Индекс на рационалност за ангажирање агенција за привремени вработувања
Провизијата што институциите им ја плаќаат на авторските агенции за привремените вработувања се движи од 0,77% до 12,98% од бруто-платата на ангажираните работници. Оттука може да се констатира дека разликите се огромни, особено кога ќе се спореди најниската и највисоката провизија. Произлегува дека ЈКП Сопиште за привремените вработувања на агенцијата ѝ плаќа провизија што е пониска за 12,21 процентен поен од агенциската провизија што ја плаќа ЈП Комуналец Кавадарци.
целосна вест