Користиме само задолжителни „колачиња“ со цел да ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт.
Прочитајте повеќе
ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.
При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.
Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување.
Прикажи помалку
|
Разбирајќи како се трошат нашите пари добиваме моќ да влијаеме тие пари да го подобруваат квалитетот на нашите животи.
Право или политика: Изборот на членови на управните и на надзорните одбори во државните претпријатија
11/09/2019
Целта на истражувањето е да ги претстави актуелните практики при избор на членовите на управните и на надзорните одбори за контрола на материјално-финансиското работење во државните претпријатија и да укаже на слабостите врз чие надминување треба да се работи во иднина. Потребата од оваа анализа произлезе од големите надлежности на управните и на надзорните одбори, од една страна, а немањето законски пропишана процедура за селекција на нивните членови, од друга страна. По пат на јавен оглас се избираат само директорите на државните претпријатија, додека, пак, за изборот на членови на управните и на надзорните одбори не се објавува оглас и нема јавно познати правила и процедури.
Пребарај членови на управен одбор во 30 најголеми претпријатија во државна сопственост
Членови на управен одбор
Членови на управен одбор на АД ЕСМ Скопје
1. Васко Ковачевски
2. Фатмир Лимани
3. Ѓорѓи Михаилов
4. Благојче Трповски
5. Добрила Стефаноска
6. Марјанчо Николов
Членови на управен одбор на АД МЕПСО
1. Ева Шуклева
2. Билен Саљији
3. Љупчо Зиков
4. Борко Алексоски
5. Сашо Стефановски
6. Симон Шутиноски
Членови на управен одбор на АД Водостопанство на РСМ
1. Борис Дучков
2. Иљми Селами
3. Катерина Андонова
4. Александар Давидовски
5. Стојан Ефтимов
6. Борис Дучков
7. Милан Ќировски
8. Дарко Радески
*АД Водостопанство на РСМ има едностепен систем на управување и наместо управен и надзорен одбор има само одбор на директори.
Членови на управен одбор на АД Пошта на Северна Македонија
1. Ејуп Рустеми
2. Ненад Јосевски
3. Сашо Пацалевски
4. Ремзи Абдулахи
5. Авдиљ Битиќи
6. Драги Цветкоски
7. Данчо Стојановски
Членови на управен одбор на АД СДП
1. Кристијан Трајковски
2. Шукри Масурица
3. Александар Цуцулоски
4. Силвана Јовческа
*АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката има едностепен систем на управување и наместо управен и надзорен одбори има само одбор на директори.
Членови на управен одбор на АД Државна лотарија на Македонија
1. Катица Николовска Прнаркова
2. Ѓорѓи Дамјановски
3. Благоја Лазаровски
4. Христа Најденов
5. Петар Поцков
Членови на управен одбор на ЈП за државни патишта
1. Љупка Цикарска
2. Тања Томиќ
3. Аземина Учкан
4. Љупчо Павловски
5. Фатмир Буши
6. Драган Георгиев
Членови на управен одбор на ЈП Македонијапат Скопје
1. Билјана Симонова-Тасевска
2. Бојана Ацевска
3. Гордана Стојановска
4. Златко Маркоски
5. Гоце Нацев
Членови на управен одбор на ЈП Национални шуми Скопје
1. Милутин Ристески
2. Владимир Крстевски
3. Трајанка Самарџиоска
4. Ацо Јаневски
5. Горан Алексов
6. Наум Јамовски
7. Марјана Филиповска
8. Сами Синани
9. Лидија Николовска Ташковска
10. Армен Авдили
11. Фарук Невзади
12. Илир Абдурамани
13. Розе Младеновска
Членови на управен одбор на СМЖ Транспорт АД Скопје
1. Шабан Зендели
2. Добре Силјаноски
3. Коста Чикос
4. Саша Јовановски
5. Петар Баталаков
6. Александар Стојкоски
7. Снежана Омеровиќ
Членови на управен одбор на ЈП Стрежево Битола
1. Добри Петровски
2. Ерика Пешковска
3. Горан Шундовски
4. Сребре Нечовски
5. Славчо Крстевски
6. Раде Христовски
7. Васко Ангелковски
8. Земир Демири
9. Никола Марковски
Членови на управен одбор на ЈП Национална радиодифузија Скопје
1. Размена Чекиќ Дуровиќ
2. Вегим Селими
3. Маја Герасимовска
4. Марко Михаилоски
5. Билјана Боцеска
6. Александар Трајковски
7. Алајдин Алиу
8. Златко Кофиловски
9. Дионис Танаскоски
10. Бујар Бајрами
11. Теута Ариф
Членови на управен одбор на ЈРП Македонска радиотелевизија Скопје
1. Смилка Јанеска Саркањац
2. Анита Латифи
3. Селпин Ќерим
4. Ивана Трајковска
5. Ведат Мемедалија
6. Ристе Панов
7. Снежана Клинчарова
8. Гајур Рамадани
9. Агим Лека
10. Илир Рамадани
11. Јагнула Куновска
12. Златко Јанковски
13. Косана Николиќ Мазнева
Членови на управен одбор на МЖ Инфраструктура
1. Софија Ристова
2. Валентина Ивановска
3. Марјан Мишовски
4. Андреа Станојковски
5. Исни Јакупи
Членови на управен одбор на ЈП Паркови и зеленило
1. Даниела Николова
2. Горан Петрушев
3. Душко Коцевски
4. Гордана Каракалашева Трајковска
5. Кристина Пеповска
6. Горан Зивисовски
7. Бошко Петровски
8. Хатиџе Топали
9. Селим Пајазити
10. Трим Река
11. Фадиљ Бакиу
12. Ајсан Есад
13. Мирослав Богдановски
Членови на управен одбор на ЈП Комунална хигиена Скопје
1. Маја Шајновска Андова
2. Мирза Драгуловчанин
3. Благој Зашов
4. Виолета Трпчевска
5. Нико Николовски
6. Жаклина Стаменкова
7. Шукри Муртези
8. Кенан Рамадани
9. Музафер Харуни
10. Славе Кралески
11. Абдула Тачи
12. Емил Крстевски
Членови на управен одбор на ЈП Водовод и канализација Скопје
1. Идриз Орана
2. Љубица Панова
3. Миле Климовски
4. Александра Ѓурчиновска
5. Елена Манчева
6. Никола Симоновски
7. Гордана Ацевска
8. Владимир Бислимовски
9. Зорица Ајдиновска
10. Марија Антова
11. Сафет Нуредини
12. Ќемал Муслиу
13. Ајсел Сејфулах
Членови на управен одбор на ЈСП Скопје
1. Борче Божиновски
2. Антонио Зврцинов
3. Марија Митаноска Димовска
4. Василка Стефановска
5. Гоце Димитриевски
6. Давид Геровски
7. Благоја Симоновски
8. Нермин Чолиќ
9. Соња Зафировска
10. Амет Ламалари
11. Зуер Реџепи
12. Риза Јонузи
13. Ваљон Салиху
Членови на управен одбор на АД ГТЦ
*АД Градски трговски центар има едностепен систем на управување и наместо управен и надзорен одбори има само одбор на директори. Акционерското друштво не ги достави побараните информации за одборот на директори.
Членови на управен одбор на ЈП Улици и патишта
1. Александар Паталовски
2. Борче Миревски
3. Николина Тодоровска
4. Ѓорѓи Николов
5. Влатко Тоновски
6. Ѓорѓи Манески
7. Огнен Петровски
8. Дритон Хоти
9. Реџеп Сали
10. Саит Саити
11. Беким Мехмед
12. Ибадет Џемаили
13. Рамадан Сали
Членови на управен одбор на ЈКП Комуналец Прилеп
1. Тони Димоски
2. Магдалена Лазоска
3. Мартина Младеновиќ
4. Игор Јордановски
5. Александра Ѓорѓиоска
6. Душко Ристески
7. Соња Кузманоска
8. Зоран Јовески
9. Филип Стојчески
Членови на управен одбор на ЈКП Дервен Велес
1. Валентин Алчев
2. Сашко Климкаров
3. Лазе Штипјанов
4. Пецо Стојановски
5. Марија Левкова Куновска
Членови на управен одбор на КЈП Водовод Кочани
1. Ратко Христов
2. Ивица Лазаров
3. Драган Нисев
4. Александра Тасевска
5. Лилјана Шалева Нисева
6. Марија Васевска
7. Ванчо Јакимов
8. Ристе Горгиев
9. Софче Златкова
Членови на управен одбор на ЈП Водовод Куманово
1. Магдалена Трајановиќ
2. Исмаиљ Џеладини
3. Анета Ефтимовска
4. Ѓорѓи Величковски
5. Митко Бојмацалиев
6. Љиљана Величковиќ
7. Елми Реџепи
8. Јакуп Јакупи
9. Бранислава Јовановска
Членови на управен одбор на ЈП Комуналец Битола
1. Сребре Нечовски
2. Бранирод Михајлоски
3. Славко Дамевски
4. Владе Јуруковски
5. Елизабета Колевска
6. Андријана Богдановска
7. Дејан Стојановски
8. Круме Волнаров
9. Бујар Драла
Членови на управен одбор на ЈП Водовод Битола
1. Анита Главевска
2. Благоја Лазаров
3. Маја Живковски
4. Митко Димовски
5. Наташа Гроздановска
6. Цане Стојковски
7. Билјана Бучковска
8. Пеце Ласковски
9. Никола Марковски
Членови на управен одбор на ЈПКД Комуналец Струмица
1. Ристо Бонев
2. Борис Стојанов
3. Миле Милановиќ
4. Софче Димитријева
5. Стојан Иванов
Членови на управен одбор на МЈП Проаква Струга
1. Назмие Мерко Забзун
2. Висар Села
3. Гузимтар Рушани
4. Бесфорт Положани
5. Бледи Зиба
6. Ирина Јолеска
7. Дашмир Насуфи
8. Селман Авмедоски
9. Снежана Рувинова Димоска
10. Мите Костески
11. Сенат Усеиноски
12. Татјана Дамјаноска
13. Гордана Бешироска Ристеска
14. Светлана Лечоска
15. Перихан Осман Сали
Членови на управен одбор на ЈКП Тетово
*ЈКП Тетово нема доставено никакви информации ниту по Барањето за пристап до информации од јавен карактер ниту по поднесената жалба до Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер
Членови на управен одбор на ЈП Исар Штип
1. Тони Вацев
2. Симеон Донев
3. Станко Димитров
4. Ацо Зафиров
5. Методи Читкушев
6. Македонка Николова
7. Тони Петрушев
8. Јулијана Троицки
9. Миљан Рилак
Пребарај членови на надзорен одбор во 30 најголеми претпријатија во државна сопственост
Членови на надзорен одбор
Членови на надзорен одбор на АД ЕСМ Скопје
1. Верица Узунова
2. Златко Петрeски
3. Сашо Додовски
4. Љупчо Кижевски
5. Фросина Крстевска
6. Игор Петков
Членови на надзорен одбор на АД МЕПСО
1. Николче Ацески
2. Назиф Буши
3. Мусли Муслиу
4. Снежана Чундева Петровска
5. Даме Коруноски
6. Дарко Тасев
Членови на надзорен одбор на АД Водостопанство на РСМ
1. Борис Дучков
2. Иљми Селами
3. Катерина Андонова
4. Зунет Јусуфи
5. Стојан Ефтимов
6. Борис Дучков
7. Милан Ќировски
8. Дарко Радески
*АД Водостопанство на РСМ има едностепен систем на управување и наместо управен и надзорен одбор има само одбор на директори.
Членови на надзорен одбор на АД Пошта на Северна Македонија
1. Весна Павлеска
2. Ирма Јукиќ
3. Жарко Алексовски
4. Авни Салији
5. Марјан Вета
Членови на надзорен одбор на АД СДП
1. Џеват Исеини
2. Кристијан Трајковски
3. Шукри Масурица
4. Александар Цуцулоски
5. Силвана Јовческа
*АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката има едностепен систем на управување и наместо управен и надзорен одбори има само одбор на директори.
Членови на надзорен одбор на АД Државна лотарија на Македонија
1. Бојан Јанев
2. Билјана Аврамоска Ѓоревска
3. Фатмир Рамадановски
4. Бејназ Арифи
5. Александар Димитријоски
Членови на надзорен одбор на ЈП за државни патишта
1. Никола Чачо
2. Осман Мислими
3. Горан Давидовски
4. Аце Јованов
5. Игор Ѓоргиевски
Членови на надзорен одбор на ЈП Македонијапат Скопје
1. Мартин Донев
2. Али Садику
3. Златко Ѓурчиновски
4. Маја Срезоска
5. Ашим Реџепи
Членови на надзорен одбор на ЈП Национални шуми Скопје
1. Борис Ванчев
2. Елпида Младеновска
3. Серафим Георгиевски
4. Фисник Палоши
5. Рукије Асани
Членови на надзорен одбор на СМЖ Транспорт АД Скопје
1. Панче Трпкоски
2. Аделаид Каришиќ
3. Александар Ранѓеловиќ
4. Атанас Чурлинов
5. Билјана Младеновска
6. Фарук Мурати
7. Висар Ајети
Членови на надзорен одбор на ЈП Стрежево Битола
1. Теодор Чаламани
2. Александар Најдовски
3. Анета Смилевска
4. Теодор Тодоровски
5. Мухамед Амзовски
Членови на надзорен одбор на ЈП Национална радиодифузија Скопје
1. Сафедин Алити
2. Магдалена Савевска
3. Сашо Јаковлески
4. Анка Тодосиева
5. Валентин Тасевски
Членови на надзорен одбор на ЈРП Македонска радиотелевизија Скопје
1. Дарко Стефановски
2. Љупчо Зорески
3. Никола Ѓорчев
4. Бојан Петровски
5. Абедин Салија
6. Шкељзен Халими
7. Дафина Талева Хаџи-Васкова
Членови на надзорен одбор на МЖ Инфраструктура
1. Драги Колевски
2. Хермина Николовска
3. Сали Салиевски
4. Катерина Аврамовска
Членови на надзорен одбор на ЈП Паркови и зеленило
1. Димитар Терзовски
2. Дејан Андреевски
3. Јасминка Георгиева
4. Владо Цикарски
5. Сабахат Нухиу
Членови на надзорен одбор на ЈП Комунална хигиена Скопје
1. Игор Трајковски
2. Душан Мијатовиќ
3. Славица Крстевска
4. Стевица Георгиевски
5. Бесим Рамадани
Членови на надзорен одбор на ЈП Водовод и канализација Скопје
1. Бисера Јакимовска
2. Марика Котевска
3. Дејан Стојчевски
4. Бесник Идризи
5. Шевал Нуредин
Членови на надзорен одбор на ЈСП Скопје
1. Нуран Нуредин
2. Сузана Делева
3. Игор Стојановски
4. Рамадан Алија
5. Дарко Георгиевски
Членови на надзорен одбор на АД ГТЦ
*АД Градски трговски центар има едностепен систем на управување и наместо управен и надзорен одбори има само одбор на директори. Акционерското друштво не ги достави побараните информации за одборот на директори.
Членови на надзорен одбор на ЈП Улици и патишта
1. Ацо Ванчов
2. Селда Ујкановиќ
3. Благоја Петрушевски
4. Марија Панчева
5. Мухамед Рамадани
Членови на надзорен одбор на ЈКП Комуналец Прилеп
1. Златко Ангелески
2. Илија Најдоски
3. Мирјана Трајкоска
4. Александар Чапкуноски
5. Елена Макреска
Членови на надзорен одбор на ЈКП Дервен Велес
1. Лазар Ѓошев
2. Маре Палашева Михајлова
3. Павлинка Николовска
4. Цветанка Андреева
5. Александар Шутев
Членови на надзорен одбор на КЈП Водовод Кочани
1. Лилјана Трајановска Велкова
2. Марија Ангелова
3. Олгица Јанева
4. Владко Тодоровски
5. Роза Тодосова
Членови на надзорен одбор на ЈП Водовод Куманово
1. Шукри Беќири
2. Јасминка Спасовска
3. Штефица Ујчиќ
4. Емилија Диковска
5. Муадин Алими
Членови на надзорен одбор на ЈП Комуналец Битола
1. Ленче Јанкуловска
2. Крсте Белевски
3. Марина Кожуваровска
4. Љупчо Лозановски
5. Билјана Степановска
Членови на надзорен одбор на ЈП Водовод Битола
1. Томе Петровски
2. Наташа Георгиевска Петровски
3. Пеце Крајовски
4. Менде Секуловски
5. Ивона Тодоровска
Членови на надзорен одбор на ЈПКД Комуналец Струмица
1. Живорад Ќурчиев
2. Гордана Ќосева
3. Љиља Мининска
4. Ристо Годев
5. Иван Вета
Членови на надзорен одбор на МЈП Проаква Струга
1. Арјета Велиу
2. Илир Мусаи
3. Ресул Одмани
4. Владимир Шуменкоски
5. Горан Кузманоски
Членови на надзорен одбор на ЈКП Тетово
*ЈКП Тетово нема доставено никакви информации ниту по Барањето за пристап до информации од јавен карактер ниту по поднесената жалба до Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер
Членови на надзорен одбор на ЈП Исар Штип
1. Александар Кангалов
2. Васка Ѓоргова
3. Златко Протогеров
4. Моника Николова
5. Игор Карагунов
Клучни наоди
- Постапката за селекција на членовите на управните и на надзорните одбори на претпријатијата во државна сопственост не е регулирана ниту со закон, ниту со подзаконски акт, ниту со интерни процедури на основачите.
- Владата и единиците на локалната самоуправа немаат официјален документ што го регулира процесот на селекција на членовите на раководните органи на претпријатијата што ги основаат. Тие, како основачи, не објавуваат огласи за избор на членови во раководните органи на државните претпријатија, не вршат проверка на квалификуваноста на потенцијалните кандидати, ниту, пак, ги интервјуираат потенцијалните членови.
- Од обемното истражување во кое беа вклучени и основачите и претпријатијата, не можеше да се утврди кој, врз основа на кои критериуми и во каква постапка им предлага на Владата и на општинските совети да ги изберат токму тие лица за членови на управните и на надзорните одбори. Со оглед на целосната нетранспарентност на процесот, оправдан е сомнежот дека списоците за именување на членови на управните и на надзорните одбори на претпријатијата во државна сопственост се составуваат надвор од институциите, односно во партиските кругови.
- Отсуството на јасна и транспарентна постапка за селекција на членовите на раководните органи во државните претпријатија отвора голем простор за волунтаризам, политичко влијание и поставување несоодветни лица на раководни функции во претпријатија чии годишни приходи изнесуваат 800 милиони евра. Наместо стручњаци во областа на работењето на јавното претпријатие, во управните одбори, и тоа на најголемите државни претпријатија, се именувани, меѓу другите, и раководители на бензинска пумпа, секретари на училиште, професори по англиски јазик, политиколози, стоматолози, педагози, психолози, сопственици на златарски дуќани, осигурителни брокери и сл.
- Анализата на добиената документација покажува дека во сите одлуки и решенија за именувања на членови на управните и на надзорните одбори на државните претпријатија се наведени само имињата, без каква било придружна документација со која би се потврдила нивната квалификуваност за таа позиција. Со биографии на членовите на управните и на надзорните одбори на дел од државните претпријатија не располагаат ниту основачите, ниту самите претпријатија.
- Голема разноликост владее во однос на бројот на членови на управните одбори и тој се движи во рамките на законскиот минимум и максиум, односно од 5 до 15 членови. Во однос, пак, на надзорните одбори кај јавните претпријатија, се почитува обврската за пет члена, а кај акционерските друштва има и надзорни одбори со по 7 члена.
- Висината на надоместокот за членовите на одборите се движи од 800 денари по одржана седница, колку што се плаќа во Комуналец – Прилеп, до надоместок од 27.000 денари месечно, за претседателот на Надзорниот одбор на Македонската радио-телевизија. Гледано на годишно ниво, најголеми вкупни трошоци за членовите на одборите има скопското јавно претпријатие Водовод и канализација, и тоа 2,2 милиони денари, односно околу 36 илјади евра
Препораки
- Потребно е да се донесе подзаконски акт во којшто прецизно ќе се пропише процесот на селекција на членовите на раководните органи на државните претпријатија. Притоа, подзаконскиот акт би требало да се однесува на сите претпријатија основани од државата, односно и на јавните претпријатија, и на акционерските друштва во државна сопственост. Во подзаконскиот акт треба да се предвиди основачот на претпријатието да објавува јавен оглас за членство во управните и во надзорните одбори, да спроведува административна проверка на пристигнатите апликации, да организира интервјуа со потенцијалните кандидати и, на крајот, соодветна комисија да ги евалуира кандидатите и да изврши избор на најдобрите кандидати. На овој начин ќе се надмине сегашната состојба во која е потешко некој да се вработи како државен службеник со звање ‘помлад референт’ отколку да стане член на раководен орган во државно претпријатие и да управува со десетици и стотици милиони евра.
- Потребно е попрецизно да се дефинираат квалификациите на членовите на управните и на надзорните одбори, кај двостепениот систем на управување, и на одборите на директори, кај едностепениот систем на управување. Во однос на управните одбори, потребно е допрецизирање на термините „афирмиран“ и „познат“ стручњакво областа на предметот на работењето на јавното претпријатие. Стручноста, како во однос на образованието така и во однос на работното искуство, треба да се докажува со конкретни критериуми што се мерливи. Во согласност со сегашното законско решение, нејасно е како некое лице со 3-годишно работно искуство во која било област може да биде афирмиран и познат и како се докажуваат афирмираноста и стручноста. Во однос, пак, на надзорните одбори, потребно е квалификациите и работното искуство на членовите да се доведат во директна врска со нивната обврска за контрола на материјално-финансиското работење на јавното претпријатие. Повеќе од јасно е дека ваков вид контрола бара сериозно знаење и искуство, а во спротивно, контролата е само формална.
- Треба да се дополнат Законот за јавни претпријатија и Законот за трговски друштва со членови, во коишто ќе се предвиди дека постапката за избор на членови на раководните органи, како и нивната квалификуваност, ќе биде уредена со подзаконски прописи.
Ова истражување е спроведено во рамките на проектот „Засилување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и во приватниот бизнис сектор“, финансиран од Европска Унија. Содржината на истражувањето е единствена одговорност на Центарот за граѓански комуникации и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.