Индекс на рационалност на хартијата за фотокопирање
Индексот на рационалност на хартијата за фотокопирање (А4 формат од 80 грама) е изработен преку барања за пристап до информации од јавен карактер кои беа доставени до 34 договорни органи. Сепак во самиот индекс се вклучени 21 институција, бидејќи 3 договорни органи не одговорија на барањето, а Службата за општи и заеднички работи се јави како добавувач за неколку министерства. Индексот е изработен врз основа на цената за еден топ (500 листа) стандардна хартија за фотокопирање (А4 формат, 80 гр.).
Просечната цена по која договорните органи купуваат еден топ (500 листа) стандардна хартија за фотокопирање изнесува 211 денари. Десет договорни органи ја купиле хартијата поевтино од просечната, а единаесет ја купиле поскапо. Договорниот орган кој ја купил хартијата по најниска цена, односно по 150 денари плаќа за 28,9% пониска цена од просечната. Обратно, институцијата која хартијата ја купува најскапо, односно за 295 денари, плаќа 14 39,8% повеќе од просечно постигната цена. Соодносот меѓу најниската и највисоката цена изнесува речиси 1 : 2. Разликите во цената по која се купува хартијата секако може да се должат на класата и оттука на квалитетот на хартијата за фотокопирање и печатење. Но, овде се поставува клучното прашање – дали државните институции треба да купуваат најквалитетна и најскапа хартија.