Индекс на рационалност за училишни клупи
Центарот за граѓански комуникации го изработува индексот на рационалност преку споредба на цените по коишто различните институции купуваат исти производи, услуги или работи. Цената што институциите ја плаќаат за набавка на училишни клупи се движи од 1.729 до 6.103 денари за една клупа. Соодносот на најниската и највисоката цена изнесува дури 1:3,53, што значи дека највисоката цена, која ја платил Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола за набавка на клупите, е за 253% повисока од цената која за истиот производ ја платил ФИНКИ.
целосна вест