Индекс на рационалноста за масло за горење - екстра лесно ЕЛ-1

  • 07/2012

За разлика од другите индекси каде се врши споредба на цените, овој индекс се изработува низ споредба на попустите што институциите успеваат да ги обезбедат за набавка на маслото за горење - екстра лесно ЕЛ-1, чија цена ја одредува Регулаторната комисија за енергетика на РМ. Оттука натпреварот на фирмите-добавувачи во овие тендери е кој ќе даде поголем попуст. Индексот упатува на огромни разлики со тоа што Општина Берово која успеала да постигне најниска цена со попуст од 9,73 денари за литар масло, додека пак Средното училиште Богданци обезбедило попуст од само 0,42 денари за литар гориво. Гледано во однос на 2011 година, во рационалноста на набавката на маслото за горење - екстра лесно ЕЛ-1 мора да се констатира влошување на состојбата. Просечниот попуст што го обезбедиле институциите во набавките на овој производ во 2012 година изнесува околу 5 проценти додека во индексот од 2011 година тој изнесуваше двојно повеќе односно 11 проценти. 

Во изработка на индексот на рационалност за масло за горење - екстра лесно ЕЛ-1 требаше да бидат вклучени 10 институции што објавиле оглас за ваква набавка во првиот квартал од 2012 година. Сепак индексот е изработен со само 5 од нив бидејќи на ДСУ Искра – Штип избраните понудувачи ù се откажале од 13 склучување на договорот, додека пак одговор за побараните информации не беше доставен од НУ Завод и Музеј – Битола, НУЦК "Антон Панов" Струмица, ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми – Скопје и Општина Ресен. Како што може да се види од табелата за индексот на рационалност, просечниот попуст кои успеале да го обезбедат овие пет договорни органи за набавка на ЕЛ-1 изнесува само 3,16 денари за еден литар. За големите разлики најдобро говорат најголемиот и најмалиот попуст каде попустот обезбеден од Општина Берово е за дури 207,92% поголем од просечниот, додека пак најмалиот обезбеден попуст е за 86,71% помал од просечниот. Постигнатите цени можат делумно да се објаснат со применетите постапки за јавни набавки и со применетите критериуми за избор на најповолна понуда. Најниската цена е постигната низ отворена постапка во која како критериум за избор на најповолна понуда е користена 'најниска цена', додека пак највисоката цена е постигната во постапка со прибирање на понуди со објавување на оглас каде како критериум за избор се користела 'економски најповолна понуда' (цена - 80 бодови, начин и рок на плаќање - 20 бодови). За значајноста на добиените попусти најдобро говори фактот дека Општина Берово преку одобрениот попуст го намалила трошокот за 924.350 денари. Наспроти тоа доколку 95-те илјади литри масло се купеле со најмалиот попуст тогаш општината ќе заштедеше само 40.000 денари. 

Купени количини на масло за горење - екстра лесно (ЕЛ-1) 

Договорен орган Количини во литри
Општина Берово 95.000
ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп 83.000 
Средно училиште „Кочо Рацин“ - Скопје 30.000 
„Економски факултет“ - Прилеп 80.000 
Средно училиште „Богданци“ – Богданци  12.000

Иако постојат значајни разлики во купените количини на масло од страна на договорните органи со најниска и со највисока цена, сепак како што може да се 14 види од претходната табела тие не се толку големи за да ја оправдаат разликата во постигнатите попусти.