Индекс на рационалност за кравјо сирење
Соодносот на најниската и највисоката цена во индекс за набавка на кравјо сирење е 1: 1,46% што значи дека највисоката цена е за 46% повисока од најниската. Највисоката цена за овој производ ја плаќа Државниот Студентски дом Пелагонија од Скопје и тоа во количина од 1.000 кг. Оваа цена е повисока дури и од цената што ја плаќа ЈЗУ Клиника за максилофацијална хирургија која по неуспешно спроведениот тендер своите 72 кг сирење ги купува од маркетот во кругот на клиниката.
Во изработка на овој индекс беа вклучени сите осум институции кои во тендерите за набавка на храна, спроведени во првото полугодие од годинава, во техничките спецификации достапни на ЕСЈН јасно наведуваат дека купуваат кравјо сирење. Побараните податоци за цената која ја плаќаат за 1 кг кравјо сирење и купените количини не ги достави само ЈЗУ Завод за физикална медицина и рехабилитација - Скопје. Како што може да се види од табеларниот приказ на индексот на рационалност четири институции го купувале сирењето по цени кои се пониски од просечно постигнатата, а три институции над просечната цена. Од страна на институциите сирењето е купувано како дел од набавка на млечни производи со примена на отворени постапки или на постапки со барања за прибирање на понуди. 18 Анализата на условите под кои се спроведени тендерите укажува дека врз разликите влијаеле применетите критериуми за избор како и е-аукцијата. Договорниот орган кој ја плаќа највисоката цена за набавка на кравјо сирење всушност е единствениот кој применил критериум за избор ,економски најповолна понудаʻ каде цената носела максимални 50 бода, квалитетот 30 бода, а техничките карактеристики 20 бода. Сите останати институции изборот го правеле врз основа на критериумот ,најниска ценаʻ. Разлики има и во однос на е-аукцијата. Имено двете институции кои сирењето го плаќаат по најниски цени (КПУ Затвор Битола и ЈЗУ Геронтолошки Завод 13 Ноември Скопје) на спроведените тендери добиле повеќе понуди и спровеле негативно наддавање на цените преку е-аукција. Наспроти тоа, највисоката цена за набавка на овој производ ја плаќа институција која во спроведениот тендер добила само една понуда и оттука немало услови за спроведување на е-аукција. Притоа значајно е да се нагласи дека од ЈЗУ Клиника за максилофацијална хирургија информираа дека заради малите количини на кравјо сирење што ги купувале на тендерот ниту една фирма не доставила понуда и тој бил неуспешен во однос на набавката на овој конкретен производ. Оттука сирењето го купувале во најблискиот маркет во кругот на клиниката.
Количини на купено кравјо сирење
Договорен орган | Килограми |
КПУ Затвор Прилеп | 237 |
ЈЗУ Геронтолошки Завод Скопје | 215 |
ЈЗУ Клиничка Болница Битола | 2.600 |
Државен Студентски дом Томе Стефановски Сениќ- Скопје | / |
Затвор Битола | / |
ЈЗУ Клиника за максилофацијална хирургија | 72 |
Државен Студентски дом Пелагонија Скопје | 1.000 |
Доколку овој податок се стави во контекст на купените количини (претставени во претходниот табеларен приказ) произлегува дека највисоката цена која е 19 постигната на тендер за планирани количини од 1000 кг е повисока од малопродажна цена што меѓу другото доведува до заклучокот дека наспроти економската логика врз цените не влијаеле купените количини.