Индекс на рационалност за надворешна камера за видеонадзор
Центарот за граѓански комуникации го изработува индексот на рационалност преку споредба на цените по коишто различните институции купуваат исти производи, услуги или работи. Цената која институциите ја плаќаат за набавка на една надворешна водоотпорна камера 1/3” за видеонадзор се движи од 1.682 до 6.490 денари. ЈКП Водовод и канализација Прилеп ја плаќа надворешната камера за речиси 3 пати повеќе од ЈЗУ Општа болница Куманово.
целосна вест