Индекс на рационалност за завој калико
Центарот за граѓански комуникации го изработува индексот на рационалност преку споредба на цените по коишто различните институции купуваат исти производи, услуги или работи. Разликата меѓу најниската и највисоката цена по која е купен овој производ изнесува дури 90%. Констатираните разлики не можат да се објаснат со применетите постапки, ниту со критериумите за избор на најповолна понуда бидејќи доминантно завојот е купуван како дел од медицински потрошен материјал во отворени постапки со критериум за избор 'најниска цена'.
целосна вест