Индекс на рационалност на оригинални тонери

  • 12/1899

Индексот на рационалност за тонери укажува на значајни разлики во цените на овој канцелариски потрошен материјал. Притоа, во набавка на оригиналните тонери, цените се движат од 3.622 до 4.552 денари упатувајќи на разлики во цените и до една четвртина. Со вака постигнатите цени, произлегува дека институциите преку јавните набавки не успеале да обезбедат цени кои би биле значајно пониски од пазарните.

Инаку, индексот на рационалност за оргинални тонери е изработен за тонери НР кои се сродни, и тоа P1100; P1005/100 и 1522nf. 

За изработката на овој индекс, барање за информациите за цените по кои ги купувале своите тонери беа доставени до сите државни агенции. Од 23 агенции евидентирани во ЕСЈН како договорни органи, само 11 се вклучени во изработка на индексот бидејќи дел од останатите агенции или не користеа сродни тонери, или, и покрај барањата и потсетувањата, не ги доставија информациите. Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер не го испочитуваа Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот – Струга и Агенцијата за храна и ветеринарство. 

Соодносот на најниската и највисоката цена за набавка на оригинален тонер изнесува 1:1,26 што значи дека највисоката цена е за 26% повисока од најниската. Просечната цена по која агенциите ги купувале оригиналните тонери изнесува 4.076 денари, што е на ниво на висока пазарна цена. 

Гледано од аспект на спроведените постапки, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, која платила најниска цена за тонерите, ги купила заедно со фотоќелии во мала набавка, со постапка за прибирање понуди. Наспроти ова, Агенцијата за администрација, која за набавка на тонерите ја платила и највисоката цена, ја применила нетранспарентната постапка со преговарање без претходно објавување оглас. Оттука може да се констатира дека разликите во цената за набавка на оригинални тонери и може да се оправдаат со применетите постапки. Имено, постапката со преговарање без претходно објавување оглас упатува на склучување директен договор со една фирма, без да се овозможи конкуренција и натпревар помеѓу фирмите. 

 

Број на купени оригинални тонери

Договорен орган Број на тонери
Агенција за супервизија на осигурувањето 
Агенција за државни патишта  1
Агенција за млади и спорт  1
Агенција за регулирање на железничкиот сектор
Агенција за администрација  33

Како што може да се види од горенаведената табела, Агенцијата за администрација, која за тонерите плаќа околу 12% над просечната цена, ги купила и најголемите количини, што говори за отсуство на економската логика со поголема количина да се обезбеди и пониска цена.