Индекс на рационалност за асфалтирање улици
Центарот за граѓански комуникации го изработува индексот на рационалност преку споредба на цените по коишто различните институции купуваат исти производи, услуги или работи. Со цел да се обезбеди споредливост на податоците, овој индекс не е изработен за изградба на улици, туку за асфалтирање улици. Цените кои општините ги плаќаат за оваа услуга се движат од 757 до 1.239 денари за м2. Цената на општина Охрид е за 64% повисока од цената која за истата услуга ја платила општина Карбинци.
целосна вест