Индекс на рационалност за шприцови од 5 мл

  • 03/2012

Соодносот меѓу најниската и највисоката цена изнесува 1:1,44 што значи дека највисоката цена е за 44% повисока од најниската цена која е постигната во набавката на шприцови. Се потврдува констатацијата дека во случаи кога се купуваат повеќе производи, подобро е да се примени деливост на набавката по ставки. Во изработката на индексот на рационалност за набавка на шприцови од 5 мл се вклучени 13 здравствени домови во Република Македонија. Податоците се добиени врз основа на барање за пристап до информации од јавен карактер коишто беа доставени до 17 здравствени домови, од кои 4 не одговорија на барањето (здравствените домови од Кавадарци, Делчево, Крушево и Кочани) и оттука, не се вклучени во индексот на рационалност. Споредбата на цените е направена врз основа на цените за стандардното пакување од 100 шприцови од 5 мл. 

Просечно постигната цена по која договорните органи купувале пакување од 100 шприцови од 5 мл изнесува 154 денари. Осум здравствени домови ги купиле шприцовите поевтино од просечната цена, а пет поскапо.  Ова Индекс на рационалност за шприцови од 5мл (цена на пакување од 100 шприцови) Индекс на рационалност 2 60 практично значи дека, доколку здравствениот дом Велес ги купел шприцовите по најниско постигната цена, за 20 000 шприцови ќе плател 27 000 денари наместо 39 000 денари, колку што го чинел овој договор. Ваквите разлики во вредноста на набавките на шприцовите се значајни бидејќи овој производ е само една ставка во долгата листа на набавен медицински потрошен материјал и доколку рационалноста не е приоритет кај сите производи од листата, тогаш на крајот тоа сериозно влијае врз зголемување на вкупните трошења на здравствените институции. 

Купени количини на шприцови

Договорен орган Број на шприцови
Здравствен дом Крива Паланка 23 000
Здравствен дом Битола 15 000
Здравствен дом Демир Хисар 4 500
Здравствен дом Гостивар  1 800
Здравствен дом Кичево 10 000
Здравствен дом Гевгелија 12 000
ЈЗУ Здравствен дом Валандово 4 500
Здравствен дом Вевчани 2500
Здравствен дом Куманово 30000
Здравствен дом Берово 5000
Здравствен дом Кратово 5000
Здравствен дом Виница 2000
Здравствен дом Велес 20000

 

Подеталната анализа на количините на набавките на шприцови покажува дека разликата во цените не можела да се јави поради купените количини. Имено, најевтините шприцови се купени во количини од 23 000, што е малку повеќе од количините набавени по највисоките цени (20 000 шприцови). Во прилог на ова толкување одат и податоците дека двата здравствени дома кои купиле најмали количини (Здравствен дом Гостивар и Здравствен дом Вевчани) спаѓаат во групата на договорни органи чии цени се пониски од просечната, додека здравствениот дом што купил шприцови во најголема количина постигнал цена која е повисока од просечната (Здравствен дом Куманово). Купени количини на шприцови Индекс на рационалност 61 Откако ќе се исклучи количината како детерминанта за разликите во цените, следна претпоставка која се наметнува е дали разликите се јавуваат поради изборот на постапката за јавна набавка. Анализата овде говори дека најниската цена на шприцовите е постигната во отворена постапка, за која впрочем и се смета дека треба да иницира најголема конкуренција меѓу економските оператори и да овозможи избор најповолен за договорните органи. Но, од друга страна, и во случајот на највисоката цена за купување на шприцови (кај Здравствен дом Велес) е применета постапката ,прибирање понуди со објавување оглас‘, која исто така е отворена, но каде што се користат покуси рокови за доставување на понудите и поедноставена тендерска документација. Значајната разлика во цените не може целосно да се објасни ниту со применетиот критериум за избор на најповолна понуда, бидејќи и двата здравствени дома, и оној што постигнал најниска и оној што постигнал највисока цена, користеле ист критериум за избор на ,економски најповолна понуда‘, со примена на два идентични елементи: ,цена‘ и ,начин и услови на плаќање‘. Оттука, причините за разликата од дури 44% меѓу најниската и највисоката цена можеби треба да се побараат во другите делови од постапката, а не само во нејзиниот вид и во критериумот за избор на најповолна понуда. Имено, Здравствениот дом Велес во огласот за прибирање на понуди за набавката на потрошен медицински материјал, каде што биле вклучени и шприцовите, навел дека набавката не е делива, што значи дека се ќе се купи од една фирма и дека најповолната понуда ќе се цени сумарно, а не по одделни ставки на медицинскиот материјал. За разлика од овој модел, здравствениот дом што ја постигнал најниската цена се одлучил за делива набавка, иницирајќи конкуренција помеѓу добавувачите на одделните ставки, што во случајот со шприцовите, очигледно, се покажало како многу порационално. Во прилог на овој заклучок – дека во случаи кога се купуваат повеќе производи, подобро е да се примени деливост на набавката по ставки, оди и примерот на Здравствениот дом Берово. Имено, оваа институција е единствена која покрај Здравствениот дом од Крива Паланка, за набавката на шприцови спровела отворена постапка, преку која извршила голема набавка на потрошен материјал, но таа не била делива, односно од една фирма се барале сите различни производи (лабораториски, медицински, стоматолошки и санитетски потрошен материјал). Можеби токму во неделивоста на оваа набавка треба да се бараат причините што овој здравствен дом има повисока цена за набавка на шприц од 5 мл од просечно постигнатиот. Сепак, дека зад цените што се постигнуваат во јавните набавки се кријат и некои субјективни фактори, најдобро говори податокот дека од 13 здравствени домови вклучени во индексот на рационалност за набавка на шприц од 5 мл, дури 7 договорите ги склучиле без објавување оглас, односно преку законски предвидени мали набавки до 5 000 евра, каде што најповолната понуда се избира од добиените понуди од три фирми на кои барања за понуди им доставува самиот договорен орган. Притоа, дури 5 од нив (Здравствен дом Демир Хисар, Здравствен дом Гостивар, Здравствен дом Гевгелија, ЈЗУ Здравствен дом Валандово и Здравствен дом Вевчани) постигнале цени пониски од просечната, а само две без објавување оглас, Здравствен дом Кратово и Здравствен дом Виница, имаат цени повисоки од просечната. Фактот што во постапките без објавување оглас (кои не само што се мали по вредност, туку и не обезбедуваат никаква транспарентност) се постигнуваат пониски цени од некои од цените добиени во отворените постапки за јавни набавки, го доведува во прашање квалитетот на спроведените отворени постапки.