• logo-cc-header

  • |

  • Разбирајќи како се трошат нашите пари добиваме моќ да влијаеме тие пари да го подобруваат квалитетот на нашите животи.

Бази и истражувања

blog post image

Сумарен извештај од мониторингот на итните јавни набавки поврзани со заштита од Корона вирусот

  • 30/09/2020

Истовремено со избивањето и раширувањето на кризата со коронавирусот се наметна и потребата од итни набавки на стоки, услуги и работи за заштита и спречување на ширењето на заразата од овој вирус. Поради ова, ваквите јавните набавки, наместо по редовните, се спроведуваат по скратени и забрзани процедури, имајќи ја предвид итноста во обезбедувањето на потребните средства за заштита и лекување.

целосна вест
blog post image

БАЗА НА ПОДАТОЦИ НА НАБАВЕНИТЕ НОВИ ПАТНИЧКИ ВОЗИЛА ОД ИНСТИТУЦИИТЕ

  • 02/09/2020

За нови возила, државните институции потрошиле 8 милиони евра во последните две и пол години. Набавени се вкупно 392 возила по средна цена од 17 илјади евра по возило. На дури 71% од тендерите имало само по една понуда. Најмногу се купени возила од марките „Шкода“ и „Фолксваген“.

целосна вест
blog post image

Скок на општинските тендери за една третина

  • 22/06/2020

80-те општини и Градот Скопје во 2019 година склучиле договори за јавни набавки во вкупна вредност од околу 8 милијарди денари односно 130 милиони евра. Споредено со претходната година, вредноста на јавните набавки во 2019 година бележи пораст од 33 милиони евра односно за 33,8 %. Трите фирми со најголема вредност на јавните набавки во 2019 година се градежната компанија ЈУ-БАЈ 2 Ахмет од село Бојане, нафтениот дистрибутер Пуцко Петрол од Пласница и градежната компанија Коле-Транс Инжинеринг од Штип.

целосна вест
blog post image

ТРЕТ ИЗВЕШТАЈ ОД МОНИТОРИНГОТ НА ИТНИТЕ ЈАВНИ НАБАВКИ ПОВРЗАНИ СО ЗАШТИТА ОД КОРОНАВИРУСОТ

  • 20/05/2020

- Вредноста на договорите за итните јавни набавки поврзани со заштита од коронавирусот надмина 3,2 милиони евра и досега се склучени 142 договори. - Дури 71 % од вредноста на склучените договори отпаѓа само на пет фирми. - Во отсуство на упатство или стандардни обрасци за набавка, продолжуваат значајните разлики во цените. Во овој период, најголеми разлики се забележуваат кај скафандерите и ракавиците. Скафандерите се купувале по цени од 262 до 1.156 денари, а ракавиците од 2,83 до 9,32 денари за парче. - За повеќе од половина од склучените договори (59 %), институциите ја прекршиле законската обврска да ги објават договорите во рок од десет дена од потпишувањето. - Во секој втор склучен договор за итните јавни набавки поврзани со коронавирусот се преговарало само со еден понудувач. - Сѐ уште нема информации за исходот од владините огласи за интервентни набавки на маски и ракавици.

целосна вест
blog post image

ИЗВЕШТАЈ ОД МОНИТОРИНГОТ НА ИТНИТЕ ЈАВНИ НАБАВКИ ПОВРЗАНИ СО ЗАШТИТА ОД КОРОНАВИРУСОТ И КОВИД-19

  • 22/04/2020

Истовремено со избивањето и раширувањето на кризата со коронавирусот, се наметна и потребата од итни набавки на стоки, услуги и работи за заштита и превенција на ширењето на заразата од овој вирус. Поради ова, јавните набавки на овие средства, наместо по редовните, се спроведуваат по скратени и забрзани процедури, имајќи ја предвид итноста во обезбедување на потребните средства за заштита и лекување. Брзањето и фокусот врз другите работи, како здравјето и животите на луѓето, ги зголемуваат и ризиците од случајни и намерни грешки и злоупотреби и на двете страни – и кај тие што набавуваат, и кај тие што продаваат.

целосна вест