Индекс на рационалност за гуми за патнички возила со димензии 205/55 r16

  • 05/2014

Цените по кои институциите ги купувале гумите за патнички возила со димензии 205/55 r16 се движат од 4.228 до 9.558 денари за една зимска гума. Соодносот на најниската и највисоката цена за набавка на автомобилска зимска гума со димензии 205/55 r16 изнесува 1:2,26, што значи дека цената по која гумите ги купил Државниот универзитет „Гоце Делчев“ – Штип е за 126% повисока од цената која за истиот вид гуми ја платила Општина Кисела Вода. Разликите во цените не можат да се објаснат со применетите постапки за јавни набавки, ниту, пак, со критериумите за избор на најповолна понуда. Она што очигледно влијаело врз вака постигнатите разлики и во овој случај е е-аукцијата, како и фактот дека во техничката спецификација на институцијата која ги купила гумите по највисока цена е наведен брендот на гумата. 

Од споредбата на добиените податоци за набавка на гуми од страна на шеснаесет институции произлезе дека седум од нив купилe ист вид на гума ‒ автомобилска зимска гума со димензии 175/70r13. Како што може да се види од табеларниот приказ на индексот, пет институции ги купиле гумите по цени кои се пониски од просечно постигнатата во индексот, додека, пак, две институции имале натпросечно високи цени.

Сите институции вклучени во овој индекс имаат спроведено јавно огласени тендери. Притоа, постапки со барање за прибирање на понуди за набавки во вредност до 5.000 евра спровеле Општина Кисела Вода, Министерство за правда, Управа за извршување на санкциите и Државен универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Општина Кичево, ЈП Улици и патишта – Скопје и Министерство за одбрана – Сектор за логистика, пак, спровеле барање за прибирање понуди, но за тендери во вредност од 5.000 до 20.000 евра. Само АД МЕПСО спровело поголем тендер преку отворена постапка. Во сите постапки како критериум за избор на најповолна понуда е користена најниската цена.

И во овој индекс на рационалност за набавка на гума може да констатираме дека е-аукцијата како начин за намалување на цените на понудувачите не била спроведена токму во тендерите каде што цената на гумите е највисока, а во 17 овој случај тоа се Министерството за правда, Управата за извршување на санкциите и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Во овие два тендери билa доставенa по само една понуда од економските оператори, со што било оневозможено електронско намалување на цените. Во однос на останатите институции вклучени во овој индекс, нивните постапки завршиле со е-аукција. Оттука, произлегува дека и во постапките за јавна набавка на гуми со димензии 205/55 r16, е-аукцијата може да се смета за фактор што влијаел врз намалување на цените. Целосната проценка на евентуалното влијание на купените количини врз цената е оневозможена и во однос на овој вид гума. И во овој случај, сите институции не доставија податоци за планираните количини за набавка, со образложение дека тоа ќе биде направено по потреба. 

 

Број на купени гуми за патнички возила со димензии 205/55r16

 

Договорен орган Број на гуми
Општина Кисела Вода  н.п.
Општина Кичево  16
ЈП Улици и патишта Скопје н.п
МЕПСО  4
Министерство за одбрана – Сектор за логистика 20
Министерство за правда, Управа за извршување на санкциите 4
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип  н.п

 

Во недостиг на сите податоци за планираните количини на набавка, се чини дека доволно говори споредбата на вкупната вредност на склучените договори, бидејќи и најниската и највисоката цена на купените гуми се постигнати во тендери за набавка само на гуми и со многу слични вредности. Имено, Општина Кисела Вода склучила договор за набавка на автомобилски и камионски гуми во вкупна вредност од 300.000 денари, додека, пак, како што е веќе наведено, договорот на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип е во вредност 18 од 354.000 денари. Најмала вредност има договорот на Министерството за правда – Управа за извршување на санкциите, во вкупен износ од 25.464 денари.

Оттука може да се констатира дека во овој индекс, вредноста на договорите имала мало, но не толку значајно влијание врз цените што се постигнати во тендерите. Споредбата на техничките спецификации за набавка на гуми и во овој случај доведува до констатацијата дека најниската цена е постигната во набавка во која не е прецизно наведен брендот на гумата што се преферира да се набави, како што е направено во набавката спроведена од Универзитет „Гоце Делчев“ ‒ Штип.