Индекс на рационалност за РТГ филмови за рентген снимки

  • 03/2017

Индексот на рационалност за РТГ-филмовите за рендген-снимки е изработен за три димензии на овој потрошен медицински материјал, коишто се и најчесто користени од страна на здравствените институции (18х24; 24х30 и 35х35 см). Индексот е изработен врз основа на цените за пакување од 100 РТГ-филма со идентични карактеристики во согласност со техничките спецификации. Разликата во цените во индексот кај сите три димензии на РТГ-филмови е речиси идентична. Па така, кај РТГ-филмот со димензии 18x24 соодносот на најниската и највисоката цена е 1:1,21; додека, пак, кај РТГ-филмот со димензии 24х30 и со димензии 35х35 см соодносот на најниската и највисоката цена е 1:1,22. Оваа состојба упатува на одредени промени во однос на 2013 година, кога овој потрошен медицински материјал здравствените институции го купуваа од различни добавувачи и во различни количини, но по идентични цени и до втора децимала, што упатуваше на сомнеж за договарањемеѓу понудувачите. Индексот на рационалност за РТГ-филмовите изработен во 2016 година упатува и на благ раст на цените од 5,4% до 6,5% во однос на 2013 година. При купувањето на овој потрошен медицински материјал, сите здравствени институции примениле транспарентна постапка, односно барање за прибирање понуди или отворена постапка, во согласност со вредноста на тендерот. Оттука не постои можност за проценка на причините што ги иницирале овие разлики во цената.

 

Во изработката на овој индекс беа вклучени договорни органи чијашто набавка на овој производ е евидентирана преку објавените огласи во евиденцијата на Електронскиот систем за јавни набавки во текот на периодот  јули 2015 – март 2016 година. Барања за информации за спроведените тендери беа доставени до 18 здравствени институции. Сепак, индексот е изработен врз основа на податоците за спроведените тендери за 15 институции, бидејќи кај три здравствени установи (ЈЗУ Здравствена станица Железара – Скопје, ЈЗУ Здравствен дом – Ресен и ЈЗУ Клиника за максилофацијална хирургија Скопје) беше констатирано дека не набавуваат филмови за рендген-снимки во анализираните димензии. 

Како што може да се види од табеларниот приказ на индексот, просечната цена по којашто е купувано пакување од 100 РТГ-филма со димензии 18x24 см изнесува 2.489 денари. Притоа, 9 здравствени установи рендген-филмовите ги купувале по цени што се пониски од просечно постигнатата од 2,94% до 6,60%, додека 6 здравствени установи купувале по повисоки цени од 0,96% до 12,11%.

Разликите во цените не можат да се објаснат со применетите постапки за јавни набавки (сите користеле транспарентни постапки што ги предвидува Законот за јавни набавки и сите користеле критериум за избор ’најниска цена‘), ниту, пак, со конкуренцијата бидејќи во голем дел станува збор за исти добавувачи коишто учествувале на тендерите.

 

Отсуствува и очекуваното влијание на купените количини врз цените и наспроти секоја економска логика, произлегува дека дел од здравствените установи што ги купиле поголемите количини склучиле договори по цени што се повисоки од просечно постигнатата во овој индекс. Тоа се набавките на ЈЗУ Клиничка болница – Битола, ЈЗУ Општа болница – Прилеп и ЈЗУ Општа болница Д-р Ферид Мурад – Гостивар.

 

Количини на купени РТГ филмови со димензии 18х24 см

                         Договорен орган                                      Количини  Отстапување од просечната цена 
ЈЗУ Општа болница - Кочани 2.800 -6,60%
ЈЗУ Здравствен дом - Пробиштип  700 -6,55%
ЈЗУ Клиничка болница - Тетово 7.000 -6,55%
ЈЗУ Здравствен дом - Свети Николе 800 -6,55%
ЈЗУ Здравствен дом - Пехчево 400 -6,55%
ЈЗУ Здравствен дом Железничар - Скопје 2.500 -5,47%
ЈЗУ Здравствен дом Неготино 1.500 -5,47%
ЈЗУ Општа болница - Велес 4.500 -2,94%
ЈЗУ Здравствен дом - Радовиш 2.400 -2,94%
ЈЗУ Здравствен дом - Вевчани 2.400 -0,96%
ЈЗУ Здравствен дом Гоце Делчев - Делчево 1.800 +3,15%
ЈЗУ Клиничка болница - Битола 8.000 +7,37%
ЈЗУ Општа болница - Прилеп 10.000 +7,37%
ЈЗУ Општа болница - Кичево 2.800 +11,23%
ЈЗУ Општа болница Д-р Ферид Мурад - Гостивар 8.000 +12,11%

 

Просечната цена по којашто е купувано пакување од 100 РТГ-филма со димензии 24x30 см изнесува 4.101 денар. Притоа, 10 здравствени установи рендген-филмовите ги купувале по цени што се пониски од просечно постигнатата од 4,06% до 5,34%, додека 4 здравствени установи купувале по повисоки цени од 8,42% до 13,97%.

 

 

Индекс на рационалност за РТГ-филм со димензии 24х30см

       (цена за 100 РТГ-филма со димензии 24х30см)

                         Договорен орган                                      Цена во денари со ДДВ  Отстапување од просечната цена 
ЈЗУ Здравствен дом - Радовиш 3.893 -5,34%
ЈЗУ Здравствен дом - Пробиштип  3.894 -5,32%
ЈЗУ Клиничка болница - Тетово 3.894 -5,32%
ЈЗУ Општа болница - Велес 3.894 -5,32%
ЈЗУ Здравствен дом - Кочани 3.894 -5,32%
ЈЗУ Здравствен дом - Пехчево 3.894 -5,32%
ЈЗУ Здравствен дом - Свети Николе 3.894 -5,32%
ЈЗУ Здравствен дом - Вевчани 3.902 -5,10%
ЈЗУ Здравствен дом -Неготино 3.918 -4,67%
ЈЗУ Здравствен дом Железничар - Скопје 3.941 -4,06%
Просек 4.101 0,00%
ЈЗУ Клиничка болница - Битола 4.478 +8,42%
ЈЗУ Општа болница - Прилеп 4,478 +8,42%
ЈЗУ Општа болница - Кичево 4.673 +12,24%
ЈЗУ Општа болница Д-р Ферид Мурад - Гостивар 4.767 +13,97%

 

И во индексот на рационалност на РТГ-филмовите се потврдува проблемот како и во РТГ-филмовите со помали димензии дека дел од институциите коишто од потрошниот медицински материјал купиле најголеми количини всушност го плаќаат по цени што се повисоки од просечно постигнатата.

 

 Количини на купени РТГ-филмови со димензии 24х30 см 

                         Договорен орган                                      Количини Отстапување од просечната цена 
ЈЗУ Здравствен дом - Радовиш 2.200 -5,34%
ЈЗУ Здравствен дом - Пробиштип  1.400 -5,32%
ЈЗУ Клиничка болница - Тетово 8.000 -5,32%
ЈЗУ Општа болница - Велес 5.000 -5,32%
ЈЗУ Здравствен дом - Кочани 4.600 -5,32%
ЈЗУ Здравствен дом - Пехчево 600 -5,32%
ЈЗУ Здравствен дом - Свети Николе 800 -5,32%
ЈЗУ Здравствен дом - Вевчани 1.400 -5,10%
ЈЗУ Здравствен дом -Неготино 2.500 -4,67%
ЈЗУ Здравствен дом Железничар - Скопје 1.700 -4,06%
ЈЗУ Клиничка болница - Битола 6.000 +8,42%
ЈЗУ Општа болница - Прилеп 10.000 +8,42%
ЈЗУ Општа болница - Кичево 4.000 +12,24%
ЈЗУ Општа болница Д-р Ферид Мурад - Гостивар 10.000 +13,97%

 

Во индексот на рационалност за РТГ-филм со димензии 35х35 см се вклучени 12 здравствени установи. Просечната цена на пакување од 100 филма со оваа димензија изнесува 7.205 денари. Притоа, 8 од нив плаќаат цена што е пониска од просечната, и тоа во рамки од 0,73% до 5,46%, додека 4 здравствени установи плаќаат повисока цена од просечната, и тоа од 0,15% до 13,52%.

 

 

Индекс на рационалност за РТГ-филм со димензии 35х35 см

(цена за 100 РТГ-филма со димензии 35х35 см)

 

                         Договорен орган                                      Цена во денари со ДДВ  Отстапување од просечната цена 
ЈЗУ Здравствен дом - Пробиштип 6.832 -5,46%
ЈЗУ Општа болница - Кочани  6.832 -5,46%
ЈЗУ Клиничка болница - Свети Николе 6.832 -5,46%
ЈЗУ Клиничка болница - Тетово 6.833 -5,44%
ЈЗУ Здравствен дом - Неготино 6.844 -5,27%
ЈЗУ Здравствен дом Железничар - Скопје 6.909 -4,28%
ЈЗУ Општа болница - Велес 6.956 -3,58%
ЈЗУ Здравствен дом - Вевчани 7.153 -0,73%
Просек 7.205 0,00%
ЈЗУ Здравствен дом Гоце Делчев - Делчево 7.216 +0,15%
ЈЗУ Клиничка болница - Битола 7.858 +8,31%
ЈЗУ Општа болница - Прилеп 7.858 +8,31%
ЈЗУ Општа болница Д-р Ферид Мурад - Гостивар 8.331 +13,52%

 

 Како и за индексите со другите димензии, и во овој индекс не може да се утврди влијанието за постигнатите разлики. 

 

 

                         Договорен орган                                      Цена во денари со ДДВ  Отстапување од просечната цена 
ЈЗУ Здравствен дом - Пробиштип 700 -5,46%
ЈЗУ Општа болница - Кочани  3.600 -5,46%
ЈЗУ Клиничка болница - Свети Николе 900 -5,46%
ЈЗУ Клиничка болница - Тетово 8.000 -5,44%
ЈЗУ Здравствен дом - Неготино 3.000 -5,27%
ЈЗУ Здравствен дом Железничар - Скопје 1.100 -4,28%
ЈЗУ Општа болница - Велес 4.500 -3,58%
ЈЗУ Здравствен дом - Вевчани 2.400 -0,73%
ЈЗУ Здравствен дом Гоце Делчев - Делчево 1.000 +0,15%
ЈЗУ Клиничка болница - Битола 12.000 +8,31%
ЈЗУ Општа болница - Прилеп 6.000 +8,31%
ЈЗУ Општа болница Д-р Ферид Мурад - Гостивар 6.000 +13,52%

 

Она што на крајот може да се заклучи е дека три здравствени установи коишто сите три димензии на РТГ-филмовите ги плаќале по цени што се повисоки од просечните се ЈЗУ Клиничка болница-Битола, ЈЗУ Општа болница-Прилеп и ЈЗУ Општа болница Д-р Ферид Мурад – Гостивар.</p