Индекс на рационалност на компатибилни тонери
Центарот за граѓански комуникации го изработува индексот на рационалност преку споредба на цените по коишто различните институции купуваат исти производи, услуги или работи. Соодносот на најниската и највисоката цена за набавка на компатибилен тонер изнесува 1:2, што значи дека највисоката цена платена од Агенцијата за странски инвестиции е двојно повисока од најниската евидентирана кај Агенцијата за цивилно воздухопловство.
целосна вест