономичното работење, во 2018 година имало највисока профитабилност со стапка од 12,2 %; во 2019 година профитабилноста паднала на само 1,5 % (просек на 30-те претпријатија за петте години: 6 %).
ЈП за државни патишта, Скопје
Број на вработени за 2019: 457 лица | Години | ||||
---|---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
8.583.374.230 ден. | 7.653.790.913 ден. | 8.997.297.157 ден. | 6.352.384.970 ден. | 5.836.480.098 ден. |
Бројот на вработени за 5 години пораснал за 23 %, но истовремено и приходите се зголемиле за 47 %. Претпријатието има висока профитабилност од 34,8 % просечно, односно 33,6 % за 2019 година, што е значително над просекот. Претпријатието ја подобрува својата позиција во однос на добавувачите. Обврските ги плаќа просечно за 228 дена, но во 2019 година овој индикатор е значително подобар и изнесува дури 43 дена.
АД МЕПСО Скопје
Број на вработени за 2019: 653 лица | Години | ||||
---|---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
5.456.517.720 ден. | 6.147.788.903 ден. | 5.529.187.817 ден. | 5.162.551.338 ден. | 5.237.528.283 ден. |
Бројот на вработените за 5 години пораснал за 26 %, а на приходите за 4,18 %. Профитабилноста на претпријатието за петте години е променлива и главно зависи од набавната цена на електричната енергија за одделни периоди. Највисока профитабилност претпријатието има во 2015 година (13,5 %), а најмала во 2016 година (3 %), додека стапката на профитабилност за 2019 година изнесува 8,2 %.
ЈСП Скопје
Број на вработени за 2019: 1.298 лица | Години | ||||
---|---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
7.787.321.183 ден. | 1.858.687.165 ден. | 1.683.279.720 ден. | 1.544.732.307 ден. | 1.850.176.672 ден. |
Изворите на финансирање на средствата покажуваат дека претпријатието целосно ги има подјадено сопствените извори на финансирање и дека се работи за компанија што ја поседуваат доверителите. Кредитната способност покажува дека финансиските можности на претпријатието се слаби и дека самофинансирањето е негативна големина.
ЈП Национални шуми, п.о Скопје
Број на вработени за 2019: 1.274 лица | Години | ||||
---|---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
1.661.793.467 ден. | 1.679.017.907 ден. | 1.715.605.872 ден. | 1.636.015.794 ден. | 1.777.109.154 ден. |
Бројот на вработените за 5 години се намалил за 4,5 %, додека вкупните приходи бележат пораст од високи 838 %. Претпријатието успева да работи позитивно, покривајќи ги вкупните расходи во целост и остварувајќи вишок приходи (за 2019 година 2 %). Но, односот на финансиските приходи и финансиските расходи е негативен со оглед на тоа дека честопати за некакви проектни набавки претпријатието се задолжува кај финансиски институции.
ЈП Водовод и канализација - Скопје
Број на вработени за 2019: 1.255 лица | Години | ||||
---|---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
1.445.819.215 ден. | 1.401.091.803 ден. | 1.510.478.358 ден. | 1.614.530.435 ден. | 1.429.259.240 ден. |
Претпријатието остварило нето-добивка за 2019, за разлика од 2018 година, кога искажало загуба во износ од 54.280.652 денари (883 илјади евра). Со загуба работело и во 2015 година. Наплатата на побарувањата има тренд на подобрување на 163 дена за 2019 година. За разлика од наплатата, обврските во просек за анализираниот период ги плаќа за 1.656 дена, а во 2019 година овој рок изнесува 1.636 дена.
Железници на РСМ Транспорт АД - Скопје
Број на вработени за 2019: 933 лица | Години | ||||
---|---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
1.313.241.266 ден. | 1.214.136.296 ден. | 1.182.612.045 ден. | 1.229.164.996 ден. | 1.672.266.856 ден. |
Вкупните приходи во 2018 година се помали за 21 % во однос на 2019 година, а бројот на вработените се намалил за 18,6 %. Претпријатието постојано искажува загуба во работењето во анализираниот 5-годишен период. Кредитната способност покажува дека вкупните долгови на претпријатието се поголеми од нејзиниот капитал и резерви.
ЈП Комунална хигиена - Скопје
Број на вработени за 2019: 1.337 лица | Години | ||||
---|---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
1.231.721.901 ден. | 1.196.348.618 ден. | 1.206.569.274 ден. | 1.273.868.303 ден. | 1.180.622.519 ден. |
Вкупните приходи во 2019 година се поголеми за околу 4,3 % во однос на вкупните приходи искажани во 2015 година. Во исто време, бројот на вработените се зголемил за 4,2 %. Наплатата на побарувањата на претпријатието изнесува 80 дена просечно, а плаќањето на обврските за 74 дена. Сопствените извори на финансирање на средствата се високи и ја покажуваат финансиската стабилност на претпријатието.
АД Пошта на Северна Македонија
Број на вработени за 2019: 2.054 лица | Години | ||||
---|---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
1.197.759.105 ден. | 1.184.838.614 ден. | 1.210.433.687 ден. | 1.358.846.391 ден. | 1.372.713.191 ден. |
Трета година по ред претпријатието искажува загуба. Трендот на намалување на приходите за 12,8 %, споредено меѓу 2019 и 2015 година, и намалувањето на бројот на работниците за 9,7 % не биле проследени со соодветно намалување на расходите.
ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта
Македонијапат - Скопје
Број на вработени за 2019: 714 лица | Години | ||||
---|---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
1.146.247.450 | 1.134.679.484 ден. | 985.280.799 ден. | 1.013.059.896 ден. | 772.563.543 ден. |
Компанијата, на крајот од 2019 година, има основна главнина, резерви и тековна добивка во износ од 132.662.916 денари, а пренесена загуба од дури 760.391.147 денари. Загубата за 6 пати ги надминува капиталот и резервите. Обврските на компанијата на крајот од 2019 година изнесуваат 1.181.609.987 денари и се повисоки за повеќе од 9 пати од капиталот и резервите на компаниите. Компанијата е „поседувана“ од доверителите. Вистинско решение за ваквата состојба е санирање на компанијата.
АД М-НАВ Скопје
Број на вработени за 2019: 300 лица | Години | ||||
---|---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
1.092.607.167 ден. | 1.054.513.987 ден. | 948.534.537 ден. | 803.750.642 ден. | 785.091.269 ден. |
Вкупните приходи во 2019 година бележат раст од 39,2 %, споредени со 2015 година. Бројот на вработените во 2019 година изнесува 300 лица, што е зголемување во однос на 2015 година (270 лице) за 11 %. Средствата што ги поседува претпријатието 88 % се финансирани од сопствени извори, додека 12 % од поседуваните средства се набавени на товар на добавувачите (кредиторите).
Национална радиотелевизија - Скопје
Број на вработени за 2019: 773 лица | Години | ||||
---|---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
928.826.715 ден. | 949.925.484 ден. | 1.037.492.576 ден. | 1.189.828.620 ден. | 1.284.215.273 ден. |
Вкупните приходи во 2019 година се помали за 28 % во однос на 2015 година. Во истиот период, бројот на вработените се намалил за 15 %. Претпријатието не врши доволна контрола на трошоците и покрај намалувањето на бројот на вработени.
ЈП за железничка инфраструктура МЖ - Скопје
Број на вработени за 2019: 955 лица | Години | ||||
---|---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
874.246.392 ден. | 920.734.461 ден. | 834.759.199 ден. | 863.480.479 ден. | 966.931.130 ден. |
Претпријатието постојано искажува загуба во работењето во анализираниот 5-годишен период. Вкупната загуба изнесува 2.756.329.216 денари (околу 44,8 милиони евра). Средствата што ги поседува претпријатието 92 % се финансирани од сопствени извори, додека 8 % од поседуваните средства се набавени на товар на добавувачите (кредиторите).
АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор
од значење за Републиката
Број на вработени за 2019: 362 лица | Години | ||||
---|---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
831.452.350 ден. | 880.231.606 ден. | 912.367.049 ден. | 995.060.168 ден. | 1.596.965.184 ден. |
Вкупните приходи во 2019 година се помали за 47,9 % во однос на 2015 година. Во исто време, бројот на вработените се зголемил од 317 во 2015 година на 362 вработени во 2019 година (14 %). Кредитната способност покажува дека вкупните долгови на претпријатието се половина од нејзиниот капитал и резерви (42 % во просек и 45 % во 2019 година), а степенот на самофинансирање е исто така слаб (27 % просечно, односно 26 % за 2019 година).
АД Водостопанство на РСМ
Број на вработени за 2019: 539 лица | Години | ||||
---|---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
618.254.890 ден. | 657.690.938 ден. | 591.219.274 ден. | 579.676.230 ден. | 188.906.395 ден. |
Просечната стапка на профитабилност на претпријатието од 8,7 % e повисока од онаа на анализираните претпријатија, која изнесува 6%. Од средствата што ги поседува претпријатието, 24 % се финансирани од сопствени извори (за 2019 година овој процент изнесува само 6 %), додека 76 % (за 2019 година овој процент изнесува 94 %) од поседуваните средства се набавени на товар на добавувачите (кредиторите).
ЈП Паркови и зеленила - Скопје
Број на вработени за 2019: 513 лица | Години | ||||
---|---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
470.154.071 ден. | 455.669.275 ден. | 417.798.634 ден. | 421.323.679 ден. | 388.815.780 ден. |
Во три од анализираните четири години претпријатието работи со загуби. Освен за 2016 година, за останатите години искажана е загуба во вкупен износ од 34.137.349 денари (555.000 евра). Во исто време, бројот на вработените е намален за 5%. Односот на финансиските приходи и финансиските расходи е негативен во просек и изнесува –92%.
ЈП за комунални дејности Комуналец Ц.О Струмица
Број на вработени за 2019: 382 лица | Години | ||||
---|---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
312.487.212 ден. | 317.126.060 ден. | 269.672.226 ден. | 301.532.485 ден. | 297.516.710 ден. |
Претпријатието работи со добивки во анализираниот период, вкупните расходи ги покрива со вкупните приходи и остварува вишок од 3 % во анализираниот период од 5 години. Претпријатието ги наплатува побарувањата за 449 дена просечно за петте години, односно за 461 ден за 2019 година. Претпријатието ги плаќало обврските за 437 дена во просек за анализираниот период, а во 2019 година овој рок е зголемен на 581 ден. Претпријатието има најголем процентуален пораст на бројот на вработените од сите 30 анализирани претпријатија за петте години, со процент на пораст од 59,2 % (од 240 вработени во 2015 на 382 вработени во 2019 година).
ЈП Улици и патишта Скопје
Број на вработени за 2019: 272 лица | Години | ||||
---|---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
336.046.886 ден. | 306.228.168 ден. | 381.454.915 ден. | 280.434.448 ден. | 241.625.375 ден. |
Вкупните приходи на ЈП Улици и патишта Скопје во 2019 година се поголеми за 39,1 % во однос на вкупните приходи искажани во 2015 година, а бројот на вработените е зголемен за 14,3 %. Просечната стапка на профитабилност на претпријатието изнесува 10,9 %. Претпријатието ги наплатува побарувањата за 202 дена просечно, а обврските ги плаќало за 234 дена просечно.
ЈП Национална Радиодифузија - Скопје
Број на вработени за 2019: 141 лица | Години | ||||
---|---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
291.046.805 ден. | 302.376.440 ден. | 290.109.154 ден. | 352.761.286 ден. | 391.751.978 ден. |
Вкупните приходи на претпријатието во 2019 година се помали за 25,7 % во однос на 2015 година, а бројот на вработените е намален за 17,1 %. Но, просечната стапка на профитабилност на претпријатието е висока и изнесува 24,6 % просечно за анализираниот период, а за 2018 година дури 36,0 %. Профитабилноста на компанијата е неколкукратно повисока од онаа на анализираните претпријатија.
Меѓуопштинско ЈП ПРОАКВА Струга
Број на вработени за 2018: 455 лица | Години | |||
---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
287.001.494 ден. | 217.357.978 ден. | 216.328.512 ден. | 213.287.556 ден. |
Претпријатието е ликвидирано во 2019, и за последната година од оваа анализа истото не е земено предвид. За останатиот четиригодишен период, со исклучок на 2018, во сите останати години остварена е нето-загуба. Во периодот од 2015 до 2018 година, вкупните приходи на претпријатието имаат нагорен тренд (зголемени за 34,6 %). Во истиот период претпријатието го има намалено бројот на вработените за 7,3 %. Претпријатието со сопствени извори финансира само 10 % од своите средства, а останатите 90 % од средствата се набавени на товар на добавувачите (кредиторите).
ЈКП Водовод Битола
Број на вработени за 2019: 215 лица | Години | ||||
---|---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
250.489.821 ден. | 242.344.851 ден. | 228.137.039 ден. | 233.701.754 ден. | 231.947.624 ден. |
Вкупните приходи во 2019 година се поголеми за 8 % во однос на вкупните приходи искажани во 2015 година. Претпријатието искажува загуба за 2017 година во износ до 26.316.409 денари (428.000 евра). Бројот на вработените во 2015 година изнесувал 230 и се намалил на 215 вработени во 2019 година, односно бројот на вработените се намалил за 6,5 %. Просечната стапка на профитабилност на претпријатието е ниска и изнесува само 0,3 %.
ЈП за комунално-производни и услужни работи ИСАР ПО Штип
Број на вработени за 2019: 320 лица | Години | ||||
---|---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
224.247.312 ден. | 230.689.393 ден. | 224.853.403 ден. | 231.826.016 ден. | 219.127.264 ден. |
Вкупните приходи во 2019 година се поголеми за околу 2,3 % во однос на 2015 година. Во исто време, бројот на вработените се намалил за 1,8 %. Кредитната способност покажува дека вкупните долгови на претпријатието во просек се незначително пониски од нивниот капитал и резерви и изнесува 97 %, додека степенот на самофинансирање е во безбедна зона, со просечни 80 % (80 % во 2019 година).
ЈП Водовод Куманово со Ц.О Куманово
Број на вработени за 2019: 223 лица | Години | ||||
---|---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
221.042.509 ден. | 221.413.264 ден. | 219.682.253 ден. | 220.428.388 ден. | 219.377.328 ден. |
Профитабилноста на претпријатието во анализираниот период е променлива. Најголема нето-добивка претпријатието има во 2019 година, додека во 2017 и 2018 остварува нето-загуба. Претпријатието главно се финансира со задолжување. Само 18 % од средствата претпријатието ги финансира со сопствени извори, додека останатите 82 % се набавени на товар на добавувачите (кредиторите). Претпријатието не е економично. Во анализираниот период, вкупните приходи ги покриваат вкупните расходи и остваруваат вишок од незначителен 1%.
ЈП Стрежево Битола
Број на вработени за 2019: 238 лица | Години | ||||
---|---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
243.126.560 ден. | 212.073.632 ден. | 227.327.767 ден. | 223.947.196 ден. | 219.867.376 ден. |
Во сите години што се предмет на оваа анализа претпријатието остварува нето-загуба. Претпријатието не е економично. Не успева да ги покрие вкупните расходи со вкупните приходи, односно со вкупните приходи остава непокриени –51 % од вкупните расходи во анализираниот период. Овој показател за 2019 година изнесува –50 %.
АД ГРАДСКИ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР - Скопје
Број на вработени за 2019: 204 лица | Години | ||||
---|---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
224.103.839 ден. | 210.078.805 ден. | 202.107.168 ден. | 230.087.124 ден. | 232.184.660 ден. |
Претпријатието не работи профитабилно. Во просек, во анализираниот 5-годишен период, претпријатието остава –13 % од вкупните расходи непокриени со вкупните приходи. Во 2019 година овој показател е влошен и изнесува –16 %. Во исто време, бројот на вработените пораснал за 7,9 % во петгодишниот период. Со оглед на тоа што ГТЦ се финансира со сопствени средства и има ниски финаниски расходи, проблемот на претпријатието лежи во ниските оперативни приходи.
ЈКП Тетово ц.о Тетово
Број на вработени за 2019: 189 лица | Години | ||||
---|---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
323.333.732 ден. | 207.222.062 ден. | 202.973.501 ден. | 194.494.870 ден. | 192.184.796 ден. |
Во три од анализираните години (од 2016 до 2018), претпријатието искажува загуба. Приходите во 2019 бележат зголемување од 68,2 % во однос на 2015, а бројот на вработените се намалил за 21,3 %. Наплатата на побарувањата на претпријатието изнесува 1.146 дена просечно, а обврските во просек за анализираниот период ги плаќало за 1.229 дена.
ЈКП Водовод Кочани
Број на вработени за 2019: 227 лица | Години | ||||
---|---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
228.786.510 ден. | 203.212.219 ден. | 182.076.691 ден. | 176.252.263 ден. | 175.725.595 ден. |
Претпријатието работи позитивно во анализираниот период, остварува вишок од 1% во анализираниот период од 5 години, а за 2019 година расходите се речиси еднакви на приходите. Претпријатието ги наплатува побарувањата на претпријатието за 473 дена просечно, а обврските во просек за анализираниот период ги плаќало за 160 дена.
АД за производство на електрична енергија, ТЕЦ Неготино
Број на вработени за 2019: 208 лица | Години | ||||
---|---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
194.553.764 ден. | 195.047.383 ден. | 184.377.429 ден. | 194.747.512 ден. | 193.314.390 ден. |
Претпријатието работи позитивно во анализираниот период, односно остварува вишок од 5 %. Од средствата што ги поседува претпријатието, 99 % се финансирани од сопствени извори, додека 1 % од поседуваните средства се набавени на товар на добавувачите (кредиторите).
ЈКП Дервен Велес
Број на вработени за 2019: 302 лица | Години | ||||
---|---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
194.468.988 ден. | 179.390.603 ден. | 189.623.480 ден. | 190.378.997 ден. | 193.415.915 ден. |
Претпријатието искажува загуба за 2018 и 2019 година, како и тренд на стагнирање на вкупните приходи (во 2019 стапката на пораст, споредена со 2015 година, изнесува само 0,5 %). Во анализираниот период бројот на вработените е намален за 8,8 %. Просечната стапка на профитабилноста за анализираните 5 години изнесува 2,8 %. Претпријатието ги наплатува побарувањата за 598 дена просечно, а обврските, во просек за анализираниот период, ги плаќало за 167 дена.
АД Државна лотарија
Број на вработени за 2019: 51/b> лица | Години | ||||
---|---|---|---|---|---|
Вкупно приходи по години | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
557.133.940 ден. | 396.455.438 ден. | 282.138.473 ден. | 199.305.238 ден. | 131.924.377 ден. |
Вкупните приходи на претпријатието во 2019 година бележат раст од 322,3 % споредени со 2015 година. Во истиот период, бројот на вработените бележи раст од 37,8 %. Односот на финансиските приходи и финансиските расходи е високопозитивен. Претпријатието е високоликвидно. Паричните средства се доволни за покривање на краткорочните обврски (моменталната ликвидност во просек е 154 %, односно 219 % во 2019 година).