• |

  • Разбирајќи како се трошат нашите пари добиваме моќ да влијаеме тие пари да го подобруваат квалитетот на нашите животи.

Индекс на рационалност

blog post image

Индекс на рационалност за индустриска сол во рефус

  • 02/2017

Соодносот на најниската и највисоката цена во набавката на индустриска сол во рефус изнесува 1:1,57, што значи дека највисоката цена, што ја плаќа Јавното претпријатие Македонија пат – Скопје, е за 57% повисока од цената што за истиот производ ја плаќа Општина Сопиште. Притоа, токму Македонија пат, којашто ја плаќа највисоката цена за солта, ги купила и најголемите количини, и тоа дури 7.000 тони, што е неколкукратно повеќе од другите институции коишто купувале од 54 до 200 тони.

целосна вест
blog post image

Индекс на рационалност за индустриска сол (пакувана во вреќи)

  • 02/2017

Соодносот на најниската и највисоката цена во набавката на индустриска сол пакувана во вреќи од 20 до 30 килограми изнесува 1:1,70 што значи дека највисоката цена, што ја плаќа ЈКП Комуналец – Прилеп, е за 70% повисока од цената што за истиот производ ја плаќа ЈКП Водовод Кочани.

целосна вест
blog post image

Индекс на рационалност за индустриска сол

  • 07/2012

Центарот за граѓански комуникации го изработува индексот на рационалност преку споредба на цените по коишто различните институции купуваат исти производи, услуги или работи. Соодносот на најниска и највисоката цена во набавката на индустриска сол е 1: 2,30 што значи дека највисоката цена по која е купена солта е за 130% повисока од најниската цена платена за истиот производ.

целосна вест
blog post image

Индекс на рационалност за индустриска сол

  • 03/2011

Просечно постигната цена по која договорните органи купувале еден тон индустриска сол изнесува 6.396 денари. Десет договорни органи ја купиле солта поевтино од просечната цена, а осум од нив поскапо. Соодносот меѓу најниската и највисоката цена изнесува 1 : 5,5.

целосна вест