Индекс на рационалност за РТГ филмови за рентген снимки

  • 10/2013

Здравствените институции ги купувале РТГ филмовите од неколку различни добавувачи, во различни количини, но по идентична цена. Индексот на рационалност за овој производ покажува дека разлики во цените не постојат, иако за РТГ филмовите надлежните институции не определуваат максимални цени. Притоа, како што може да се види од следните три табеларни прикази, до оваа констатација се доаѓа кога ќе се споредат РТГ филмовите со три различни димензии (18х24; 24х30 и 35х35 см) кои се најчесто користени. Оттука, пакување од 100 РТГ филма со димензии 18х24 см во сите здравствени институции е купуван по цена од 2.336 денари со ДДВ. Пакувањето од 100 РТГ филма со димензии од 24х30 см сите институции го купувале по цена од 3.894 денари. А, како што може да се види од третиот табеларен приказ кутија од 100 РТГ филма со димензии 35х35 см секаде е купувана по цена од 6.832 денари. При купувањето на овој потрошен медицински материјал сите здравствени институции примениле транспарентна постапка или со барање за прибирање на понуди или со отворени постапки. Разлики во цените не се евидентирани иако некој од здравствените институции постапките на крајот ги завршувале со е- аукција, а други не поради отсуство на конкуренција.

                                                 Индекс на рационалност за РТГ филм

                                               (цена за 100 РТГ филма со димензии 18x24) 

Договорен орган Цена во денари со ДДВ
 ЈЗУ Општа болница “Куманово“  2336
 ЈЗУ Општа болница, Струга  2336
 ЈЗУ Здравствен дом “Д-р Русе Бошковски“, Маврово-  Ростуше  2336
 ЈЗУ Здравствен дом, Виница  2336
 Просек  2336
 ЈЗУ Здравствен дом, Радовиш  2336
 ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести “Св.наум  Охридски“, Скопје  2336
 ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија,  Скопје  2336
 ЈЗУ Клиника за радиологија Скопје  2336

 

                                                 Индекс на рационалност за РТГ филм

                                               (цена за 100 РТГ филма со димензии 24x30)

 Договорен орган  Цена во денари со ДДВ
 ЈЗУ Општа болница “Куманово“ 3.894  
 ЈЗУ Општа болница, Струга 3.894
 ЈЗУ Здравствен дом “Д-р Русе Бошковски“, Маврово- Ростуше 3.894 
 Просек* 3.894  
 ЈЗУ Здравствен дом, Виница 3.894 
 ЈЗУ Здравствен дом, Радовиш 3.894  
 ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести “Св.наум Охридски“, Скопје 3.894  

 

Индекс на рационалност за РТГ филм

(цена за 100 РТГ филма со димензии 35x35) 

Договорен орган Цена во денари со ДДВ
ЈЗУ Општа болница “Куманово“ 6.832
ЈЗУ Општа болница, Струга 6.832
ЈЗУ Здравствен дом “Д-р Русе Бошковски“, Маврово- Ростуше 6.832
ЈЗУ Здравствен дом, Виница 6.832
Просек* 6.832
ЈЗУ Здравствен дом, Радовиш 6.832
ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести “Св.наум Охридски“, Скопје 6.832
ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија, Скопје  6.832

 

Во изработка на индексот беа вклучени 11 договорни органи кои спровеле постапка за јавна набавка за овој вид медицински потрошен материјал во првите 7 месеци од 2013 година. Одговор за побараната информација не достави само ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид. Градска општа болница „8 Септември“ Скопје достави податоци за РТГ филмовите што ги купува, но со димензии од 8x10; 10x12 и 14x17 см кои не беа компатибилни со димензиите на другите здравствени институции со што беше оневозможена споредба на податоците. Од ЈЗУ Универзитетска клиника за радиологија и онкологија пак информираа дека посочениот тендер за набавка на РТГ материјали им е поништен бидејќи ниту еден добавувач не доставил понуда. Оттука индексот на рационалност за набавка на РТГ филмовите е изработен со вклучување на 8, односно 7 институции во зависност од димензиите на филмовите. Индексот за рационалност за набавка на овој медицински материјал покажа дека не постои никакво отстапување на цените без оглед на применетите постапки кои некаде биле со барање за прибирање на понуди, а некаде се спровеле отворени постапки. Кај сите е применет критериумот за избор ,најниска цена΄. Притоа цената која ја доставувале добавувачите не се менувала ниту во случаи кога се спроведувала е-аукција. Како што може да се види од следните прикази, цената на овој медицински потрошен материјал не се менувала ниту како последица на купените количини. За набавка на РТГ филм со димензии 18х24 см иста цена платил и ЈЗУ Здравствен дом “Д-р Русе Бошковски“, Маврово-Ростуше кој купил само 300 листа (3 кутии х 100 филма) и ЈЗУ Клиника за радиологија Скопје која купила 14.500 листови. 

Купени количини на РТГ филм со димензии 18x24

Договорен орган Број на купени пакувања со по 100 филма
ЈЗУ Општа болница “Куманово“ 110
ЈЗУ Општа болница, Струга  /
ЈЗУ Здравствен дом “Д-р Русе Бошковски“, Маврово-Ростуше  3
ЈЗУ Здравствен дом, Виница 20
ЈЗУ Здравствен дом, Радовиш 20
ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести “Св.Наум Охридски“, Скопје 80
ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија, Скопје 15
ЈЗУ Клиника за радиологија Скопје 145

Промена во цената немало ниту кај РТГ филмот со димензии 24х30 см иако и овде Општата болница од Куманово ги купила најголемите количини наспроти Здравствениот дом во Ростуше. 

                                       Купени количини на РТГ филм со димензии 24x30

Договорен орган Број на купени пакувања со по 100 филма
ЈЗУ Општа болница “Куманово“ 150
ЈЗУ Општа болница, Струга  /
ЈЗУ Здравствен дом “Д-р Русе Бошковски“, Маврово-Ростуше  3
ЈЗУ Здравствен дом, Виница 12
ЈЗУ Здравствен дом, Радовиш 23
ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести “Св.Наум Охридски“, Скопје 80

Разлики во цените не се јавиле ниту кај РТГ филмот со димензии 35х35 см иако овде се евидентирани и најголемите разлики во купените количини.

Купени количини на РТГ филм со димензии 35x35

Договорен орган Број на купени пакувања со по 100 филма
ЈЗУ Општа болница “Куманово“  215 
ЈЗУ Општа болница, Струга  /
ЈЗУ Здравствен дом “Д-р Русе Бошковски“, Маврово-Ростуше 2
ЈЗУ Здравствен дом, Виница 12
ЈЗУ Здравствен дом, Радовиш 14
ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести “Св.Наум Охридски“, Скопје 10
ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија, Скопје  60