Индекс на рационалност за работна облека
Центарот за граѓански комуникации го изработува индексот на рационалност преку споредба на цените по коишто различните институции купуваат исти производи, услуги или работи. Цената по која е купувана работната облека како дел од ХТЗ-опремата од страна на комуналните претпријатија се движи од 1.263 до 4,956 денари за комплет што вклучува панталони и јакна. Цена која ја плаќа МЈП Проаква за набавка на работната облека за својата регионална единица во Струга е за речиси трипати (292%) повисока од цената која за облека со истата намена ја плаќа ЈП Камена река од Македонска Каменица.
целосна вест