База на податоци: Број на вработени по сите основи во министерствата и во општините
База на податоци на вработени во општини и министерства 2017-2020
Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната
Од 2017 до 2020 година, бројот на вработени во министерствата пораснал за 3, а во општините за 2 проценти. Најголем скок на бројот на нововработени има во полицијата, а најголем пад во одбраната. Во министерствата и во Владата има 540 повеќе вработени или ангажирани луѓе, а во општините 154. Бројот на привремено вработени во министерствата скокнал за повеќе од 300 проценти. Кај општините, пак, бројот на ангажираните на договор на дело се намалил за 31 процент.
Од јануари 2017 до февруари 2020 година, во министерствата и во Владата се вработени или ангажирани 540 повеќе луѓе. Од овие новопримени или ангажирани луѓе, во редовен работен однос се примени 154, на договор на дело се ангажирани 177, а привремено се вработени 209 луѓе. Додека бројот на нововработени е зголемен за 0,9 проценти, бројот на ангажирани на договор на дело скокнал за 125 проценти, а привремено се вработени дури 337 проценти повеќе луѓе.
Број на вработени по сите основи на 31.12.2016 и на 29.02.2020 година
Министерства и Влада |
2016 |
2020 |
промена |
% промена |
Редовен однос |
17002 |
17156 |
154 |
0,9 % |
Привремено вработување |
62 |
271 |
209 |
337, 1 % |
Договор на дело |
141 |
318 |
177 |
125,5 % |
Вкупно |
17205 |
17745 |
540 |
3,1 % |
По институции, во споменатиот период од три години, најмногу нововработени или ангажирани луѓе во апсолутен број имало во Министерството за внатрешни работи – 570 што е зголемување од скоро 5 %. Сепак, во процентуален износ, најмногу нововработени или ангажирани имало во Министерството за култура, дури 23,7 %.
Спротивно, најголемо намалување на вработените или ангажираните луѓе во апсолутен износ имало во Министерството за одбрана – 168 луѓе или 18,6 % помалку. Процентуално, пак, најголемо намалување на вработените или ангажираните луѓе од 20,2 % имало во Министерството за труд и социјална политика.
Министерства со најголем пораст и со најголемо намалување на бројот на вработени (31.12.2016-29.02.2020)
1 |
МВР |
+570 |
|
1 |
Одбрана |
-168 |
2 |
Земјоделство |
+68 |
|
2 |
Труд и социјала |
-73 |
3 |
Влада |
+63 |
|
3 |
Министерство за надворешни работи |
-32 |
4 |
Култура |
+42 |
|
4 |
Здравство |
-23 |
5 |
Министерство за информатичко општество и администрација |
+41 |
|
5 |
Животна средина |
-8 |
Кога станува збор за одделните категории вработени, најголем пораст на нововработени во редовен работен однос, односно 515, имало во Министерството за внатрешни работи. Кај привремените вработувања, најмногу нови, 48, имало во Министерството за земјоделство. Кај ангажирањето преку договорите на дело, најмногу нови, 69, имало во Владата.
Инаку, најмногу вработени по сите основи има Министерството за внатрешни работи – 12.263, по што следува Министерството за земјоделство со 1 096. Најмалку вработени, односно 60 луѓе, има Министерството за локална самоуправа, а следно со 163 луѓе е Министерството за здравство.
Помалку договори на дело кај општините
Кај општините, во споменатиот период од три години, вкупно се вработени или ангажирани нови 154 луѓе. Овде, бројот на нововработени пораснал за 2 %, но на оние со привремено вработување скокнал за 25 %. Бројот на луѓе ангажирани на договор на дело по општините се намалил за 31 %.
Број на вработени по сите основи на 31.12.2016 и на 29.02.2020 година
Општини |
2016 |
2020 |
промена |
% промена |
Редовен однос |
5545 |
5656 |
111 |
2,0 % |
Привремено вработување |
941 |
1176 |
235 |
25,0 % |
Договор на дело |
620 |
428 |
-192 |
-31,0 % |
Вкупно |
7106 |
7260 |
154 |
2,2 % |
По одделни општини, рекордер и според апсолутниот и според процентуалниот износ на зголемување на бројот на нововработени или ангажирани луѓе е Општина Бутел, која во 2020 споредено со 2017 имала 122 повеќе луѓе, односно 207 % зголемување на кадарот. Втора, исто така и апсолутно и процентуално е Општина Кавадарци со 87 луѓе или 77 % повеќе вработени или ангажирани луѓе.
Спротивно, најголемо намалување има кај вработените или ангажираните во Општина Карпош, која има намалување од 124 луѓе. Процентуално, пак, најголемо намалување има кај Општина Чашка, односно 64,6 % помалку вработени или ангажирани луѓе.
Општини со најголем пораст и со најголемо намалување на бројот на вработени (31.12.2016-29.02.2020)
1 |
Бутел |
+122 |
|
1 |
Карпош |
-124 |
2 |
Кавадарци |
+87 |
|
2 |
Чашка |
-64 |
3 |
Град Скопје |
+53 |
|
3 |
Ресен |
-53 |
4 |
Кисела Вода |
+39 |
|
4 |
Куманово |
-48 |
5 |
Прилеп |
+33 |
|
5 |
Струмица |
-29 |
По одделни категории вработени или ангажирани, најмногу нововработени во редовен работен однос, 35, има Општина Куманово. Кај привремените вработувања, најмногу нови, односно 89 има Општина Бутел, додека кај договор на дело, најмногу новоангажирани по оваа основа, по 15 имаат Општина Бутел и Општина Гевгелија.
Спротивно, најголемо намалување на вработените во редовен работен однос од дури 49 луѓе има Општина Тетово, најголемо намалување на привремено вработени од дури 108 луѓе има Општина Карпош, додека најголемо намалување на ангажираните по договор на дело, односно 57 луѓе помалку има Општина Ресен.
Најмногу вработени или ангажирани луѓе меѓу единиците на локална самоуправа има Градот Скопје, 747 луѓе, а од другите општини следна е Карпош која има 312 луѓе, иако во анализираниот период го намалила бројот на вработени или ангажирани за 124 луѓе. Над 300 вработени има уште само и Општина Охрид, 308.
Методолошки напомени
Истражувањето е спроведено врз основа на одговорите на институциите на барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер за бројот на вработени во редовен работен однос, преку привремени вработувања и со договор на дело на 31.12.2016 и на 29.02.2020 година. На барањата не одговорија Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и Општина Сарај, додека Општина Тетово одговори само делумно. Оттука, во пресметките за вкупниот број вработени во министерствата не е вклучено новоформираното Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.
Инаку, анализата се објавува заедно со база на отворени податоци во отворен формат во која се содржани податоците за бројот на вработени по сите основи, во Владата, министерствата и општините.
Ова истражување и базата на податоци се подготвени од Центарот за граѓански комуникации со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината во ова истражување и во базата на податоци е одговорност на авторите и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.