• |

  • Разбирајќи како се трошат нашите пари добиваме моќ да влијаеме тие пари да го подобруваат квалитетот на нашите животи.

Други истражувања

blog post image

За пет години долговите во здравството се дуплирани

  • 28/11/2016

Достасаните и неплатени долгови на јавните здравствени установи во земјава во јуни 2016 година изнесуваат вкупно 3,13 милијарди денари односно 50,9 милиони евра. Податоците на Фондот за здравствено осигурување што ги обработи Центарот за граѓански комуникации покажуваат дека долгот на државните здравствени установи во јуни годинава е зголемен за 118,2%, односно повеќе од двојно споредено со декември 2011 година. Во споредба со крајот на минатата година, пак, вкупните долгови благо се намалиле за 1,18%.

целосна вест
blog post image

Индекс на активна транспарентност 2016

  • 21/09/2016

Под ’активна транспарентност’ се подразбира објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа за тие информации некој да има доставено до нив официјално барање за слободен пристап.

целосна вест
blog post image

Скопјани со најголема, а жителите на Демир Хисар со најмала здравствена заштита

  • 24/08/2016

Истражувањето на можностите за здравствена заштита покажува огромни разлики меѓу жителите на 30-те македонски градови. Кога станува збор за капацитетите што им стојат на располагање на жителите низ Македонија, воопшто не е сеедно дали живеете во главниот град, Скопје каде што има највисок степен на здравствена заштита или, на пример, во Демир Хисар, Берово, Свети Николе, Ресен и Виница, каде што жителите имаат најмали можности за здравствена заштита.

целосна вест
blog post image

Во Скопје ќе се потроши една третина од сите пари на локално ниво

  • 19/07/2016

80-те општини и Градот Скопје годинава вкупно ќе потрошат околу 735 милиони евра. Од нив, третина, односно 248 милиони евра одат за плати и надоместоци на вработените и речиси исто толку, односно 254 милиони евра за инвестиции во инфраструктурата.

целосна вест
blog post image

Државните претпријатија купуваат струја главно од две фирми

  • 23/06/2016

Во првите две години од либерализацијата на пазарот државните претпријатија купиле струја за 18,2 милиони евра од вкупно 4 приватни снабдувачи, при што 89% купиле струја од истите две компании – Мист Енерџи и Фјучр Енерџи.

целосна вест