Индекс на рационалност за образец за сметки
Центарот за граѓански комуникации го изработува индексот на рационалност преку споредба на цените по коишто различните институции купуваат исти производи, услуги или работи. Локалните јавни претпријатија за печатење на образец за сметки што им ги доставуваат на граѓаните и фирмите плаќаат од 0,65 до 3,54 денари за еден образец. Произлегува дека за парите што ЈКП Водовод – н. Илинден ги плаќа за еден образец за сметка, ЈП Водовод и канализација - Скопје купува пет обрасци за сметки. Оттука, соодносот на најниската и највисоката цена изнесува дури 1:5,45 што значи дека највисоката цена е за 445% повисока од најниската.
целосна вест