Индекс на рационалност за системи за инфузија
Цената по којашто здравствените институции во земјата го купуваат системот за инфузија, како дел од потрошниот медицински материјал, се движи од 5,78 до 9,98 денари. Соодносот на најниската и највисоката цена изнесува дури 1:1,73, што значи дека највисоката цена, што за системот за инфузија ја плаќа Психијатриската болница Негорци, е за 73% повисока од цената што за истиот медицински материјал ја плаќа Општата болница од Струга.
целосна вест