Индекс на рационалност за индустриска сол

  • 07/2012

Соодносот на најниска и највисоката цена во набавката на индустриска сол е 1: 2,30 што значи дека највисоката цена по која е купена солта е за 130% повисока од најниската цена платена за истиот производ. Разликите во цени и во овој индекс не можат да се објаснат со применетите постапки за јавни набавки ниту пак со критериумот за избор на најповолна понуда, каде доминира критериумот 'најниска цена'. Во однос на купените количини на индустриска сол во овој индекс, институциите што ги имаат купено најголемите количини успеале да постигнат значително пониски цени во однос на другите. Во споредба со 2011 година кај овој индекс се забележува намалување на разликата во цените по која е купувана солта од институциите, но зголемување на просечната цена. Имено соодносот на најниската и највисоката цена за набавка на 1 тон индустриска сол лани изнесуваше 1:5,5 наспроти сегашните 1:2,30. Но просечната цена во Индексот на рационалност за индустриска сол во 2012 година која изнесува 7.375 денари за тон и е повисока за 15,30% од цената евидентирана во Индексот на рационалност за индустриска сол изработен на почетокот на 2011 година кога изнесуваше 6.396 денари за 1 тон. 

Договорните органи вклучени во индексот на рационалност за индустриска сол се пронајдени преку објавените огласите во ЕСЈН за набавка на индустриска сол и за одржување на улици во зимски услови за 2011/2012 година. Оттука барањата се доставени до 11 институции, но со оглед на фактот дека Општина Битола не ги достави побараните информации индексот е изработен со цени кои за набавка на индустриска сол ги плаќале 10 институции.  Разликите во цени и во овој индекс не можат да се објаснат со применетите постапки за јавни набавки ниту пак со критериумот за избор на најповолна понуда, каде доминира критериумот 'најниска цена'. Со исклучок на ЈП Комуналец Кичево каде е применета постапката – барање за прибирање на понуди со објавување на оглас, сите останати институции ја примениле отворената постапка. Дека постигнатите цени не се под влијание на примените критериуми покажуваат случаите на ЈКП Тетово и ЈП Комуналец Кичево, како единствени договорни органи што го користеле критериумот 'економски најповолна понуда' и сепак се нашле во група со пониска цена од просечната. Сите останатите институции дури и оние со највисоки цени како критериум за избор ја користеле 'најниска цена'. 

Купени количини на индустриска сол 

Договорен орган Во тони
ЈП Македонија пат  9.050 
Град Скопје 4.000
ЈП Улици и Патишта 500
ЈКП Тетово  300
ЈП Комуналец Кичево 30
Општина Кавадарци  50 
Општина Кисела Вода 120 
Општина Аеродром 195
Општина Карпош 127
Општина Центар /

Како што може да се види од претходната табела купените количини можат да се доведат во директна корелација со постиганите цени. Институциите што ги 11 купиле најголемите количини сол успеале да постигнат и најниски цени. Ова е сосема логично, ако се има предвид дека ЈП Македонија пат и Град Скопје купиле количини кои се неколкукратно поголеми од вкупните количини на останатите договорни органи вклучени во овој индекс.