• logo-cc-header

  • |

  • Разбирајќи како се трошат нашите пари добиваме моќ да влијаеме тие пари да го подобруваат квалитетот на нашите животи.

Индекс на рационалност

blog post image

Индекс на рационалност за хартија за печатење и фотокопирање

  • 03/2017

Цените по коишто е купувана хартијата за печатење и фотокопирање (бела боја, А4 формат од 80 грама) се движат од 122 до 346 денари. Соодносот на најниската и највисоката цена е 1:2,84, што значи дека цената што ја платило ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес е за 184% повисока од онаа на ОУ Раде Кратовче од Кочани. Просечната цена по којашто е купувана хартијата изнесува 181 денар за еден топ хартија.

целосна вест
blog post image

Индекс на рационалност на хартијата за фотокопирање

  • 07/2012

Центарот за граѓански комуникации го изработува индексот на рационалност преку споредба на цените по коишто различните институции купуваат исти производи, услуги или работи. Соодносот на најниската и највисоката цена за набавка на хартија за фотокопирање изнесува 1:1,88 што значи дека највисоката цена од 293 денари која за набавка на еден топ хартијата ја плаќа Спортскиот центар „Борис Трајковски“ е повисока за 88% од најниската цена од 156 денари која за истиот производ ја плаќа Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

целосна вест
blog post image

Индекс на рационалност на хартијата за фотокопирање

  • 03/2011

Просечната цена по која договорните органи купуваат еден топ (500 листа) стандардна хартија за фотокопирање изнесува 211 денари. Десет договорни органи ја купиле хартијата поевтино од просечната, а единаесет ја купиле поскапо. Договорниот орган кој ја купил хартијата по најниска цена, односно по 150 денари плаќа за 28,9% пониска цена од просечната.

целосна вест