Индекс на рационалност за гуми за патнички возила со димензии 175/70 r13
Цените по кои институциите ги купувале гумите за патнички возила со димензии 175/70 r13 се движат од 2.309 до 5.546 денари за една зимска гума. Соодносот на најниската и највисоката цена во овој индекс изнесува 1:2,40, што значи дека Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип гумите ги платил 140% поскапо од Здравствениот дом во Куманово. Анализата покажува дека е-аукцијата, како механизам за намалување на цените на понудувачите, не била спроведена токму во тендерите каде што цената на гумите е највисока, а тоа се ЈЗУ Здравствен дом „Гоце Делчев“ – Делчево и Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Ова говори дека во овие постапки е-аукцијата може да се смета за фактор што влијаел врз намалување на цените. Анализата на тендерските документации упатува на заклучокот дека во тендерот преку којшто е постигната најниска цена не бил наведен брендот на гумата, додека во тендерот каде што е постигната највисока цена институцијата го навела брендот на гумата или нејзиниот еквивалент што го преферира.
Во изработката на овој индекс првично беа вклучени дваесет и пет институции кои имале ваков вид набавка во периодот септември-декември 2013 година, со тоа што, како што е наведено во воведот на овој индекс, побараните податоци беа доставени од шеснаесет институции. Од споредбата на добиените податоци, произлезе дека шест од нив купиле ист вид на гума – зимска гума за патнички возила со димензии 175/70 r13.
Како што може да се види од табеларниот приказ на индексот на рационалност за автомобилски гуми, четири институции овој производ го купувале по цена што е пониска од просечно постигнатата, а две институции по повисока цена.
Вака констатираните разлики во овој индекс делумно можат да се објаснат со реализираните постапки за јавни набавки, како и со вредноста на договорите. Сите институции ги реализирале набавките на гуми преку јавно огласени тендери. Притоа, ЈЗУ Здравствен дом Куманово, Општина Кичево и Министерство за одбрана – Сектор за логистика спровеле постапка со барање за прибирање понуди за набавки во вредност од 5.000 до 20.000 евра. АД МЕПСО спровела отворена постапка, односно набавка од поголема вредност. Здравствен дом „Гоце Делчев“ – Делчево и Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, пак, спровеле т.н. мала набавка, со барање за прибирање понуди за набавки до 5.000 евра.
Сите договорни органи ја користеле најниската цена како критериум за избор. Разлики постојат во конкуренцијата што е евидентирана на овие тендери, а оттука и во можноста за одржување е-аукција за намалување на цените. Анализата покажува дека е-аукцијата, како механизам за намалување на цените на понудувачите, не била спроведена токму во тендерите каде што цената на гумите е највисока, а тоа се ЈЗУ Здравствен дом „Гоце Делчев“ – Делчево и Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Електронската аукција со учество на повеќе понудувачи е спроведена во тендерите на четирите институции чиишто цени за набавка на гуми се пониски од просечно постигнатата, ЈЗУ Здравствен дом Куманово, Општина Кичево, АД МЕПСО и Министерство за одбрана – Сектор за логистика.
Иако е логично, при склучување на секој договор за јавна набавка, да се определат количините што ќе се купат, во случајот со набавката на гуми се 14 покажува дека институциите во најголем дел ги немаат предвидено количините што ќе ги купат. Оттука останува невозможно да се согледа дали разликите во цените за набавка на ист вид гума е барем делумно последица на купените количини.
Број на купени гуми за патнички возила со димензии 175/70r 13
>
Договорен орган | Број на гуми |
ЈЗУ Здравствен дом – Куманово | по потреба |
Општина Кичево | 16 |
МЕПСО | 16 |
Министерство за одбрана – Сектор за логистика | 8 |
ЈЗУ Здравствен дом „Гоце Делчев“ – Делчево | 2 |
Државен универзитет „Гоце Делчев“ – Штип | н.п |
Сепак, ако се погледне од аспект на вредноста на склучените договори, најголемата набавка на гуми од анализираните институции е направена од страна на АД МЕПСО, додека, пак, најмалата од страна на ЈЗУ Здравствен дом „Гоце Делчев“ – Делчево. Сепак, ниту во ваквата споредба не може да се направи реална проценка, бидејќи ЈЗУ Здравствен дом Куманово и ЈЗУ Здравствен дом „Гоце Делчев“ – Делчево гумите ги купиле како дел од тендер во којшто, покрај гумите за автомобили, купувале и резервни делови, моторни масла и сл. Оттука, не може да се процени колкав дел од вредноста на договорот на ЈЗУ Здравствен дом – Куманово од 851.232 денари се однесува на гумите, како и во случајот со ЈЗУ Здравствен дом „Гоце Делчев“ – Делчево, со вкупна вредност на договорот од 300.000 денари. Останатите договорни органи низ своите постапки купувале само гуми, но од различни видови. Притоа, вредноста на договорот што го склучила АД МЕПСО за набавка на гуми за патнички и теренски возила изнесува 1.804.810 денари.
Вредноста на договорот на Општина Кичево, пак, вкупно изнесува 590.000 денари. Тендерот за набавка на гуми, пак, на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип е во вредност од 354.000 денари. Во ЕСЈН изостанува само информацијата за договорот за 15 набавка на гуми склучен од страна на Министерство за одбрана – Сектор за логистика. Сепак, и покрај разликите, генерално, може да се извлече заклучок дека вредноста на договорите не влијаела многу врз поединечните цени на гумите за патнички возила. Судејќи според спецификациите на договорните органи, разликите, пред сè, треба да се бараат во брендот што во дадени тендери бил наведен како референтен. Притоа, во тендерот каде што е постигната најниска цена не бил наведен брендот на гумата, додека во тендерот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, каде што се постигнати највисоки цени е наведено дека се бараат гуми MICHELIN или еквивалент.